fbpx
Таг: ковид криза

таг: ковид криза

СКМ ќе прави обуки за потребите на туристичкиот сектор за да се спречи одливот на работници

Стопанската комора на Северна Македонија (СКМ) почнува со организирање на брзи обуки за слаткари, готвачи, пекари и келнери, во рамки на проектот „Образование за вработување“. Обуките се за преквалификација или доквалификација, ќе вклучуваат 50 до 100 лица (една обука), а целта е да им се помогне на заинтересираните угостителско туристички претпријатија од земјава да го задржат бројот на вработени,...

ЕСЕ: Во пандемијата, секоја трета жена не добила здравствена услуга, а 63 отсто не стигнале до специјалист

Во првите шест месеци од пандемијата на ковид-19, голем број жени во државата се соочија со губење на работното место, пад на месечните приходи, зависност од државна помош и отежнат пристап до здравствени услуги. Пандемијата двојно го зголеми бројот на жени зависни од државна помош, а бројот на домаќинства кои гладуваат пораснал од три, на седум отсто, покажува истражувањето...

Ковид-19 предизвика финансиски штети во транспортот и во првиот квартал од годинава

Ковид-19 пандемијата продолжува да предизвикува финансиски штети и намалување на обемот на работа на транспортот во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во превозот на патници забележано е значително намалување на нивниот број во првите три месеци од 2021 година. Бројот на превезени патници во патниот патнички превоз изнесувал 580.000, во градско-приградскиот превоз 8.562.000, во железничкиот превоз...

Ковид кризата продолжи негативно да влијае на работењето на автобуските превозници во земјава

Автобускиот превоз во земјава и на почетокот од 2021 година со негативни резултати во работењето како резултатот на ковид-19 пандемијата. Во периодот јануари-март 2021 година, во градскиот превоз биле превезени 5.097.000 патници, во приградскиот превоз 3.481.000 патници, во меѓуградскиот превоз 546.000 патници, а со автобус надвор од земјава патувале само 34.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Статистичките...

Фискалната консолидација е единствениот процес за да се намали јавниот долг и буџетскиот дефицит

Македонската економија почнува да покажува знаци на заздравување, што го констатираат и меѓународните финансиски институции, а буџетските средства за сите шест пакети економски мерки, во висина од 1,2 милијарди евра, даваат резултати. За тоа постојат повеќе показатели, како што е зголемувањето на извозот од 18 отсто во изминатите месеци од годинава, растот на трговската размена од 35,5 отсто, на...

Заев со мисијата на ММФ: Позитивни движења во економијата, 2021 е година на стабилен економски раст

Премиерот Зоран Заев одржа онлајн средба со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу, резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и економисти на ММФ во Вашингтон, информираат од Владата. На состанокот се дискутирало за изгледите за економски раст во земјава согласно разговорите што ги имала мисијата на ММФ во последниве...

Ковид кризата силно го погоди и такси превозот, лани повеќе од тројно намален бројот на патници

Пандемијата на ковид-19 што ја зафати земјава силно го погоди и такси превозот. Граѓаните помалку користат такси превоз за време на корона кризата, што се одрази и на бројките на превезени патници. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), лани во земјава биле превезени 11.083.000 патници. Односно, таксистите од целата земја превезле 10.404.000 патници во градскиот превоз, додека...

Народна банка предвидува закрепнување на економијата и раст на БДП од 3,9 проценти

По падот на домашниот бруто-производ од 4,5 проценти минатата година, Народна банка оваа година предвидува постепено закрепнување со раст од 3,9 проценти, односно проекцијата за растот останува непроменета во однос на октомври. „На среден рок се предвидува натамошно закрепнување, со стапки на раст од 3,9 проценти и 4 проценти во 2022 и 2023 година, соодветно. Оваа динамика на раст сепак...

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на „ББ +“

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на „ББ +“, со негативен изглед, информираат од Министерството за финансии. Како што нотира агенцијата, рејтингот на земјава е поддржан од доброто владеење, позитивната бизнис клима, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс. Aгенцијата предвидува годинава да се постигне економски раст од...

Индустриското производство во март зголемено за 7,6 отсто, бројот на вработени намален за 3 отсто

За првпат годинава, индустриското производство во март бележи зголемување. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесувал 107.6, односно пораснал за 7,6 отсто. И покрај ваквиот раст, индексот на индустриското производство во првиот квартал годинава, во однос на периодот јануари - март 2020 година, бележи...

Јавниот долг во првото тримесечје достигна 62,5 отсто, а државниот 54,1 отсто од БДП

Во првото тримесечје од годинава, јавниот и државниот долг се во рамки на проекциите и по повлекување на средствата од осмата еврообврзница забележуваат благ раст од 2,3 и 2,9 процентни поени. Притоа, јавниот долг изнесува 62,5 отсто, додека државниот е 54,1 отсто од БДП, соопшти Министерството за финансии. Издавањето на осмата еврообврзница од 700 милиони евра, со историски најниска каматна...

Владата, синдикатите и работодавачите порачуваат дека зачувувањето на работните места останува приоритет

Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот (1 Мај), Економско социјалниот совет (ЕСС) одржа свечена седница. Заедничките пораки на претставниците на Владата, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и на Организацијата на работодавачите (ОРМ) се дека поддршката на работниците и зачувувањето на работните места останува во фокусот на нивните ангажмани, што се потврди во сите досегашни мерки и програми...

Светска банка: Ризиците од пандемијата присутни, догодина економскиот раст на земјава ќе биде 3,5 отсто

Економската криза предизвикана од ковид пандемијата резултираше со просечен негативен раст на економиите во регионот од 3,4 проценти, а оваа година земјите на Западен Балкан се очекува да забележат просечен раст од 4,4 проценти. Тој се очекува да биде поумерен во 2022 и во 2023 година, околу 3,7 проценти, како резултат на штетите од пандемијата, кои и понатаму предизвикуваат...

Градежните компании бараат посебни мерки поради скапите материјали за да не растат цените на становите

Градежниот сектор бара од Владата посебни и директни мерки за да може да го одржи континуитетот на работење во услови на пандемија. Последниот раст во производството е регистриран на крајот на 2019 година од 8,9 отсто. На почетокот на минатата година, падот во нискоградбата и во високоградбата изнесувал 16,6 отсто, а на крајот на 2020, 12 отсто, во однос...

Мојсовски: Три милиони евра ќе бидат издвоени за непречени активности на спортските субјекти во ковид кризата

Наумче Мојсовски фото: Влада
Три милиони евра или 184,5 милиони денари ќе бидат издвоени од државниот буџет за спортските субјекти за непречено спроведување на активностите во ковид кризата. Според Законот за спорт, досега, во услови на ковид-19, 666 спортски субјекти, 60 федерации и 173 спортисти добиле спортски ваучер за таа намена. Ова го изјави на денешната прес конференција, директорот на Агенцијата за млади...

Странските туристи бесплатно ќе се тестираат при посета на земјава

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција најави бесплатни ПЦР-тестови за странските туристи кои планираат да ја посетат нашата земја во текот на претстојнава сезона. Станува збор за една од мерките што спаѓа во шестиот антиковид пакет за економијата што го планира владата, а со цел да се стимулира туризмот во земјава. Битиќи денеска спомена оти годинава се...

Бројот на туристи продолжува да опаѓа, во февруари регистрирано намалување од 41,7 отсто

И една година од почетокот на ковид-19 пандемијата во нашата земја, туризмот бележи негативен резултат во однос на бројот на туристи и остварените ноќевања. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2021 година изнесувал 27.569, а бројот на ноќевањата изнесувал 60.013. Бројот на туристите во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бил...

Бизнис секторот во ковид-кризата побарува работници со поинакви вештини

Ковид-пандемијата ги измени досегашните потреби на домашните компании за составот на работниот кадар кој им е потребен во процесот на работењето. Какви се нивните сегашни проценки и какви работници им се сега неоходни, треба да покаже Анализата за потребата од работна сила за обезбедување на кадар за потребите на компаниите, која ја подготвува Стопанската комора на Северна Македонија (СКМ)...

Кликни Subscribe на YouTube на омилениот изведувач, #1000subscribersmk за поддршка на македонските музичари

Македонските музичари се една од најпогодените групи од ковид-19 пандемијата во изминатиов период. ВБУ Музички регистар ја отпочна иницијативата за поддршка на лицата кои создаваат и изведуваат музика во земјава, промовирајќи ја идејата граѓаните да кликнат Subscribe (да се претплатат) на YouTube каналот на нивните омилени изведувачи. Заедно со редовното преслушување на песните на YouTube каналите на членовите на...

Анализа на Порталб: Речиси 1.000 угостители ставиле клуч на врата во кризната 2020 година

Расте бројот на фирми во земјава што ставиле клуч на врата, како и бројот на луѓе што останале без работа. Податоците од Државниот Завод за статистика покажуваат дека само за една година речиси 1.000 фирми од секторот „Други услужни дејности“ одлучиле да го затворат бизнисот. Токму оваа дејност, според официјалните податоци, апсорбира околу 7 отсто од вкупниот број на...

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...