fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

Не е точно дека невакцинираните деца се екстремно поздрави и попаметни од вакцинираните

Фото: Pixabay/qimono
Нема никакви научни докази базирани на истражувања од кои може да се извлече заклучок дека децата не треба да се вакцинираат или дека невакцинираните деца се поздрави и попаметни од вакцинираните. Вакцините спречуваат заразни болести, немаат никаква врска со интелигенцијата на детето. Во објавата е спомнат и Трамп, иако тој никогаш не заземал став против вакцинирање, напротив, тој...

Не е точно дека ковид вакцината на Фајзер предизвикува машка неплодност

Наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, „Вистиномер“ не пронајде никакви докази дека самата компанија „Фајзер“ имала објавено извештаи кои наводно покажувале дека нивните вакцини против ковид-19 може да предизвикаат неплодност кај мажите и дека тоа се знаело уште во фазата на проучување на лекот. Во фазата на создавање на вакцините немаше испитувања на плодноста, но подоцна сите испитувања...

Нема докази дека ковид вакцините се причина за зголемување на мозочните и срцевите удари

Наспроти тврдењето во постот нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат какви било компликации кои би довеле до трипати зголемен број на срцеви удари или петкратно зголемување на мозочните удари. Нема ниту информација или доказ дека тие пациенти кои ја формираат повисоката бројка на лица со удари се воопшто вакцинирани. Но, за разлика од вакцините, е потврдено (и со...

Намален бројот на абортуси кај жени и девојчиња на возраст под 20 години

Стапката на абортуси се намалила од 19 абортуси на 100 живородени деца во 2019 година на 17,1 во 2021 година. Во истиот период значајно е намален и бројот на абортуси кај жени и девојчиња на возраст под 20 години, покажуваат податоците од областа на сексуалното и репродуктивното здравје кои се обработени во новата публикација на Државниот завод за статистика...

Кју нема спречено „глобален ковид план за депопулација“, затоа што таков не постоеше

Објавата што ја рецензираме не само што е невистинита, туку е и бесмислена. Ковид пандемијата не е планирана, туку  таа е глобална здравствена кризна ситуација којашто беше надмината главно поради вакцинацијата и поради тоа што вирусот мутираше во поблаги варијанти, како и поради фактот што дел од популацијата го прележа вирусот. Никакви кју војници не придонеле за нејзиното стабилизирање....

Пропагандата на Кју-анон шири невистини дека војната во Украина е „чистење на сатанисти“

Наспроти изнесеното во видеото што се споделува во постот, нема никакви тајни апсења на „длабоката држава“, како што приврзаниците на Кју анон теоријата на заговор ја нарекуваат „елитата која од сенка владее со светот“. Исто така, ковид-19 не е измама, туку пандемија од светски размери којашто беше победена поради вакцинацијата, како и мутирањето на самиот вирус во послаби варијанти....

Граѓаните што не ги почитувале ковид-протоколите ќе бидат амнестирани

Собраниските пратеници ги усвоија измените на Законот за амнестија, со кои граѓаните осудени на високи парични казни поради непочитување на протоколите за време на ковид-пандемијата, ќе бидат амнестирани. Во периодот по донесувањето на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба од страна на Претседателот Стево Пендаровски, од март 2020 година биле изречени голем број на парични казни за кривичните...

Не е вистина дека Путин наредил уништување на ковид вакцините во Русија

Оваа објава се повикува на напис од порталот DainikBidyaloy кој е од Бангладеш, во кој, пак, како извор на (дез)информацијата дека Путин наредил уништување на сите ковид вакцини во Русија, се цитира Real Raw News, кој е сатиричен сајт. Нема никакви докази дека Путин наредил такво нешто, ниту, пак, има официјална владина изјава за ова прашање. Напротив, Руското Министерство...

Пораките на Мат Хенкок не се доказ за „пландемија“

Протечените пораки во постот не докажуваат дека пандемијата против ковид-19 била измислена. Станува збор за комуникација меѓу тогашниот министер за здравство Мет Хенкок и негов асистент од која се гледа дека Хенкок прашува кога на јавноста да ѝ откријат дека има нова варијанта на ковид-19 – кент варијантата. Сепак, тоа не значи дека тој на некој начин ја планирал ...

Постот манипулира дека американската администрација официјално потврдила лабораториско потекло на ковид-19

Три години по почетокот на пандемијата сè уште е нејасно дали коронавирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 се проширил по природен пат од животно, или истекол од лабораторија. Секој нов извештај за потеклото на вирусот веднаш  предизвикува враќање на дезинформации и теориите на заговор поврзани со коронавирусот. Од американското Министерство за енергетика протече информација дека последниот извештај, со „мала...

Ниту има смртоносни серии од ковид вакцините, ниту ЦДЦ намерно ги испратиле во „црвените држави“

Вакви произволни тврдења пронајдовме само на конспиративниот сајт Експозе кој во текот на целата пандемија ширеше дезинформациски наративи. Нивниот заклучок за смртоносни серии на вакцини е базиран на пријави во ВАЕРС системот за рано сигнализирање на сомнежи за можни несакани ефекти. Досега повеќепати се дебанкирани неточните тврдења за смртоносни серии вакцини. Според американски медицински експерти, во САД ковид-19 стана...

Турција не решила да излезе од НАТО и конзулатите не беа затворени поради земјотресот

Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Неточно се тврди дека земјотресот е произведен геолошки напад, дека повлекувањето на дипломатите било поради земјотресот и дека Турција решила да излезе од НАТО. Што се однесува на невистинитите за ковид вакцините и пандемијата кои ги споменува сенаторката Дијана Ловановици, истите Вистиномер ги има дебанкирано повеќепати, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Судењето против Жан Митрев закажано за 28 февруари

Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека во целост го одобрил обвинението против лекарот Жан Митрев и неговата клиника, а првото рочиште е закажано за 28 февруари овој месец. Тие се товарат за измама на пациентите за вкупен износ од 97.461.600 денари, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. „Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи...

Нема докази дека Тајланд ќе ги поништи договорите со „Фајзер“

Видеото споделено во постот што го рецензираме е скратено и тоа во клучни делови, а со тоа е променет и контекстот. Вистиномер го пронајде целосното интервју со професорот Бакди може да се види на следниот линк, во видеото тој вели дека разговарал со тајландски активисти, а не со официјални лица на Тајланд. Тврдењето дека вакцината на „Фајзер“ никогаш...

Коронавирусот е изолиран многупати во повеќе различни земји

Изјавата на доктор Ву Цунју во видеото од постот што го рецензираме е извадена од контекст, односно таму тој зборува дека во конкретни примероци земени од пазарот во Вухан на почетокот на пандемијата  не го изолирале, односно не го нашле вирусот, а не дека воопшто не го изолирале коронавирусот. Во друг видеоматеријал од 8 декември 2020 година, истиот доктор...

Големиот ресет нема да доведе до смртна казна и судења за неговите промотори

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Големиот ресет (The great reset) претставува иницијатива на Светскиот економски форум поради потребата глобалните стејкхолдери да соработуваат и симултано да ги менаџираат директните последици од кризата предизвикана од ковид-19. Од видеоматеријалите на страницата на СЕФ, може да се види дека големиот ресет се фокусира на низа теми, меѓу кои образованието, превенција...

Државен завод за ревизија: ФЗО исплаќало породилно додека осигуреници примале плата

Низа пропусти при издавањето лекови, исплата на надоместок за породилно отсуство додека осигуреници земале плата, необезбедени доволно здравствени услуги за дијагностицирање ковид-19 на товар на Фондот. Ова се само дел од неправилностите кои ги утврдиле државните ревизори, а се наведени во извештајот кој денеска го објави Државниот завод за ревизија. Извештајот се однесува на финансиските извештаи на Фондот за...

Не е точно дека вакцините се опасни и дека се најголема измама на светот

Имунизацијата претставува еднo од најголемите достигнувања во историјата на медицината и е најбезбедна, најефикасна и економски најоправдана превентивна мерка, која директно придонесува за намалување на морбидитетот и морталитетот од заразните заболувања. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни за многу...

Ковид вакцините ниту содржат графен оксид, ниту се чистат со суплементи

Фото: Pixabay/qimono
Во постот што го рецензираме се посочуваат суплементи кои наводно „чистат“ од вакцината, односно го отстрануваат графен оксидот наводно внесен при вакцинацијата. Но, ниту една од вакцините против ковид-19 кои се достапни ширум светот, произведени од Фајзер, Модерна, Џенсен, Астра Зенека, не содржи графен оксид во нивните листи на состојки кои се јавно достапни. Во текот на вакциналната кампања...

Нема докази за поврзаност меѓу мозочните удари кај младите и ковид вакцината

Постот што го рецензираме е со пропуштен контекст. Мозочните удари кај младата популација не се поврзани со вакцинацијата против ковид-19. Всушност, во прилогот кој е даден како поткрепа за ова неаргументирано тврдење за поврзаност меѓу вакцините и мозочните удари, воопшто не се спомнуваат вакцините и нема информации дали и колку пациенти биле вакцинирани против ковид-19.  За тоа дека постоел...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...