fbpx
Таг: ковид -19

таг: ковид -19

Штипските основни и средни училишта ќе одржуваат настава на далечина

Со исклучок на ООУ „Славејко Арсов“ во населбата Баби, сите други основни и средни училишта во Штип ќе изведуваат настава на далечина. Учениците ќе бидат дома, додека наставниците ќе предаваат онлајн од училниците и кабинетите. Оваа одлука следи по вчерашниот состанок на директорите од основните и средните училишта, со новата министерка за образование и наука, Мила Царовска. „Одлучено е настава...

Градинките подготвени да ги примат дечињата, најтешко ќе биде да им се забрани гушкањето (галерија)

За помалку од една седмица (9 септември) градинките во земјава ќе почнат да примаат дечиња, а дотогаш раководствата во згрижувачките установи треба да се подготват согласно протоколите за заштита од ширење на ковид-19. „Мета.мк“ поразговара со неколку директори на градинки и родители во Скопје, пред реотварањето на објектите за најмалите. Општина Чаир е општина со поголем наталитет споредено со некои...

Во Берлин не протестираa 4 милиони луѓе, туку само 40-тина илјади

Пост со невистинити податоци, навреди и теории на заговор, но и со опасност по јавното здравје е пласиран, злоупотребувајќи видео клип од протестите во Берлин одржани минатиот викенд. Тој сѐ уште не е многу вирален, но поради опасноста што ја носи беше рецензиран од тимот на „Вистиномер“   Јавен пост на Фејсбук од личен профил говори со невистини за неодамнешниот протестен собир...

Летово регистрирани 43.928 прекршоци за неносење маска, полицијата најстрога била во јуни (инфографик)

Полициските службеници изминатово лето регистрирале 43.928 прекршоци за неносење маска низ градовите во земјава. Во текот на летниот период, односно месеците јуни, јули и август, најмногу прекршоци за неносење маска (20.026) се регистрирани во месец јуни, а речиси двојно помалку се констатирани во текот на јули (11.054), покажуваат податоците на МВР. Мерката за прекршоци беше донесена на 22 април годинава,...

Владата ќе го помогне туристичко-угостителскиот сектор и со четвртиот пакет економски мерки

Поддршката за туристичко-угостителскиот сектор ќе продолжи и во наредниот период преку четвртиот пакет мерки кој е во фаза на подготовка, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши на средбата со претставници од Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Македонија. Мерките, како што додаде Бектеши, ќе се носат со целосна вклученост и консултација на секторот врз основа на...

Од 1.772 тестирања, регистрирани 145 нови случаи на ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациенти. Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар (67г) и Струга (48г). Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.600, бројката на оздравени пациенти е 11.741,...

Вистиномер: Виралниот документарец „Пландемик 2“ плете теорија на заговор со ковид-19 во главната улога

Во својата најнова проверка на фактите и борбата против дезинформациите, „Вистиномер.мк“ го анализира документарецот „Пландемик 2“, којшто се споделува на социјалните мрежи. Тврдењата дека пандемијата на ковид-19 е само контролирана ситуација, изнесени во документарецот, не се засновани на фактите, заклучува анализата, којашто ја пренесуваме подолу. Пандемијата на ковид-19 е контролирана здравствена криза во светски рамки, за полесно да се натера...

Кои се твоите права? (видео)

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро нè потсетува на правата и одговорностите кои што секој граѓанин би требало да ги има. „Јас можам да сакам да возам со 150 на улица меѓутоа немам право да го направам тоа затоа што ја загрозувам јавната безбедност“ - вели таа. Погледнете го видеото: https://youtu.be/5WJqdv0da2E

Во Охрид ќе се гради модуларна болница со капацитет од 40 легла, се чека изведувач

Охрид полека ја остава летната сезона зад себе и се подготвува за есенскиот период, во кој можен е зголемен број на пациенти со ковид-19. Капцитетот на охридската болница планирано е да се зголеми со модуларна болница со капацитет од 40 легла, со целокупна опрема. Општина Охрид во најбрз можен рок треба да го подготви теренот за монтажната болница со тампонирање...

Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди и се за 13,9 отсто пониски од лани

Приходите во буџетот во август изнесуваат 14,2 милијарди денари што е помалку за 13,9 проценти во однос на лани, информираат од Министерство за финансии. „Кумулативно од почетокот на годината приходите изнесуваат 119,6 милијарди денари и се на пониско ниво за 8,2 проценти во однос на лани, што е пак благо подобрување во однос на првото полугодие кога приходите кумулативно беа...

ССК од Владата побара нов сет на мерки за спас на економијата

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на денешната официјална средба со премиерот и економскиот тим, ги потенцираше приоритетите кои треба да отпочнат да се реализираат уште во првиот месец од формирањето на новата Влада, за справување со кризата, а потоа за економско закрепнување. Претседателката на Сојузот, Данела Арсовска на средбата со премиерот Зоран Заев  истакна дека најпрво е потребна...

Владата одлучи градинките да се отворат на 9 септември

Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитување на деца - детски градинки/центри за ран детски развој, кое се планира да почне на 9 септември, информираат од владината прес-служба. Во наредните денови, градинките низ целата земја се должни да се подготват за работа. „Согласно заклучоците за ова прашање, Владата...

Училиштето ќе треба да им обезбеди материјали за учење на децата што немаат компјутери

Пандемијата ни наметна нови правила на кои мора да се прилагодиме сите. Ова бара заштита на јавното здравје, но и учење во исто време. Понудивме комбиниран систем на настава, а за успешна реализација, се работи и онлајн платформа која скоро ќе биде презентирана, рече на денешната прес-конференција новата министерка за образование Мила Царовска, на која зборуваше и министерот за...

Банките ќе овозможат втор период на одложена отплата за кредитите на граѓаните

Банките ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитни производи, само за клиенти кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: останале без работа, имаат намалени месечни примања или високи трошоци за лекување, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА). Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со...

Регистрирани 115 нови случаи на ковид-19, оздравеа 368 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.665 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти, а во болнички услови е починат пациент од Гостивар на возраст од 76 години. Според општини, најголем број на нови случаи изминатово деноноќие имало во Скопје - вкупно 34, по...

Грција ја продолжи забраната за влез на државјани на Северна Македонија и други земји

Од денеска на сила е најновото од продолжувањата на забрани за влез во Грција на голем број земји, меѓу кои и државјани на Северна Македонија. Од оваа мерка за заштита од ширењето на болеста ковид-19 предизвикана од новиот корона вирус се исклучени одредени категории луѓе. Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји, како и привремените ограничувања на...

НБРМ: Плаќањето со картички преку Интернет зголемено за 122,6 проценти за време на ковид-19

Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за импозантен годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 122,6 проценти, како и на кредитните трансфери извршени по електронски пат од 32,2 проценти, во текот на првото полугодие од 2020 година, велат од Народна банка по обработување на податоците од...

Во јули индустриското производство помало за 9,5 отсто, бројот на вработени опаднал за 6,2 отсто

Корона кризата продолжува да го зема својот данок преку намалување на индустриското производство и бројот на вработени во индустријата во нашата земја. Од јануари до јули 2020 година, индустријата регистрирала опаѓање на бројот на вработени за 4,6 отсто во споредба со лани, а најголема причина за ова е падот на индустриското производство од 13,8 отсто во првите седум месеци...

PCR-тестот сепак не открива само дали имате воспаление туку и прецизно го детектира присуството на корона вирусот

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Српскиот сервис за...

На 450 тестирања, изминатово деноноќие регистрирани само 11 нови случаи на ковид-19

Според најновиот извештај на Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во земјава се направени 450 тестирања за ковид-19, што е речиси двојно помала бројка отколку во последниот извештај и многу пониска од бројките на тестирање во изминавата седмица. Притоа, евидентирани се само 11 нови случаи на ковид-19, што е бројка од рангот на бројките на новозаразени лица на...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...