fbpx
Таг: Ковакс систем

таг: Ковакс систем

Италијанска донација од над 250.000 дози на вакцините „Фајзер“ за Северна Македонија

Италијанската донација од 250.380 дози на вакцината на „Бионтек/Фајзер“ против ковид-19 вчера почна да пристигнува во земјава. Втората пратка се очекува утре, соопшти амбасадата на Италија во Скопје. „Ова е најголемата донација досега направена од една земја за Северна Македонија, како што најави министерката за внатрешни работи на Италија, Лучана Ламорџезе, при нејзината посета на Северна Македонија при крајот на...

Првите 24.000 дози вакцини на „Оксфорд/АстраЗенека“ ќе пристигнат во недела преку Ковакс системот, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва преку официјалните профили на социјалните мрежи најави дека во земјава преку Ковакс системот ќе пристигнат првите 24.000 дози на вакцини против ковид-19. Како што посочи Филипче, станува збор за вакцина на производителот Оксфорд/АстраЗенека. Тој очекува вакцините во Скопје да пристигнат во недела на 28 март во 7:55 часот наутро.

Медиа Плус: Таравари дезинформира со тврдењето дека македонската влада не нарачала 800.000 вакцини преку Ковакс

Тврдењето на поранешниот министер за здравство Арбен Таравари во текот на гостувањето на ТВ Алсат М (18.02.2021), дека за Македонија се резервирани само 103.200 дози на вакцини е неточно и со тоа тој ја дезинформира јавноста, пишува „Медиа Плус“ во својата анализа, што ја пренесуваме во целост. „Јас го проверувам, сега го гледам системот Ковакс на телефон и ги гледам...

Северна Македонија има план и фрижидери, но не и вакцина против корона вирусот

Додека граѓаните на Северна Македонија чекаат да бидат имунизирани преку вакцини, бројот на нови случаи на ковид-19 значително се намали во овој период. Иако недостасуваат вакцини, планот за вакцинација е подготвен. Според надлежните, Северна Македонија преку програмата COVAX обезбедила 833.000 вакцини за своите граѓани, пишува „Порталб.мк“. Обезбедувањето вакцинација за 20 отсто од населението, според одлуката на Владата за определување средства,...

Преку КОВАКС системот ќе пристигнат до 175.200 дози на вакцини на „АстраЗенека“ во земјава

Министерството за здравство информира дека КОВАКС системот преку допис соопштил дека првата испорака на вакцината против ковид-19 преку нивниот механизам ќе пристигне во земјава во март. Станува збор за вакцината AstraZeneca, која се произведува од фармацевтската компанија „АстраЗенека“ во соработка со Универзитетот во Оксфорд. „Од КОВАКС информираат дека за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа...

Одобрени ни се 800.000 вакцини против ковид-19, се очекуваат на почетокот на следната година

Во истиот момент кога ќе ја добијат вакцината најразвиените земји, ќе ја добиеме и ние, но засега сè уште не се знае дали тоа ќе биде на крајот на оваа или на почетокот на идната година, велат за „Мета.мк“ од Министерството за здравство. На вчерашната владина седница беше усвоена информација за склучување договор за преземени обврски (обврзувачки договор), помеѓу Владата...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...