fbpx
Таг: Коце Трајановски

таг: Коце Трајановски

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата помеѓу Трајановски и Шилегов е повеќе од очигледна

На скопјани ќе им биде лесно да одлучат за кого ќе гласаат на локалните избори, бидејќи разликата во квалитетот помеѓу Коце Трајановски и Петре Шилегов е повеќе од очигледна, велат од ВМРО-ДПМНЕ. - На граѓаните на Скопје им е потребен стабилен, вреден и чесен градски татко, а не градска пијандура. Петре Шилегов е човекот кој на Скопје може да му...

Дебармаалци попладнево ќе протестираат за безбедни улици

Граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ денеска во 18 часот на протест пред Министерството за култура ќе ги повикаат Општина Центар и Град Скопје да ги применат постоечките закони за да ги заштитат пешаците од, како што велат „опасноста предизвикана од тротоари окупирани од возила и кафеани, опасно неорганизиран сообраќај и неконтролирано градење“. Протестот кој се одржува под слоганите...

Отворена културната манифестација „Скопско лето 2017“

Меѓународната културна манифестација „Скопско лето“ беше отворена синоќа со настапот на Омер Фарук Текбилек во Македонската опера и балет. - И оваа година, програмите ќе се реализираат на 18 локации и простори во Скопје, во театри, ликовни галерии, музеи, Старата скопска чаршија, Сули-ан, централното градско подрачје и на други места, кои во квечерините на летото се претвораат во летни сцени -...

Трајановски: Итно да се донесат законските измени и да се распишат локалните избори

Градоначалниците на општините во Македонија од утре ќе работат без мандат, изјави денеска по состанокот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски. Тој упати барање до политичките партии во Собранието на Македонија што поскоро да ги донесат законските решенија за нивно функционирање до следните избори. – Со оглед на тоа што има...

ЗЕЛС бара итен датум за локални избори за да не дојде до колапс на општините

Функционирањето на голем број општински јавни установи ќе се доведе во прашање, а околу 45.000 вработени во локалната самоуправа, оштинските претпријатија и во образованието ќе останат без плата. На ова денеска предупредија градоначалниците на Скопје, Куманово и на Гостивар, но и членови на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Коце Трајановски, Зоран Дамјановски и Невзат Бејта, бидејќи нивниот и мандатот...

Трајановски: Идризи беше пример како треба да работи еден градоначалник

„Идризи беше голем човек, пред сè, професионалец, тој беше пример како треба да работи еден градоначалник. И јас учев од неговите потези и идеи, иако тој водеше мала, а јас голема општина“, истакна претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, во говорот на погребот на градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи. Високи...

СДСМ: Ќе има одговорност за палмите од 500.000 евра што завршија на депонија

Ќе има ревизија и одговорност за набавките на скапите палми од 500.000 евра што завршија во депонија, порачаа денеска од СДСМ. „Исушените палми од 500.000 евра што се најдоа на депонија, се класичен доказ дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во сè, па и во палмите, гледаат тендери за лично збогатување, и тоа во услови кога ја предизвикаа најголемата сиромаштија кај повеќе од...

Груевски го штити директорот на ЈП „Водовод“ поради роднинските врски, обвини СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска побара од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, веднаш да преземе мерки против директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Александар Атанасов, поради невалидната диплома за завршено високо образование. Како што истакна пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција, Трајановски досега требало или да го смени или да го суспендира директорот на „Водовод и канализација“. -...

Општина Центар ја стопираше изградбата на спорната улица на кејот на Вардар

Градежен инспектор на општина Центар, по налог на градоначалникот на општината, Андреј Жерновски, денеска наредил стопирање на градежните работи за изградба на спорната улица на Кејот 13 Ноември. „На градилиштето нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор, нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи. Целата оваа документација е неопходно да се поседува и да...

Општина Центар: Во ДУП никаде не постои улица на кејот, Трајановски ги крши законите

Град Скопје, под чија ингеренција е кејот, донесе незаконска одлука да го узурпира шеталиштето и да направи сервисна улица, која според актуелниот детален урбанистички план (ДУП) никаде не постои, велат од Општина Центар. „Вчера, Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидоа да ги кршат законите и да ги манипулираат граѓаните, кои мора да ја знаат вистината за улицата што Град Скопје...

Богдановиќ: Трајановски да ја повлече одлуката за изградба на улица на Кеј 13 Ноември

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го повика градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, да ја повлече одлуката и одобрението за изградба на сообраќајница на Кејот 13 Ноември. - Изминатиот период донесовме една одлука како Општина Центар, каде што законски успеавме да ја спречиме изградбата на оваа улица, но сепак со измени на законот, Градот ни ги одзеде ингеренциите во тој дел...

СДСМ го прашува Трајановски зошто задоцни со бесплатниот автобуски превоз

Трајановски ќе мора да им одговори на граѓаните зошто три години не ја прифаќаше мерката што ја предложи СДСМ за бесплатен автобуски превоз, туку чекаше отровниот воздух да го загрози здравјето на граѓаните и особено здравјето на децата, реагираше СДСМ на денешната прес-конференција на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на која тој најави мерки за намалување на загадувањето. „Денешниот потег на...

СДСМ ја уништи локалната самоуправа во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ е добро позната како партијата која со своите одлуки ја уништи локалната самоуправа во Македонија, а пред сè во Скопје, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за отчетот на градоначалникот Коце Трајановски. „Поразениот СДСМ е партијата која со серија штетни одлуки го упропасти Град Скопје, одземајќи ги сите средства и ингеренции од неговите раце. СДСМ ги приватизираше АД...

СДСМ: Трајановски ќе даде отчет за криминалот

„На граѓаните не им е потребен денешниот отчет на Трајановски. Тие ги живеат последиците од неговото неодговорно владеење“, порача СДСМ, реагирајќи на денешното излагање на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за проектите реализирани или почнати во 2016 година. Партијата обвини дека Трајановски не направил ништо за заштита на здравјето на граѓаните, како и дека во многу делови нема елементарни услови...

Што прескокна и што заборави да каже Коце Трајановски во отчетот

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска пред новинарите го презентираше отчетот за реализираните проекти во 2016 година и најави некои проекти кои ќе почнат годинава. На прес-конференцијата тој зборуваше и за проекти што се почнати минатата година, а ќе се реализираат годинава. Трајановски се пофали со проекти почнати уште на крајот на 2015 година, кажувајќи дека се почнати лани....

Трајановски, Тодоров и Нухиу го посетија првороденото бебе во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска го посетија првото бебе кое се роди во Новата 2017 година во Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Чаир. Трајановски на мајката Нуредини Рамадан Хикмет и на семејството им ја честиташе Новата година и им подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци. Претходно и...

Сакаме чист воздух, а не панорамско тркало и боемски улици, порачаа еко-активистите

Воведување на системот пар-непар за возилата, бесплатен јавен превоз цела зима, засилени инспекции, казна од 10 години затвор за уништување на каква било вегетација и стопирање на сите проекти како панорамското тркало, боемски улици и стиропорни фасади и пренамена на средствата за лечење на болните од загадувањето. Ова се дел од 17-те барање што неколку стотини граѓани и еко-активисти му...

Трајановски побара субвенции за загревање на домовите за помало загадување

Општините и централната власт да субвенционираат проширување на топловодната мрежа и што повеќе домаќинства да се вклучат на неа, е една од мерките што градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ја предложил на средбата со градоначалниците од Скопскиот плански регион, на која се разговараше за загадувањето на воздухот во градот и во околината. Тој апелираше до „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) и до...

Трајановски утре на состанок со општинските градоначалници за загадувањето на воздухот

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, за утре свика состанок на кој се поканети сите градоначалниците од Скопскиот плански регион, информираат од Град Скопје. Тема на состанокот, кој ќе се одржи во салата за состаноци на кабинетот на градоначалникот, ќе биде загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопскиот Регион. Група граѓани и еко-активсти в среда, во 17 часот, во Градски парк ќе...

Денеска ќе бидат засадени 2,6 милиони садници на 550 хектари

Денеска, во рамките на акцијата „Ден на дрвото“, ќе бидат засадени  2,6 милиони садници на 550 хектари, информираше директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски. Тој истакна дека годинава во акцијата најмногу акцент е ставен на најзагадените градови, односно на Скопје (околу обиколницата), Битола, Кичево и на Тетово. Во Скопје ќе бидат засадени околу еден милион садници. Градоначалникот Коце Трајановски на вчерашната прес-конференција...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...