fbpx
Таг: Косово

таг: Косово

Гостинот не се брка од дома, му порача Рама на Курти пред одењето во Приштина

Албанскиот премиер Еди Рама денеска од Скопје му порача на косовскиот колега Албин Курти дека не треба да заборава оти гостинот не се брка од дома, најавувајќи ја денешната посета на Приштина. Рама го изјави ова на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Пред да дојде во Скопје на средба со Ковачевски, Рама ги потпиша 13-те договори и ги достави...

По примерот со Србија, наскоро ќе имаме заеднички гранични премини и со Косово

Македонија и Косово наскоро планираат да воспостават заеднички гранични премини налик на оној меѓу Табановце и Прешево којшто веќе подолг период функционира со Србија. Станува збор за два заеднички гранични премини: „Блаце - Елез Хан“ и „Јажинце - Глобочица“. Владата на денешната седница го разгледала и усвоила Извештајот за извршените преговори со косовската влада, а го прифатила и усогласениот текст...

Петровска – Ристуча: Регионалната безбедност е императив, КФОР е на Косово за да овозможи сигурност за граѓаните

Регионалната безбедност, потребата за итна де-ескалација на состојбата на Косово и искрен дијалог за сите отворени прашања, како и придонесот на Северна Македонија кон одржување на стабилноста на Балканот, беа темите на кои министерката за одбрана Славјанка Петровска разговараше со командантот на НАТО мисијата на Косово, КФОР, генерал мајор Анџело Микеле Ристуча. Министерката Петровска истакна дека во време на нарушена...

Експлодира граната во дворот на општината во Северна Митровица, Курти обвинува за терористички напад

Рачна граната експлодирала синоќа во дворот на општината во Северна Митровица, во косовската област населена со мнозинско српско население, причинувајќи единствено материјална штета, јавија косовските медиуми. За синоќешната детонација се огласи и премиерот на Косово, Албин Курти, кој за разлика од полицијата, напиша дека во дворот на општинската зграда всушност биле фрлени две рачни бомби. „Со експлозивна направа беше нападната...

Србија ги ослободи тројцата косовски полицајци

Тројцата полицајци кои кон средината на месецов беа уапсени од српските власти, како што тврдеше Белград, односно кои според Приштина беа „киднапирани“, сега се ослободени, пренесува Kossev.info. Адвокатот на уапсените ја потврдил информацијата за српскиот сервис на Радио Слободна Европа. „Обвинението е потврдено, а притворот е укинат и тие ќе се бранат од слобода“, изјавил адвокатот Градимир Налиќ кој додаде дека...

Борел бара од Вучиќ да ги ослободи тројцата косовски полицајци безусловно

Шефот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, по одвоените средби што ги имаше со премиерот на Косово, Албин Курти и со српскиот претседател, Александар Вучиќ, на прес-конференција кажа дека побарал од Вучиќ да ги ослободи тројцата косовски полицајци кои се држат во Србија од 14 јуни. „Идентификувавме можен начин напред на кој двете страни мора да ги исполнат своите...

Курти и Вучиќ отидоа во Брисел на средба со Борел

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти заминаа денеска во Брисел на средба со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и со специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчек. Вучиќ отиде во Брисел, но претходно изјави дека нема да разговара со Курти, туку само со Борел. „Со Албин Курти немам за што да...

Приштина ќе плаќа по 50 евра месечно на луѓе што ќе вдомат улично куче

Откако пред два дена во центарот на Приштина улични кучиња искасаа двегодишно дете по лицето, градоначалникот Перпарим Рама одлучи да започне акција за отстранување на кучињата скитници од улица и нивно испраќање во прифатилишта со лиценца од косовската Агенција за ветеринарство и храна (АВУК), каде што ќе бидат соодветно третирани и потоа подготвени за посвојување, пренесоа косовските медиуми. Исто така,...

Вучиќ и Курти ја условуваат средбата во Брисел, поставени блокади на патиштата кон Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да оди во Брисел на средба со европските претставници и преговори со Албин Курти, додека секој уапсен Србин на Косово не биде ослободен. Тој разговорите ги услови и со повлекување на, како што рече, „лажните градоначалници од северот“, пренесува Kossev.info. „Нема да одам да разговарам со Курти додека не биде ослободен секој...

Косовската полиција уапси лице обвинето за напад врз новинари, Србите од северот на протест

Косовската полиција соопшти дека е уапсено лицето У.В. од Лепосавиќ, кое е осомничено за вмешаност во случајот со напади врз новинари и медиумски екипи во северниот дел на Косово, пренесува Радио-телевизија Косово.  „Апсењето е извршено како резултат на интензивната истрага и собирањето докази дека е вмешан во нападот врз медиуми/новинари на 16 јуни 2023 година. Сите понатамошни активности ќе бидат...

Детонирани шок-бомби врз полициските станици во Звечан и Северна Митровица

Во периодот од 23:30 до 01:30 часот, косовската полиција од северниот регион евидентирала три експлозии во близина на полициските станици во Звечан и северниот дел на Косовска Митровица, додека полициско возило било нападнато на улицата Кнез Милош, но нема повредени, пренесе Коссев.инфо. Заменик-командантот на косовската полиција во северниот регион, Ветон Ељшани потврдил дека во улицата Кнез Милош со камења била...

Косовската влада го суспендираше деловниот сертификат за телевизијата Клан Косово

Локалните и меѓународните медиумски организации ја обвинија косовската влада дека се обидува да ја ограничи слободата на медиумите во Косово откако Министерството за индустрија, претприемништво и трговија го суспендираше деловниот сертификат на приватната телевизија Клан Косова, пишува Приштина Инсајт. Министерството во средата го суспендираше деловниот сертификат против трговското друштво во чии рамки е телевизијата и поднесе кривична пријава против компанијата,...

Пукање во Приштина, убиен македонски државјанин

Сношти околу 20 часот, во Приштина е убиен државјанин на Северна Македонија, пренесоа косовските медиуми додавајќи дека осомничените сè уште не се идентификувани. „Известено е дека засега непознат сторител пукал кон жртвата, државјанин на Република Северна Македонија. Надлежните полициски единици излегле на местото на настанот, при што било забележано дека во автомобил со регистерска табличка на Република Северна Македонија има...

Борел: Услов за средба на високо политичко ниво е и деескалација на ситуацијата во северно Косово

Итно прекинување на полициските операции во близина на општинските згради на северот на Косово, односно повлекување на специјалците од таму и најава за предвремени избори во северно Косово на кои ќе учествуваат и Србите, се барањата кои ги повтори високиот европски функционер Жозеп Борел, во писмото упатено до косовскиот премиер Албин Курти, во кое тој одговара на неговиот план...

Нова серија обвинувања меѓу Косово и Србија по апсењето на тројца косовски полицајци

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Србија извршила агресија врз Косово со чинот на киднапирање на тројца припадници на косовската полиција, јавува Радио-телевизија Косово. Полицајците биле киднапирани на место на некогашна рута за шверц, која се наоѓа во косовска територија, и тоа на 300 метри од самата косовско-српска граница. „Се сомневаме дека се киднапирани од српската војска, јасно е...

Курти со „предлог“ за северот на Косово, во Косовска Митровица станува тензично

Премиерот на Косово, Албин Курти, појасни дека денеска на меѓународните претставници им предал свој предлог од пет точки за решавање на ситуацијата на северот на Косово, меѓу кои и распишување вонредни локални избори таму, како што бараше ЕУ и меѓународната заедница, јавуваат српските медиуми. Сепак, како прва точка, односно услов, тој наведува спроведување на законот во четирите општини со српско...

МЗ: Неосигурените лица и граѓаните на Косово ќе плаќаат исто за приватните услуги на клиниките

Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на земјава кои се неосигурани и кои плаќаат приватно. „Потенцираме дека воопшто не станува збор за изедначување на цените помеѓу странските државјани и...

Кој шири дезинформации за и на Косово?

Оваа сторија од Ардит Кика беше изворно изработена за и објавена од Kosovo 2.0 како дел од проектот Western Balkans Anti-Disinformation Hub project. Таа е реобјавена овде со дозвола.    Србија, Русија и Кина се главните носители на дезинформации за и во Косово. Публиката што зборува српски е повеќе погодена од дезинформациите од српските и руските медиуми, додека кинеската е насочена...

Курти денеска на средба со Лајчак и Ескобар, протестите во Северно Косово продолжуваат

Припадниците на српската заедница во северно Косово веќе десетти ден протестираат пред општинските згради. КФОР се наоѓа во непосредна близина, а српската заедница поддржана од официјален Белград бара новоизбраните градоначалници на општините од северно Косово да не влезат во административните згради, пренесува Радио-телевизија Србија. Косовскиот премиер Албин Курти вечерва ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот...

Ескобар: Тензиите на Косово се резултат на несоработката на Приштина со меѓународната заедница

Ескалацијата на северот на Косово делумно е резултат на неподготвеноста на официјална Приштина да ја слуша меѓународната заедница, изјави за Би-би-си американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Тој додаде дека порастот на тензиите на север можеше да се избегне: „Оваа ескалација делумно е резултат на неподготвеноста на косовската страна да ја слуша меѓународната заедница. Таа предизвика тензии, непотребно, со инсистирање...

Повредена млада мечка на патот Тетово-Непроштено по удар од автомобил

Доцна вечерва на локалниот пат Тетово - с. Непроштено патничко моторно возило удрило во млада мечка која го минувала патот заедно со мајката и уште две помали мечиња, соопшти...