понеделник, 15 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: коронавирус | 168 резултати

Нови 934 случаи со ковид-19, вкупната бројка надмина 30 илјади

30 октомври 2020

Во последното деноноќие регистрирани се досега најголем број на потврдени случаи на заразени со новиот корона вирус во едно деноноќие – 934. Вкупниот број на тестови во претходните 24 часа изнесувале 2.748 тестирања што значи дека скоро 34 отсто од тестираните биле позитивни. Како што соопшти Министерството за здравство, наголем дел од регистрираните нови случаи […]

Помина фазата на шок од ковид-19, сега се присутни лутината, отпорот и фрустрацијата, велат психолозите

28 октомври 2020

Осум месеци светот, вклучувајќи ја и нашата држава живее под поинакви услови поради пандемијата со ковид-19. Вирусот наметна нови правила на секојдневно функцинирање и ако на почетокот од пандемијата, се случуваше „првиот бран“ на енормно пазарување поради страв и ширење на паника и дезинформации, се чини дека во текот на летото овој бран се смири. […]

Регистрирани нови 628 случаи со корона вирус, 15 пациенти се починати, а 531 оздравени

27 октомври 2020

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2, информираат од Министерството за здравство. Активни случаи и […]

МОН: Регистрирани се 40 ученици и 52 наставници позитивни на ковид-19 кои оделе на настава со физичко присуство

27 октомври 2020

Помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со ковид-19. Согласно овие податоци, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). „Според извештаите кои училиштата секојдневно ги доставуваат до МОН, од вкупниот […]

За два дена 74 нови случаи на ковид-19 во Прилеп

22 октомври 2020

За само два дена во Прилеп се евидентирани 74 случаи на лица инфицирани со корона вирус. Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска едно лице на 73 годишна возраст ја изгуби битката со болеста. Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски денеска категорично порача, граѓаните, институциите и правните субјекти, доследно и без исклучок да ги почитуваат […]

Д-р Стевановиќ: Потребна ни е дисциплина, оние со лесни симптоми на ковид-19 да се изолираат дома

22 октомври 2020

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ информираше дека е започната хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на клиниката, која има капацитет од 70 кревети и истата е целосно опремена за третман на пациентите со ковид-19. „Постои систем на мобилизирање на медицински персонал, како среден медицински персонал, […]

Рекордни 594 нови случаи на ковид-19, вкупната бројка надмина 23.000

17 октомври 2020

Денеска регистрирани рекорден број на заразени лица со корона вирус. Министерството за здравство дури вечерва ги соопшти резултатите од Институтот за јавно здравје за новите случаи на заболени од ковид-19. Според нив, во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи и тоа во: Скопје-303, Куманово-22, Дебар-5, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-26, […]

Во Охрид за една недела регистрирани се 42 лица со ковид-19

17 октомври 2020

Во периодот од 10 до 16 октомври, земени се материјали (брис од грло и нос) за тестирање на присуство на ковид-19 од вкупно 147 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје, информираат од Центар за јавно здравје Охрид. „Од вкупно […]

Филипче очекува идната недела по скратена постапка да се усвојат предложените рестриктивни мерки

17 октомври 2020

Предлозите од Комисијата за заразни болести за поригорозни мерки во вид на законски измени треба да бидат усвоени по скратена постапка во Собранието, заедно со владините уредби. Министерот за здравство, Венко Филипче денеска во Штип изјави дека очекува тоа да се случи веќе наредната недела. „Се изнуди таква ситуација да мора да се интервенира, затоа […]

Филипче објави фотографија од партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ каде не се почитуваат заштитните мерки

17 октомври 2020

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија со членовите на ВМРО-ДПМНЕ на која дваесетина луѓе не носат заштитни маски, ниту одржуваат дистанца. „Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за корона вирусот“, напиша министерот. Состанок на ВМРО-ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот. pic.twitter.com/Mqmset3pBI — Венко Филипче (@VFilipche) October […]

Во последните 24 часа изречени 541 казна за неносење заштитна маска

17 октомври 2020

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 541 прекршок, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. Мета.мк претходно извести дека само за 15 […]

Поради моменталната ситуација со ковид-19, Таксират фестивал ги одложи концертите на „Лајбах“ и Страјк

16 октомври 2020

Концертот на музичката група Лајбах и концертот на македонскиот рапер Страјк кои требаше да се одржат на 29 односно 23 октомври, се одложени, информираат од Таксират фестивал, во чиј склоп требаше да се одржат истите. „Поради моменталната здравствена ситуација и сè построгите ограничувања и мерки, решивме двата наредни настани во склоп на 22-рото издание на […]

Само за 15 дена во октомври се изречени казни за неносење маска колку за цел јули (инфографик)

15 октомври 2020

Расте бројот на новозаразени со ковид-19, а паралелно со тоа и бројот на казни што ги изрекува Министерството за внатрешни работи за неносење заштитна маска на лице како превенција од вирусот. Владата на седница ги разгледа новите рестритктивни мерки со цел справување со ситуацијата, меѓу кои и мерката за носење заштитна маска на отворено, која […]

Берлин ќе ги затвори баровите и рестораните по 23 часот, a луѓето на отворено ќе може да се групираат до пет лица

8 октомври 2020

Поради зголемување на бројот на заразени со ковид-19, Берлин ќе воведе рестрикции во однос на работењето на пабовите и рестораните. Во градот кој е познат по своите 24 часовни барови, официјалното време на затворање се наметнува од 23 до 6 часот наутро, а исто така ќе има и ограничувања за продажба на алкохол. Освен овие […]

Царовска: Важно е децата да се образуваат во духот на толеранцијата и мултикултурализмот

7 октомври 2020

По повод одбележување на Меѓународниот ден на учителот, денеска се одржа настанот Speech4Teachers што го организираат Фондацијата Отворено општество-Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. На настанот присуствуваше и министерката за образование и наука, Мила Царовска која во своето обраќање до присустните ја истакна важноста и улогата на новинарите без разлика […]

Забранета музика во живо, нема стоење на шанк, а на маса може да седат максимум 4 лица

5 октомври 2020

Забрането е гостување на пејачи, музички групи или диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели или мотели). Ова е една од рестриктивните мерки кои Владата ги прифати викендов, а претходно беа препорачани од Комисијата за заразни болести. Со новите мерки во Протоколот […]

Потврдени се нови 243 случаи на ковид-19, од направени 1.831 тестирања

3 октомври 2020

Во последните 24 часа се направени 1.831 тестирања, од кои регистрирани се 243 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-98, Куманово-11, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-2, Струга-9, Велес-3, Битола-5, Охрид-5, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-5, Струмица-21, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-12, Кичево-1,Неготино-2, информираат од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека […]

Во последните 24 часа казнети 852 граѓани кои не носеле заштитна маска

3 октомври 2020

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 852 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Мета.мк претходно извести дека во септември се бележи раст на казните за неносење заштитна маска. Постепениот раст на бројот на новозаболени лица од ковид-19 доведува до […]

Младите согласни дека недостасува енергијата на дружбите во живо преку Еразмус+ размените

3 октомври 2020

Пандемијата ги затвори границите, а со тоа се одложија и патувањата на младите коишто со Еразмус+ размените имаа можност да патуваат во странство. Младинските организации беа принудени работата да ја извршуваат од дома, а голем дел од активностите, особено интернационалните ги одложија на неодреден временски период. Иако работните задачи добија нов облик, младите се согласни […]

МЗ: Учениците да ги почитуваат протоколите бидејќи епидемиолошката состојба е сериозна

3 октомври 2020

Училиштата и учениците да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести и одлуката на владината комисија за начинот на одржување на наставата. Апелираме на максимална сериозност и соработка од сите граѓани, пред нас е период во кој сите мора да бидат максимално внимателни, посочуваат од Мининстерството за здравство, по најавите на учениците дека ќе […]

Страна 5 од 9