fbpx
Таг: корона криза

таг: корона криза

Ковид-19 за неколку месеци успеа да го сруши деценискиот раст на авиосообраќајот во земјава [фото+инфографик]

Како гром од ведро небо, пандемијата на ковид-19 удри врз авиосообраќајот во меѓународни рамки и за само неколку месеци успеа да го сруши бројот на превезени патници во воздушниот сообраќај на нивото кое беше пред четири и пол децении. И во Македонија бројот на превезени патници со авион за првпат во изминатава деценија ќе забележи намалување, а разочарувачките податоци...

ДЗС: Во септември намален број на работници во индустријата за 4,7 отсто

Индексот на бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на истиот месец лани, изнесува 95,3 или нивниот број е помал за 4,7 отсто, објави Државниот завод за статистика. Притоа, бројот на вработените во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2020 година, споредено со септември 2019 година, бележи опаѓање од 0,7 отсто, во секторот Преработувачка...

ДЗС: Индустриското производство во септември помало за 4,1 отсто

Индексот на индустриското производство во септември 2020 година, во однос на истиот месец минатата година, изнесува 95,9, односно истото е помало за 4,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Притоа, кај производство во секторот рударство и вадење на камен падот изнесува 9,7 отсто, во споредба со септември 2019 година, преработувачка индустрија забележала опаѓање од 1,9 отсто, а во секторот...

Вицегувернерката Нацевска: Девизните резерви се во исклучително добра кондиција, денарот ќе остане стабилен

Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона. На крајот на септември изнесуваат 3 милијарди и 480 милиони евра, што е повеќе за близу 400 милиони евра во споредба со крајот на февруари, пред почетокот на ковид-кризата во нашата земја, вели вицегувернерката на Народна банка, Емилија...

Корона кризата ги одложи плановите за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром

Огромните загуби што ги донесе корона кризата во авиосообраќајот ќе ги одложат и плановите за реконструкција и проширување на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Од турската компанија ТАВ Македонија, која е концесионер на македонските аеродроми, за „Мета.мк“ велат дека во моментов се обидуваат да го одржат бизнисот во живот. Бројот на патници на македонските аеродроми во моментов е...

Сметководителите при ССК бараат подобра координација меѓу институциите за навремена исплата на економска помош

Во подготовката на законските решенија за имплементација на економските мерки од четвртиот пакет да постои подобра координација меѓу надлежните институции и да бидат прифатени забелешките во однос на процедурите кои ги дава приватниот сектор, побара Комората на сметководители на Македонија при Сојузот на стопански комори на денешната прес-конференција. Од таму велат дека само така ќе се донесат функционални решенија кои...

Царовска: Се разгледува опцијата парите за греење на училниците да се пренаменат за ИТ уреди

Во пресрет на зимскиот период и грејната сезона што следи, а поврзано со загревањето во училиштата, министерката за образование и наука Мила Царовска при денешна посета на училиште во Кочани изјави дека се разговара за рационализација на средствата што се трошат за греење во училиштата и нивна пренамена во вложување во ИТ уреди. „За да не се расфрламе со пари...

Приходите во слободен пад: ЈСП и приватните превозници возат на сметка на градскиот буџет (инфографик)

Градот Скопје по сите основи на ЈСП-Скопје годинава досега му префрлил над 712 милиони денари, односно над 11,5 милиони евра. Според податоците објавени на open.finance.gov.mk од Министерството за финансии, ЈСП-Скопје како примател во изминативе 10 месеци инкасирало за над 60,4 милиони денари (980.000 евра) повеќе средства од Градот Скопје во споредба со целата 2019 година. Имено, лани од Градот...

Дури 52 портали се пријавиле во ДИК за емитување партиски реклами за изборите во Штип и Пласница

Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени избори за градоначалници на општините Штип и Пласница подготви нов Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали што се заинтересирани за емитување на платено политичко рекламирање пред одржувањето на изборите на 13 декември. Во него, запишани се дури 52 интернет портали, 11 телевизии, две радио станици и еден печатен медиум. Во услови...

Креирана платформа „Web4Jobs“ за поврзување на млади невработени лица од Балканот

Со цел да се поврзaт млади невработени лица од регионот на Западен Балкан и да се обезбедат можности за вработување, образование, обуки, мобилност и претприемништво за успешен влез на пазарот на труд, неколку балкански граѓански организации, меѓу кои и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја креираа онлајн платформата Web4Jobs. „Со платформата имаме за цел да обезбедиме повеќе можности за младите,...

Заев: Има пад на извозот од технолошко-индустриските зони, но сите работници се задржани

Речиси сите работници во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 (Бунарџик) ги задржаа своите работни места и придонесуваат во одржување на стабилност на македонската економија, изјави премиерот Зоран Заев кој заедно со директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски, извршија увид во работите на асфалтирање на булевар и улици во зоната. Тој додаде дека извозот од зоните на годишно ниво до минатата 2019...

Почна собраниската расправа по ребалансот на буџетот

Во Собранието денеска почна расправата за ребалансот на државниот буџет за 2020 година. Расправа се води во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Министерот за финансии Фатмир Бесими во образложението на ребалансот рече дека со него се овозможува спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки. Меѓу нив, целта на ребалансот е да се обезбеди одржливост на домашните економски дејности и...

За мали и микро компании нова бескаматна кредитна линија од 31 милион евра

Преку Развојната банка, микро и малите домашни компании погодени од ковид кризата ќе добијат финансиска поддршка од државата. Вкупниот износ на третата бескаматна кредитна линија е 31 милион евра, од кои 60 милиони денари односно 1 милион евра се буџетски средства од програмата П1 на Министерството за економија, а 30 милиони евра се од Европската унија. Одлуката ја донесе Владата...

Ваучерите за домашен туризам го ублажија падот на бројот на туристи во август во земјава

Доделените ваучери за домашен туризам од владата ја спасија туристичката сезона во земјава. Бројот на туристите во август 2020 г. бил намален за 38 отсто, а бројот на ноќевања опаднал за 24 отсто во споредба со идентичниот период лани. Сепак, домашните туристи во август биле побројни за 9 отсто во однос на истиот месец од минатата година, а оствариле...

Владата ќе го олесни пристапот до финансии за микро, мали и средни компании

Министерството за финансии подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот заради олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни компании, особено во услови на отежнато работење и намалени приходи и ликвидност како последица од пандемијата од ковид-19. „Владата на Република Северна Македонија усвои мерка за воспоставување на...

„Визер“ суспендира 50 авио летови од земјите на поранешна Југославија

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ планира привремено да укине 50 авио летови од земјите на поранешна Југославија, пишува специјализираниот портал „Екс-Ју Авиејшн“. Најголем број на суспендирани летови има од скопскиот аеродром, а по него следуваат леталиштата во Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево. Авиокомпанијата во ноември нема да лета од аеродромот во Подгорица, одложено е отпочнувањето со...

АНАЛИЗА на Порталб: Кои проекти одат под “нож” со буџетскиот ребаланс?

Преполовени средства за изградба на владини објекти, спортски сали и училишта, намалени пари за гасификација и за локални патишта, повеќе за рурален развој и за НАТО. „Порталб.мк“ објавува детали од Развојниот дел на ребаланс на буџетот – кај кои министерства и агенции колку се крати, а кои ќе добијат повеќе со ребалансираната каса. Кое министерство колку добива или губи... Преку Службата за општи...

Ковид-19 ги намали за над 4,3 милиони евра приходите од патарина во третиот квартал

Пандемијата на ковид-19 негативно влијае врз приходите од патарина што ги остварува Јавното претпријатие за државни патишта. Во периодот јули-септември 2020 година од наплатата на патарина во земјава бил остварен вкупен промет од 9.790.479 евра, информираат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. Во идентичниот квартал минатата година, од патарините по сите основи биле инкасирани над 14,1 милиони евра,...

Ребалансот на буџетот пред пратениците: Расходите се зголемуваат за 162 милиони евра

Владата го испрати во Собрание предлогот за ребаланс на буџетот за 2020 година, во кој меѓудругото се предвидува зголемување на расходите за 10 милијарди денари (162 милиони евра) во однос на првичните буџетски проекции за годинава. Вкупните расходи се планирани на ниво од 253 милијарди денари (4,1 милијарди евра) и се за 4,1 отсто повисоки во однос на планот. „Имајќи ги...

Сензационалистичкото известување во медиумите, едно од најчестите прекршувања на стандардите во време на ковид-19

Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата на ковид-19. Ова се дел од наодите од анализата што ја спроведе Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во периодот од...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...