fbpx
Таг: корона криза

таг: корона криза

Развојна банка: Исплатени 23,5 милиони евра од „Ковид 3“ на 2.122 корисници со 16.009 вработени

Од бескаматната кредитна линија со грант компонента ,,Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со 5-ти март се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик. Од Развојната банка на Северна Македонија информираат дека заклучно со вчерашниот ден се исплатени 96,7 отсто...

Стапката на невработеност е 16,1 отсто, намалена е за 0,5 отсто во однос на последниот квартал од 2019

Според податоците на Државниот завод за статистика, во последниот квартал од 2020 година, активното население во државата изнесува 941.524 лица, од кои вработени се 789.552, а 151.972 лица се невработени. „Стапката на активност во овој период е 55,9, стапката на вработеност 46,8, додека стапката на невработеност изнесува 16,1,“ се вели во соопштението. Во четвртиот квартал од 2020 година, статистичарите регистрирале мало...

Индустриското производство во јануари намалено за 13,5 отсто, бројката на вработени помала за 3,7 отсто

Пандемијата на ковид-19 продолжува негативно да влијае врз македонската индустрија. Индустриското производство во јануари 2021 година било намалено за 13,5 отсто во споредба со идентичниот месец лани. Бројот на работниците во индустријата во првиот месец од 2021 година бил намален за 3,7 отсто во однос на истиот месец од 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). „Гледано...

Бесими: Осмата еврообврзница од 700 милиони евра е издадена по најниска каматна стапка до сега

Министерот за финансии Фатмир Бесими информираше дека ја издале осмата еврообврзница, и тоа, како што истакна на денешната прес-конференција, по убедливо најниска каматна стапка од 1,625 проценти. Според него, тоа значи дека кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките кои се спроведуваат расте, па согласно тоа се намалува каматната стапка по која би купиле еврообврзница од нас. „Доколку се направи...

Бесими: Економијата полека се враќа во нормала, буџетот е во стабилна кондиција

Фатмир Бесими фото: Министерство за финансии
Економската активност полека се враќа, има добар тренд на реализација на приходите, а во февруари тие се очекува да бидат подобри во споредба со лани, рече министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој очекува проектираниот раст од 4,1 проценти да се задржи и дека по вториот квартал, економската активност полека ќе се врати на новата нормала. „Со сите мерки што ги презедовме...

Авиосообраќајот со тројно помалку патници и во јануари, мало закрепнување се очекува од април [инфографик]

Негативните бројки на превезени патници од македонските аеродроми продолжуваат да доминираат и на почетокот од 2021 година. Во јануари, двата аеродрома имале вкупно 57.716 патници, од кои 54.141 патник го користеле Меѓународниот аеродром Скопје и 3.575 патници патувале преку аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Доколку се споредат со бројките од минатата година,...

Поради ковидот, меѓуградскиот автобуски превоз лани имал 3 милиони патници помалку [инфографик]

Пандемијата со ковид-19 предизвика автобуските превозници во земјава лани да забележат историски негативен рекорд во бројот на превезени патници во меѓуградскиот, но и во меѓународниот превоз. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година со меѓуградски автобуски превоз биле превезени 2.794.000 патници, додека со автобуските линии кон странските земји патувале само 141.000 патници. Негативните бројки од минатата година...

Протести во време на пандемија: Младите го креваат гласот без оглед на условите

Пандемијата со корона вирусот и условите кои ги наметна не ја спречи младината низ светот да го крене својот глас за промените во општествата што ги засегаат токму нив. Од почетокот на пандемијата па досега, светот беше сведок на младински протести, собири и соочувања со полицијата. И покрај забраната за собири над 100 лица, стотици студенти на универзитетите во Грција...

Просечната нето-плата во декември 2020 се зголемила на 28.294 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 28.294 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Според нивните податоци, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 105.4. Ваквото зголемување на нето-платата за 5,4 отсто во однос на декември 2019 се должи, пред сѐ, на зголемувањето...

Анализа: Со вистински мерки, ковид-19 може да биде шанса за македонската економија

Нарушувањата во надворешната трговија предизвикани од ковид-19 кризата го влошуваат инвестицискиот сентимент на извозно-ориентираните компании. Но, кризата отвора можности за извозниците и мултинационалните компании кои делуваат во Северна Македонија во однос на реориентација и адаптација на производните капацитети на „новото нормално“ окружување, на освојување нови пазари и релоцирање на капацитети од далечните пазари доколку присуството на тие пазари е...

Од година во година, македонската градежна оператива сè повеќе ги губи странските пазари

Речиси и да нема поголеми градежни проекти на кои работат македонските градежни компании во странство, а состојбата на овој план постепено се влошува низ годините. Статистичките податоци покажуваат скромни договорени и извршени зделки на странските пазари од македонската оператива. Во 2020 година, само околу 2,6 милиони евра изнесуваат извршените градежни работи во странство од страна на македонските градежници. Ова е...

Меѓународната недела на Филозофскиот факултет: Онлајн предавања и дискусии со странски професори за пандемиите

Со предавање на полскиот професор и филозоф, Михаил Козловски од Факултетот за филозофија и социологија во Варшава, Полска, денеска започна третата по ред Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која се одржи онлајн преку платформата Зум. Овогодинешната тема на настанот е „Истражување на пандемиите низ хуманистичките и општествените науки“, на која свое...

Откако студентите и средношколците не патуваат поради ковид-19, возовите се попразни од кога било претходно [инфографик]

Патничкиот железнички сообраќај во земјава продолжува да руши неславни историски рекорди, коишто лани беа предизвикани првенствено од ковид-19 пандемијата. Со возовите лани биле превезени скромни 253.058 патници, информираат за „Мета.мк“ од Железници на РСМ-Транспорт. Од железничкиот превозник велат дека намалувањето на превезените патници во земјава е за околу 50 отсто во споредба со 2019 година, а притоа треба да се...

Ковид-19 лани го намали бројот на туристи во земјава за речиси 720.000 во однос на 2019 година

Kamen most lugje Ibni Pajko
Огромни финансиски штети претрпел туристичкиот сектор во земјава како последица на ковид-19 пандемијата. Во 2020 година, бројот на туристи се намалил на 467.514, наспроти регистрираните 1.184.963 домашни и странски туристи што ја посетиле Македонија во 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо е намалувањето кај странските туристи, па така македонските туристички центри лани ги посетиле 118.206 гости...

Порталб: Vakcinacija.mk не функционира на албански, од Министерство за здравство велат ќе биде

Министерството за здравство (МЗ) ја пушти во употреба веб-страницата на која можат да се пријавуваат граѓаните што сакаат да се вакцинираат, но таа е само на македонски јазик, а не и на албански, известува Порталб.мк. Од Министерството за здравство рекоа дека се работи на верзијата на албански јазик, но не кажаа кога ќе биде готова. „Ние вчера ја пуштивме во употреба,...

Анализа на Порталб: Сите параметри на едно место – економијата го допре дното, следува ли заздравување? [инфографик]

Стопена доверба на стопанствениците, пад на индустриското производство, намалување на бројот на вработени во индустријата. Статистиката ги белeжат едни од историските најлоши податоци за економијата, која во 2020 година беше во рецесија, пишува „Порталб.мк. Се ситни новата 2021 година, власта го пакува новиот пакет на антикризни мерки кои треба да помогат за опоравување на приватниот сектор. Намалената побарувачка од странство...

Корона кризата го „стопи“ извозот на земјава лани за 7,7 отсто во споредба со 2019

Корона кризата лани предизвикала намалување на извозот на стоки од земјава, но и на увозот на стоки во Македонија од 7,7 отсто. Иако состојбата е драстично подобрена во споредба со првите шест месеци од ковид-19 пандемијата, кога извозот бележеше пад од дури 24 отсто во споредба со јануари-јули 2019 година, сепак бројките на крајот на 2020 година не се поволни. Вкупната...

Општините продолжуваат со праксата на неплаќање на обврските

Во септември 2020 година доспеаните, а неплатени обврски на македонските општини достигнуваат вредност од 63,8 милиони евра, укажуваат од Центарот за економски анализи во новата студија насловена „Јавните финансии на општините и ковид-19 во Северна Македонија“. „Во текот на 2020 година (заклучно со трет квартал) се зголемиле за дополнителни 10,1 милиони евра што претставува поголема вредност од вредноста на вкупниот...

Анализа на „Фајненс тинк“: Земјоделските работници – тивка жртва на пандемијата

Пандемијата со ковид-19 предизвика македонската економија да се намали во просек за 9,1 отсто во вториот и третиот квартал од 2020 година, но невработеноста благо се намали, како резултат на деактивирањето на работната сила во време на кризата и на владините мерки кои целеа да се зачуваат работните места. Во земјоделскиот сектор, движењата беа обратни - производството во секторот,...

Поради ковид-19, со јавниот превоз во Скопје лани превезени за 30 милиони патници помалку [инфографик]

Ковид-19 пандемијата предизвика намалување на бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз на историски најниско ниво. Автобусите на ЈСП-Скопје и на приватните превозници лани превезле 27.709.556 патници, што е за речиси 30 милиони патници помалку во споредба со 2019 година. Во годината пред ковид кризата, јавниот превоз во Скопје го користеле над 57,2 милиони патници. Статистичките податоци покажуваат дека...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...