среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Коридор 8 | 215 резултати

Собранието во прва фаза ги усвои законските измени за изградба на автопатите

април 10, 2023

Предложените измени и дополнувања на осум закони денеска ја поминаа првата фаза на читање во Собранието. Предложените законски измени во прво читање се најдоа пред пратениците по скратена постапка и беа експедитивно усвоени во текот на денешниот ден, но без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за Предлог на закон за дополнување на Законот […]

Повлечени измените на Законот за заштита на културно наследство

април 10, 2023

Предлагачите, група пратеници од ДУИ, го повлекоа Предлог-законот за заштита на културно наследство од дневен ред на собраниска седница. Овој предлог, според предлагачите, требаше да ја олесни изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10. Од друга страна, за предлогот имаше жестоки реакции во јавноста, бидејќи се предвидуваше дека „доколку за време на вршење на градежни […]

Пендаровски: Став за потпишување указ ќе има по конечната верзија на законите за автопатски делници

април 10, 2023

Треба да ја видиме конечната верзија на сетот закони, па потоа ќе кажеме каков ќе биде ставот во однос на указот, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, во врска со пакетот предлог-закони поврзани со изградбата на автопатите, предложени по скратена постапка. Со 55 гласови „за“, пратениците од СДСМ, ДУИ и Алијанса, без ЛДП и без пратеничката […]

Жестоки реакции за законските измени: Надзорот не може да постапува со археолошките наоди

април 10, 2023

Жестоки реакции од повеќе страни пристигнуваат во однос на предлог-законските измени за заштита на културното наследство, кои денеска се пред пратениците, а се поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10. Од Македонското археолошко друштво (МАД) пред Собранието денеска искажаа револт од предлогот за законски измени, а со остра реакција излезе и Националниот комитет на […]

ССМ: Катастрофални предлози за работниците се законските измени поврзани со коридорите 8 и 10

април 8, 2023

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во реакција на предложените законски измени поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 -д денеска ги повика пратениците сериозно да размислат пред да го дадат својот глас за, како што наведуваат, катастрофалните предлози за измени на закони кои се поврзани со работничките права. „Пратениците од владејачкото […]

Македонско археолошко друштво: Пратеници овозможуваат легално уништување на културното наследство

април 8, 2023

Македонското археолошко друштво (МАД) најавува дека в понеделник, во 10 часот пред Собранието јавно ќе го искаже својот револт во однос на предлог на група пратеници за дополнување на Законот за заштита на културното наследство кој се најде во собраниска процедура по скратена постапка. Ваквото законско решение, според МАД, е изработено без вклучување и консултирање […]

Ковачевски: За прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не само на оската север-југ

април 4, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски, но и речиси сите министри присуствуваа на денешното поставување камен-темелник, со кој се означи почетокот на изградбата на автопатите Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Требениште – Струга – Ќафасан. Бината од каде што се обраќаа владините претставници беше претставена во форма на автопат, а на говорницата беше поставен бројот 8. […]

„360 степени“: Обвинителството отвори предмет за надзорот над „Бехтел и Енка“

март 28, 2023

Изборот на надзорот за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10д, ќе биде под лупа на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), јави „360 степени“. На упатено прашање од редакцијата до ОЈО-ГОК, дали ќе се отвори предистражна постапка по допрен глас, по серијата пишувања за фирмите што се избрани да […]

Контраспин: Спинот за „СДСМ како помал партнер во владата“ е паушален и без аргументи

март 17, 2023

Тврдењето на Стефан Андоновски од ВМРО-ДМНЕ дека СДСМ е помал партнер во Владата, бидејќи тоа го покажувал и фактот дека Артан Груби и Крешник Бектеши воделе „клучни проекти“, е паушално и неаргументирано. Ваквата изјава е само една во низата што тргнаа уште од влезот на Алијанса на Албанците во Владата, со внатрепартиска пи-ар цел, но […]

Најевтино ќе чини автопатот Тетово-Гостивар, за Гостивар-Кичево ќе се издвојат најмногу пари

март 13, 2023

Автопатот Гостивар-Кичево ќе биде најсложен за градба и ќе чини најмногу средства од четирите проекти што ќе ги реализира американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ во земјава. За делот меѓу Гостивар и кичевското село Букојчани, каде треба да се изградат 30,3 километри, е предвидено да се издвојат 560 милиони евра. Ова беше кажано на денешниот брифинг на министерот […]

Битиќи: Домашните компании ќе инкасираат повеќе од 600 милиони евра од изградбата на коридорите

март 11, 2023

Со изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10д, домашните компании ќе инкасираат 650 милиони евра додека нашата земја добива европски, модерни автопати, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во гостување во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77. Тој рече дека Коридорот 8 успеале […]

„Бехтел-Енка“ за 1,3 милијарди евра ќе изгради автопати долги 108 километри

март 8, 2023

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе четири нови автопати во земјава со вкупна должина од 108 километри, за кои ќе бидат издвоени 1,3 милијарди евра, или по околу 12 милиони евра од изграден километар. Конзорциумот ќе гради автопати со шест коловозни ленти на трасите Прилеп-Битола (40 километри), Тетово-Гостивар (17 километри), Требеништа-Струга-Ќафасан (22 километри) и Гостивар-Букојчани (30 километри). […]

Владата го одобри договорот за автопатите на Коридорите 8 и 10Д

март 7, 2023

На предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорите 8 и 10Д, со кој раководи вицепремиерот Артан Груби, македонската влада денеска го одобри договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д. „Владата на денешната седница, на предлог на Комитетот за преговори за склучување на Договорот за градење на Коридорот 8 го одобри склучувањето на […]

Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран

декември 8, 2022

Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран, како дел од мрежата на главните трансевропски коридори. Одлуката на Европската комисија, овој предлог да го стави на дневен ред пред Европскиот парламент и Советот на министри е резултат на иницијативите на земјите од Западен Блакан, вклучуваќи ги Република Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Италија. […]

ЕУ ќе го финансира довршувањето на пругата Ѓуешево-Софија

октомври 4, 2022

Европската комисија ја одобри првата голема инфраструктурна програма за Бугарија за периодот 2021-2027 година. Официјален Брисел за програмата „Транспортно поврзување“ ќе ѝ додели на Бугарија 1,61 милијарда евра. Еден од најважните инфраструктурни проекти коишто треба да се градат е железничката пруга по коридорот Ориент/Источен Медитеран, односно Коридорот 8, пишува money.bg. Бугарија најдоцна до 2027 година […]

ЕУ за нови проекти во земјава одобри неповратни средства од 225,6 милиони евра

август 17, 2022

На крајот на јули 2022 година, Европската Унија ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, при што Северна Македонија аплицираше со четири инвестициски проекти и добивме поддршка за секој од нив, во вкупен износ од 225,6 милиони евра. Станува збор за неповратни средства – грантови, која што финансиска […]

Ревизорите утврдија дека клучните инфраструктурни проекти се градат споро и со бројни проблеми

август 4, 2022

Според заклучокот од Конечниот извештај кој денеска го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР), во кој се анализира застојот и бавната динамика на работите на 11 стратешки инфраструктурни проекти во земјава, трошоците за проектите се зголемени поради повисока цена на чинење на изградбата од првично планираната, како и поради споредни трошоци. Дополнително, некои од договорите […]

Австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“ ќе ја градат пругата Куманово-Крива Паланка

јули 20, 2022

Австриската компанија „Штрабаг“ (Strabag AG) е избрана за да ја гради пругата од Куманово до Бељаковце, додека турски „Ѓулермак“ (Gülermak) ќе ја изведува втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија. Во владиното седиште денеска се потпишаа договорите за изведба на двете фази од пругата кон Бугарија, капитален инфраструктурен проект […]

Уставниот суд пресуди: Работниците на патните Коридори 8 и 10 нема да работат 60 часа неделно

јули 13, 2022

Градежните работници кои ќе бидат ангажирани при изградбата на автопатите долж Коридорите 8 и 10 нема да работат 60 часа неделно, односно за 20 часа подолго од вообичаеното неделно работно време во земјава. Уставниот суд на денешната седница го укина членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на […]

ЕУ со 150 милиони евра за третата фаза од пругата кон Бугарија, плус средства за соларни електрани

февруари 25, 2022

Европската Унија (ЕУ) денеска објави нов инвестициски пакет за Западен Балкан вреден 3,2 милијарди евра наменети за 21 капитален проект од инфраструктурата, енергетиката, поврзаноста, климата и дигитализацијата, соопшти Европскиот Совет. Северна Македонија со најновиот пакет ќе добие неповратни средства во висина од 149,2 милиони евра за изградба на последната, трета фаза од пругата кон Бугарија, […]

Страна 4 од 11