сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Коридор 8 | 214 резултати

Немаме автопат, но на Коридорот 8 имаме повеќе возила отколку на Коридорот 10 [инфографик]

мај 11, 2023

Изградбата на Коридорот 8 кон запад за Македонија во моментов е поисплатлива инвестиција од патниот Коридор 10. Податоците од автоматското и рачното броење на возилата на патните делници на овие два коридора што минуваат низ земјава покажуваат дека на патиштата од Скопје до македонско-албанската граница има поголема фреквенција на возила од патниот Коридор 10. Сепак, […]

Собранието го усвои дневниот ред на седницата, на која се разгледуваат петте владини закони со ЕУ знаменце

мај 10, 2023

Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 115-тата седница, откако претходно во претпладневните часови ја потврди потребата за носење на предложените измени на пет закони по скратена постапка, со употреба на системот на „европско знаменце“. Овие предложени законски измени Владата ги испрати до пратениците, откако претходно изминатиов петок беа усвоени на владина седница. Станува збор […]

Гир: Загриженоста за користењето европско знаменце е кога нема усогласување со европската регулатива

мај 10, 2023

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска реагираше дека земјава не може да го користи системот „европско знаменце“ при донесувањето на закони во Собранието, во случаи кога се усвојуваат законски решенија што не се во согласност со регулативата на ЕУ. Гир рече дека системот „европско знаменце“ при усвојувањето на закони во Собранието е дизајниран […]

Објаснувањето на Груби за европското знаменце на законите за автопатите е контрадикторно

мај 9, 2023

Не постои никаква логика европското знаменце да биде ставено затоа што ЕУ ги вброила коридорите 8 и 10 во геостратешки коридори. Впрочем и Делегацијата на ЕУ кажа дека не мисли така. Освен тоа, и самото наведување дека цената ќе била поевтина со измените е дискутабилно, зашто договорот нема превидено точна цена на изградба, пишува „Вистиномер“ […]

Петте предлог-закони со европско знаменце од Влада стасаа во Собрание

мај 8, 2023

Македонската влада ги испрати до Собранието на РСМ петте предлог-измени на законите кои ги усвои во петокот, а со кои би се зголемила ефикасноста во изградбата на инфраструктурните објекти од стратешки национален и јавен интерес. На веб-страницата на Собранието на РСМ е објавено дека овие предлог-закони со европско знаменце ќе се најдат пред пратениците на […]

Договорот со „Бехтел-Енка“ стигна до обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ реагира

мај 5, 2023

Јавното претпријатие за државни патишта вчера до обвинителството го доставило потпишаниот договор за изведба и надзор над изградбата на автопати на Коридорите 8 и 10д, по доставеното барање на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. „Претходно, ЈП Државни патишта до обвинителството ги достави броевите на огласите од јавните […]

Владата до Собранието достави пет предлог закони со европско знаменце за Коридорите 8 и 10д

мај 5, 2023

Владата на денешната седница усвои пет предлог закони со европско знаменце кои ќе ги достави до пратениците во Собранието, а кои се однесуваат на изградбата на инфраструктурни проекти од национален и јавен стратешки интерес, вклучувајќи ги и автопатите од Коридорите 8 и 10д. За ова денеска информираше вицепремиерот Артан Груби на прес-конференција, на која потенцираше […]

Коридорите 8 и 10д и договорот со Бехтел и Енка – главна тема на пратенички прашања

април 27, 2023

Изградбата на коридорите 8 и 10д и договорот со „Бехтел и Енка“ беше главна тема на денешните пратенички прашања во Собранието. Пред пратениците најдолго образложуваше премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека „овој проект значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните 5 […]

МТСП: Работниците на Коридорите 8 и 10д ќе потпишуваат изјава ако сакаат да работат прекувремено

април 26, 2023

Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено, а доколку не сака, нема да биде принуден со сила, велат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а во врска со ангажманот на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д. „Согласно законот, работниците ќе имаат и слободен ден. Законите постојат […]

Контраспин: Каде Димитриевски ја виде Илирида во Коридорот 8?

април 26, 2023

Секое отворање на прашања поврзани со трошење на многу буџетски, народни пари во многу важни инфраструктурни проекти за државата е повеќе од легитимно. Но, поврзувањето на истите прашања со етнонационални наративи е спинување. Дотолку повеќе што доаѓа од Димитриевски кој досега не само што не ги злоупотребувал овие теми, туку е познат како пример на […]

Груби: Наместо милијарда евра за стиропор и споменици, вложуваме средства во автопати

април 25, 2023

Наместо 1 милијарда евра кои претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги потроши на стиропор и споменици, актуелната власт таа милијарда ќе ја даде на автопати за да ги спои граѓаните. Ова го изјави првиот вицепремиер Артан Груби на денешната конференција „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“. Тој рече дека во неколку наврати се сретнал […]

Започнува реализацијата на договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д

април 22, 2023

Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека од денеска започнува реализацијата на Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д. Според договорот, од денеска започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти, основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање. Паралелно со […]

Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе биде презентиран пред пратениците

април 20, 2023

Македонската влада информира дека претставници од Владата и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д, вклучени во изградбата на автопатите, ќе ја презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура. „Целта е, пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од Договорот […]

Распишан оглас за триесетина работни места за коридорите 8 и 10д

април 19, 2023

Јавното претпријатие за државни патишта објави огласи за работа за триесетина работни места поврзани со коридорот 8 и 10д кој треба да го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ во партнерство со државата. Работното време изнесува 40 часа, а највисоката плата, за помошник на главниот координатор на проектот изнесува 70 илјади денари. Во огласот, меѓудругото се […]

Брзањето на законските измени за изградба на автопатите ја отвара Пандорината кутија

април 18, 2023

Скратените постапки со брзање и непрецизни законски формулации во законите кои се поврзани со изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10д би можеле да ги нарушат правилата на еднаквост и фер пристап, коишто хипотетички во иднина би можело да резултираат со евентуални тужби од други компании и плаќање на отштети од страна на државата. […]

„Бехтел-Енка“ ќе проектира и ќе гради, а кој сака би работел 60 часа за повеќе пари

април 13, 2023

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за да ги изгради автопатите ќе треба да користи барем половина од ресурсите во државава, при што како подизведувачи би биле ангажирани механизација и градежни компании. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека не треба да постои сомнеж за изградбата на четирите автопати, но и додаде дека договорот со овој конзорциум не се објавува […]

Законските измени ќе ја забрзаат изградбата на автопатите, договорот со „Бехтел-Енка“ останува тајна

април 12, 2023

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ единствено што знае е да шири хистерија, лаги и да блокираат во Собранието на РСМ и тоа го прават со сите законски решенија веќе подолг период наназад, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по бројните обвинувања на опозицијата во врска со предложените измени и дополнувања на осум закони кои се наоѓаат во Собранието […]

Власта вели дека нема да плаќаме пенали ако Собранието ги отфрли законите за автопатите

април 12, 2023

Владејачката партија СДСМ се јави со реакција, тврдејќи дека ВМРО-ДПМНЕ намерно шири лаги околу законските измени и дополнувањата со кои би се забрзала изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10д. Од СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за проектот вреден 1,3 милијарди евра, со кој ќе се изградат на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево, Требениште-Струга-Ќафасан и […]

Мноштво реакции за законските измени за изградба на автопатите што се во Собрание

април 11, 2023

Предложените измени и дополнувања на осум закони за забрзување на изградбата на автопатите од „Бехтел-Енка“ откако вчера поминаа на прво читање во Собранието на РСМ, денеска експресно се најдоа пред дел од собраниските комисии. Во собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска се најдоа на разгледување предложените измени и дополнувања на Законот за работни […]

Собранието во прва фаза ги усвои законските измени за изградба на автопатите

април 10, 2023

Предложените измени и дополнувања на осум закони денеска ја поминаа првата фаза на читање во Собранието. Предложените законски измени во прво читање се најдоа пред пратениците по скратена постапка и беа експедитивно усвоени во текот на денешниот ден, но без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за Предлог на закон за дополнување на Законот […]

Страна 3 од 11