среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Коридор 8 | 215 резултати

Владата итно да се посвети на довршување на пругата кон Бугарија, бара ЕУ

ноември 12, 2023

Итно да се забрза изградбата на железничкиот Коридор 8, со посебен акцент на распишување на тендерот за изведба на третата фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Крива Паланка до македонско-бугарската граница. Ова е само дел од клучните препораки од Европската комисија (ЕК) во поглавјата за транспорт и трансевропските коридори во најновиот Извештај за […]

ВМРО-ДПМНЕ како апостол на кинески „Синохидро“, ги бранат за автопатот Кичево-Охрид

ноември 8, 2023

По најавите на премиерот Димитар Ковачевски за можно раскинување на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ деновиве застана во одбрана на кинеската компанија „Синохидро“, која што беше избрана како изведувач токму од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вчерашното гостување на „Сител“ вината за недовршување на автопатот ја […]

Контраспин: Уште ќе го возиме стариот пат до Охрид, власта допрва ќе барала нов изведувач

ноември 7, 2023

Автопатот Кичево-Охрид навистина се гради речиси една деценија и после безброј анекси и ветувања сѐ уште се возиме по гужвите по стариот пат. Само, неразбирливо е зошто дури сега премиерот реши да бара ревизија на проектот и раскинување на договорот со изведувачот, кинеската компанија „Синохидро“. Зарем сега, неколку месеци пред избори ги забележа „дупките на […]

Ревизија за автопатот Кичево-Охрид, како и препроектирање на 11 нови свлечишта

ноември 6, 2023

Откако премиерот Димитар Ковачевски минатата недела најави, Министерството за транспорт и врски денеска потврди дека ќе се изврши ревизија во однос на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, но и дека ќе се бара чаре за решавање на проблемот со 11 нови свлечишта кои се имаат појавено долж целата траса и кои ќе треба допрва да се […]

Ковачевски: Можно е раскинување на договорот со „Синохидро“ за автопатот Кичево-Охрид

ноември 2, 2023

Недозволиво е пратениците во Собранието уште еднаш да разгледуваат продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој се гради веќе десетта година и треба да се размислува во насока на раскинување на договорот со кинескиот изведувач, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на пуштањето во употреба на обновениот пат Подмоље – Струга – […]

Пуштен во употреба реконструираниот пат од Струга до преминот Ќафасан

ноември 2, 2023

Реконструираниот пат Подмоље-Струга-Ќафасан денеска беше пуштен во употреба. Градежниот зафат чинеше скоро 8 милиони евра, а со неговото завршување ќе се подобри патната поврзаност меѓу Македонија и Албанија. Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и […]

Желките и натаму побрзи од пругата кон Бугарија [видео+галерија]

септември 24, 2023

Бавно тече изградбата на пругата кон Бугарија, која е придружена со протести на месното население од Куманово и нетранспарентност кон новинарите од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Инфраструктура. На дел од трасата, степенот на изведба на железничката делница меѓу Куманово и селото Бељаковце изгледа идентично како и пред три години, кога […]

Автопатот Прилеп-Битола се гради, денеска и Ковачевски ја минираше трасата

септември 14, 2023

По гостиварското село Горна Бањица, каде што пред неколку дена со минирање на теренот започна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево, денеска беше организиран и настан на автопатот Прилеп-Битола од Коридорот 10д. И тука со чин на минирање беше означено интензивирањето на градежните работи на оваа делница што ја гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Овој пат на настанот […]

„Еуровиа“ подизведува и за „Бехтел-Енка“, за опозицијата шокантен податок, за власта нема ништо спорно

септември 13, 2023

Градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Кичево вчера почнаа кај гостиварското село Горна Бањица од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Порталот А1он.мк деновиве објави дека фирмите „Еуровиа“, „АК Инвест“ и „Стентон градба“ се фирмите што се избрани за подизведувачи, додека вицепремиерот Артан Груби на вчерашната свеченост воопшто не го демантираше изборот на подизведувачи. „Целосната надлежност […]

„Бехтел-Енка“ ја почна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево

септември 12, 2023

Со минирање на теренот кај гостиварското село Горна Бањица, денеска започна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево на Коридорот 8. Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе го гради овој автопат, заедно со делниците Тетово-Гостивар, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола на Коридорите 8 и 10д. Трите автопати ќе бидат со должина од 110 километри. „Со почетокот на градбата на овие автопати почнува […]

Со автопатите на „Бехтел-Енка“ се нарушени контролните точки што обезбедуваат интегритет во одлучувањето

септември 5, 2023

Корумпираните актери прибегнуваат кон озаконување на коруптивната пракса за да осигурат дека дури и со непредвидлива иднина ќе ја избегнат правдата. Или накратко, од злоупотреба на воспоставени правила, корупцијата се преместува во доменот на воспоставување правила. Ова е еден од заклучоците од анализата на Институтот за демократија, која се фокусира на системските пропусти поврзани со […]

Автопатите на Коридорите 8 и 10д може негативно да влијаат врз шумскиот фонд

август 16, 2023

Сѐ уште не постои оцена на влијанието врз животната средина за првиот дел од автопатот Гостивар-Букојчани, каде што има пространство на шума. Заради недоволната јасност и прецизност на одредбите од Законот за животната средина, се поставува прашањето дали воопшто е започнат процесот за оцена на влијанието на делницата Гостивар-Букојчани. Ова се дел од заклучоците на […]

Хелсиншки комитет со иницијатива до Уставен за законските измени поврзани со „Бехтел и Енка“

јули 7, 2023

Хелсиншкиот комитет за човекови права доставил иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (ЗРО), поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Според […]

Бочварски очекува до 10 јули да е приспособен за сообраќај автопатот на влезот од Охрид

јуни 16, 2023

Најдоцна до 10 јули ќе биде приспособена за сообраќај автопатската делница од Подмоље до Охрид од страна на изведувачот. Ова го најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми беа на увид на градежните работи за изградба на автопатот на влезот од Охрид. Тој […]

Покрај ЕУ, за третата фаза од пругата кон Бугарија средства размислува да даде и ЕБОР

јуни 16, 2023

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) информираше дека ја разгледуваат можноста да одобрат нов заем во висина од 175 милиони евра за изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија, меѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир. Кредитот би бил одобрен на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на РСМ, а со овие средства […]

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

јуни 1, 2023

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на Коридорот 8. На настанот присуствуваа вицепремиерот Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми. Сите тие […]

Пендаровски одлучи да ги потпише измените на петте закони за коридорите 8 и 10д

мај 29, 2023

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, одлучил да ги потпише указите за прогласување на петте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Тој на прес-конференција рече дека секоја заинтерсирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој од овие закони, […]

Собранието ги изгласа измените на законите за реализација на коридорите 8 и 10д

мај 26, 2023

Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-та седница по скратена постапка ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на […]

Вжештена расправа за Законот за работни односи, ССМ вели дека се силуваат работничките права

мај 17, 2023

Измените на Законот за работни односи на расправата на седницата во Собранието ги судри аргументите на партиите од владејачкото мнозинство и на опозицијата. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците рече дека власта на брза лента ги турка законите со европско знаменце кои се однесуваат на Коридорите 8 и 10д, а претходно реагираше и Сојузот на […]

Коридорот 8 вметнат во мапата на главните коридори во рамки на ТЕН-Т мрежата на ЕУ

мај 16, 2023

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија – „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија“, со кој Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки […]

Страна 2 од 11