fbpx
Таг: Коридор 10

таг: Коридор 10

Експресниот пат Градско-Прилеп на Коридор-10 ќе продолжи да се гради, надминат е застојот

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Прилеп најави дека се надминати проблемите со изведувачите на новиот експресен пат Градско-Прилеп. Тој рече дека проблемите се решени и со почетокот на претстојната градежна сезона ќе започне силно темпо на изградба на овој експресен пат што се наоѓа на кракот Д од Коридорот-10. „Сакам да информирам дека...

Седум години се врши ремонт на пругата Ногаевци-Неготино на Коридорот 10

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ веќе седум години врши ремонт на железничката пруга Ногаевци-Неготино. Оваа делница од Коридорот 10 е долга 31 километар, а изведбените активности се одолговлекуваат во време кога соседните земји Бугарија, Грција и Србија градат брзи пруги на главните паневропски коридори што минуваат низ нивните територии. Ремонтот на пругата започна во декември 2013 година,...

Првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп ќе продолжи да се гради на почетокот од 2021 година

По повеќе од една и пол година застој во градежните работи, првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп се очекува да продолжи да се изведува на почетокот од 2021 година. Тендерот за довршување на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура долга 10 километри беше распишан на 4 септември, а рокот за доставување на понудите од заинтересираните компании е...

Проработе патарината „Демир Капија“ на автопатот Скопје-Гевгелија, автомобилите ќе плаќаат 80 денари

Најновата наплатна станица „Демир Капија“ на автопатот Скопје-Гевгелија од 28 октомври е пуштена во употреба, потврдија за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Патарината на оваа наплатна станица чини 80 денари за автомобилите, мотоциклистите ќе плаќаат 50 денари, додека другите категории на возила ќе плаќаат од 130 до 340 денари. Патарината во Демир Капија е последната наплатна станица што...

Автопатот, пругата, гасоводот и заедничкиот граничен премин ветени во Приштина меѓу Бочварски и Абраши

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска престојуваше во официјална посета на Приштина, каде што се сретна со неговиот косовски колега Арбан Арбаши. На средбата се дискутирало за неколку инфраструктурни проекти, кои би овозможиле посилен регионален развој, информираат од Министерството за транспорт и врски. Во однос на ветената изградба на заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Косово во...

Ковид-19 ги намали за над 4,3 милиони евра приходите од патарина во третиот квартал

Пандемијата на ковид-19 негативно влијае врз приходите од патарина што ги остварува Јавното претпријатие за државни патишта. Во периодот јули-септември 2020 година од наплатата на патарина во земјава бил остварен вкупен промет од 9.790.479 евра, информираат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. Во идентичниот квартал минатата година, од патарините по сите основи биле инкасирани над 14,1 милиони евра,...

ЕУ нуди средства за железница, владата повеќе сака да гради патишта

Европската комисија во Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан во делот за нашата земја посочува дека ќе ја финансира изградбата на нова и надградбата на постојната железничка инфраструктура. Во финансискиот пакет вреден 9 милијарди евра, кој за земјите од Западен Балкан ќе бидат достапни преку ИПА III фондовите, но и преку дополнителни грантови и кредити што би ги добиле наредниве...

Се реконструира автопатот Петровец-Катланово, граѓаните бараат да се работи навечер

Јавното претпријатие за државни патишта ја започна реконструкцијата на автопатската делница Петровец-Катланово на патниот Коридор 10. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните работи на проектот вреден 7,2 милиони евра. Градежните екипи работат на рехабилитација на коловозот во вкупна должина од 10 километри во двата...

Министерот Бочварски вети дека годинава ќе се пушти во функција пругата Битола-Кременица

Извор: Facebook page of the Bitola-Kremenica Project
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Пелагонискиот регион порача дека изградената пруга Битола-Кременица годинава ќе биде ставена во функција. Тој информираше дека моментов се вршат последните тестирања на новата пруга и се очекува до крајот на годинава да се пушти во употреба железничката станица во Жабени, од што бенефит ќе има и тамошната индустриска...

ЕБОР го објави тендерот за доградба на првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го објави тендерот за довршување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп. Меѓународниот тендер ги повикува градежните компании да достават понуди најдоцна до 3 ноември за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура во должина од 10 километри. Изведбата на градежните работи се очекува да започне во декември 2020...

Тендерот за „интелигентен видео-надзор“ на Коридор 10 повторно одложен за крајот на 2021 година

Втора година по ред се одложува распишувањето на меѓународниот тендер за изградба на комуникациско - информациски систем за контрола и управување на сообраќајот (Интелигентен транспортен систем - ИТС) на Коридорот 10. Овој пат, појавата на корона вирусот и целокупната криза што тој ја предизвика во земјава доведоа до ново одложување на објавата на тендерот, со кој на автопатот од...

Корона вирусот во вториот квартал ги намали приходите од патарини за 40,7 отсто

Јавното претпријатие за државни патишта во вториот квартал од годинава регистрирало намалување на вкупниот остварен промет од патарини за 40,7 отсто, како и намалување од дури 51,75 отсто на бројот на наплатени возила во споредба периодот април-јуни 2019 година. Од ова претпријатие велат дека негативниот исход се должи на корона кризата, која доведе до вонредна ситуација во земјава, затворени...

Со буџетскиот ребаланс не се скратија парите за изградба на пругата кон Бугарија

Со ребалансот на буџетот за 2020 година се скратија средства од над 12 милиони евра што беа предвидени годинава да се инвестираат во железничката инфраструктура во земјава. Пандемијата со корона вирусот и неопходноста за намалување на буџетските расходи како резултат на забавените економски активности придонесоа првично планираните 43 милиони евра да се намалат на 30,6 милиони евра, колку што...

Корона вирусот за 9,79 отсто ги намали приходите од патарина во периодот јануари-април

Пандемијата со корона вирусот и воведувањето на полицискиот час осетно ја намали наплатата на патарина во земјава. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ велат дека приходите од наплата на патарина во периодот јануари-април 2020 година се намалени за 9,79 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Во првите два месеци од годинава е забележан раст на...

До јуни ќе се објави тендерот за довршување на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

Јавното претпријатие за државни патишта планира до крајот на мај или почетокот на јуни да го објави тендерот за довршување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско - Прилеп. Градежните работи за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура запреа минатото лето, а беше раскинат и договорот со претходниот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“. Директорот на ЈП за...

Корона кризата нема да го откаже воведувањето на видео-надзорот на автопатот на Коридор 10

Епидемијата со корона вирусот во нашата земја нема да ја откаже реализацијата на проектот за воведување на Интелигентен транспортен систем (ИТС) на автопатот долж Коридорот 10. Од Министерството за транспорт и врски најавуваат пролонгирање на објавата на тендерот за избор на изведувач, па така наместо кон средината на годинава, тој ќе биде објавен до крајот на 2020 година. Од...

Годинава целосно ќе се реконструира оштетениот дел од патот Градско – Прилеп

До крајот на месецов треба да заврши реконструкцијата на магистралниот пат Дреново - Фариш во должина од 9,1 километри. Проектот вреден 1,5 милиони евра ќе обезбеди зголемување на безбедноста во сообраќајот и побрза патна врска на Пелагонискиот регион со останатиот дел од земјава, информираат од Министерството за транспорт и врски. Увид во градежните работи на терен денес извршија министерот...

Пролетва тендер за изведба на првата и третата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

И покрај тоа што беше најавено за јануари, објавувањето на тендерот за продолжување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско - Прилеп е поместено за претстојнава пролет. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека со експерти од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) започнале со изработка на тендерската документација за делницата од Фаришка и Дреновска...

Возачите негодуваат за лошата состојба на автопатот Скопје – Велес

Нереконструиран коловоз и дупки во асфалтот, одрони на патот, недоволно осветлување на критичните места и недоволно одржување во зимските месеци се само дел од забелешките на граѓаните што патуваат на автопатот меѓу Скопје и Велес. Тие плаќаат патарина од 120 денари по еден правец. Најгласни во негодувањата за состојбата на автопатот Скопје - Велес - Скопје се граѓаните од Велес....

Мицкоски предизборно ветува авион до Америка и автопат до Битола

Автопат Велес - Битола, експресен пат Куманово - Крива Паланка, експресен пат Битола - Меџитлија, експресен пат Струмица - граница со Бугарија се само дел од предизборните ветувања на опозициската партија ВМРО - ДПМНЕ, кои денес беа изложени од нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. Како и пред секои избори до сега, ветувањата на политичарите добиваат небесни димензии овој пат и...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...