fbpx
Таг: Коридор 10

таг: Коридор 10

Владата на средба со „Бехтел-Енка“, ветуваат дека автопатите ќе ги градат локални компании

Премиерот Зоран Заев во придружба на министри и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска остварија средба со делегација на меѓународниот конзорциум „Бехтел-Енка“, којашто ја предводеше претседателот на единицата за инфраструктура на американската компанија „Бехтел“ Шон Кени, информираат од владината прес-служба. На состанокот се разговарало за актуелната фаза за реализација на Меморандумот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8,...

Платформа за борба против корупцијата: Се поткопува владеењето на правото со законот „Бехтел-Енка“ да гради автопати

Со одлуката за носење на посебно скроен закон за изградба на автопатишта со стратешкиот партнер Бехтел и Енка, се поткопуваат темелите на владеењето на правото, реагираат од Платформата за борба против корупцијата која е составена од 17 членки – организации кои работат на теми од антикорупција, владеење на правото и добро управување. „Во состојба во која постојат веќе воспоставени начини како...

Антикорупциска го оспори пред Уставен суд законот за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

Десетина дена откако помина во Собранието на РСМ и беше потпишан од претседателот на државата, Стево Пендаровски, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ја испрати до Уставниот суд иницијативата за оценување на уставноста на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10д. За законот,...

Кинески „Синохидро“ и австриски „Штрабаг“ ја презедоа изградбата на патот Градско-Прилеп

По подолготрајниот застој и проблеми, продолжува изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп на патниот Коридор 10д. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во градежните работи. Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 километри и вредност од 24,7 милиони евра. До сега се изградени...

По пратениците, и Пендаровски согласен на законот за номинирање стратешки партнер за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

Иако Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) побара од претседателот Стево Пендаровски да не го потпише штотуку усвоениот „Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10“, или кратко законот за давање на овие проекти без јавно наддавање на конзорциумот „Бехтел-Енка“, претседателот Стево Пендаровски го...

Во Собранието поднесен законот за номинирање стратешки партнер за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

Пратениците Јован Митрески, Арбер Адеми, Сурија Рашиди, Кастриот Реџепи го поднесоа предлог-законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на автопатите на Коридорите 8 и 10д во земјава. Законското решение ќе се носи по скратена постапка и веќе е поставено на дневен ред на 45. Седница на Собранието на РСМ. Ваквиот потег доаѓа откако...

Кинески „Синохидро“ и австриски „Страбаг“ ќе го довршуваат експресниот пат Градско-Прилеп

Претстојново лето ќе продолжи изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, каде што месеци наназад не се одвиваа никакви градежни работи поради тоа што претходните компании-изведувачи ја напуштија трасата и ги оставија делниците недовршени. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција информираше дека за најновите активности околу продолжување на изградбата на овој експресен пат. Австриската компанија „Страбаг АГ“ е...

АА и Алтернатива од Уставниот суд бараат да се изјасни за бесплатната патарина за српските туристи

Опозициската коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска пред Уставниот суд поднесе иницијатива за проценка на законитоста на одлуката на македонската влада со која граѓаните на Србија се ослободуваат од плаќање патарина во летниот период. Правниот претставник на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, адвокатот Абидин Абдули, откако ја поднесе иницијативата до Уставниот суд изјави дека секоја одлука на владата...

За 200.000 бесплатни картички за патарини за српските туристи ќе издвоиме 2,8 милиони евра

Како што вети македонската влада уште за време на пристигнувањето на донираните вакцини против ковид-19 од Србија, државјаните на оваа соседна земја летово ќе бидат ослободени од плаќање патарина на македонските автопати. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски за начинот на кој ќе...

Според фреквенцијата на возила, Коридорите 8 и 10д не треба да бидат во целост автопати [инфографик]

Додека јавноста ги очекува надлежните институции да излезат со предлог-решението за моделот по којшто ќе се градат новите автопати долж Коридорите 8 и 10д, податоците од изминативе години покажуваат големи разлики во фреквенцијата на возила на поединечни делници на кои е предвидено да се гради автопат. На крајот од март, владата со конзорциумот „Бехтел-Енка“ го потпиша Меморандумот за разбирање...

Платформа за борба против корупција: Изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10 да биде низ транспарентен процес

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува загриженост од ниското ниво на транспарентност на процесот со кој Владата на РСМ ја договара изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10. „Од информациите кои и се достапни на јавноста не може да се утврди оправданост за најавеното склучување на директен договор за реализација на инфраструктурни проекти без да...

Заев очекува до почетокот на јуни предлог-решение за изградба на автопатите на Коридорите 8 и 10д

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е можно до крајот на мај или почетокот на јуни надлежните институции во земјава да го изготват предлог-решението за моделот по кој ќе се реализира најавената изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Заев денеска изјави дека владините стручни служби предводени од вицепремиерот Артан Груби, министерот за...

ЕУ е подготвена да ја поддржи изградбата на брза железничка пруга од Белград до Табановце

Брза пруга од Белград до македонско-српската граница кај Табановце е капиталниот инфраструктурен проект за кој Европската унија е подготвена да ја поддржи Србија со финансиска инвестиција помеѓу 35 и 50 отсто од неопходните средства, или од 600 до 700 милиони евра, јавува белградскиот весник „Политика“. Ова е епилогот на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на Европската...

На автопатот Скопје – Велес се гради трета коловозна лента меѓу Катланово и Петровец

Со силен интензитет се изведува третата коловозна лента на автопатската делница Петровец - Катланово. Покрај нејзината изградба, екипи на градежната фирма „Бетон“ од Скопје вршат и комплетна рехабилитација на оваа делница од патниот Коридор 10. Ова го истакна министерот Благој Бочварски, кој заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во градежните работи. Станува...

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ влегува во изградба на автопатите на Коридор 8 и 10д

Вицепремиерот Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка за изработка на проектна документација и изградба на автопатските делници Тетово - Гостивар - Букојчани и Требеништа - Струга - Ќафасан од патниот Коридор 8, како и...

По две години застој, пролетва треба да продолжи изградбата на првата фаза од патот Градско-Прилеп

Наредните денови треба да се потпише договорот со најповолниот изведувач што треба да ја доврши изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп на кракот Д од Коридорот 10. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека до крајот на март годинава треба да се избере компанијата-изведувач. Извештајот од евалуациите на понудите е испратен до Европската банка за обнова и...

Наместо нова пруга со кинески кредит што води кон кредитно ропство, потребна е реконструкција на постоечката [инфографик+фото]

Поголеми инвестиции во ремонт на пругите, почитување на зададените рокови за нивна изведба и подигање на максималната брзина на движење на возовите на 120 километри на час меѓу Табановце и Гевгелија. Без да се постигнат овие цели во претстојниот период од страна на државните власти, железничкиот Коридор 10 нема да може да биде конкурентен во однос на автопатот, ниту...

Интелигентниот транспортен систем на Коридор 10: Годинава на тендер, догодина ќе се стави во функција

Програмата за економски реформи 2021-2023 година што беше донесена на вчерашната владина седница прецизно ја утврдува динамиката за реализација на Интелигентниот транспортен систем (ИТС) на автопатот долж Коридор 10, проект за кој „Мета.мк“ веќе подолг период наназад известува. Годинава треба да се забрза практичната имплементација преку распишување на меѓународниот тендер за изведба на Интелигентниот транспортен систем (комуникациско – информациски...

Лани се работеше на изведба, годинава ќе се пуштаат нови патишта, роковите остануваат менлива категорија

Северна Македонија годинава очекува засилен развој на патната инфраструктура и пуштање во употреба на неколку нови патишта коишто се градеа во изминатите години. И покрај вообичаените доцнења кај изведбата на проектите од цел спектар на вообичаени проблеми што лани беше надополнет со ковид-19 пандемијата, во 2021 година подобрувањето на патната инфраструктура ќе биде особено видливо во источниот дел на...

За железницата 2020 е промашена година, наредниве 12 месеци да нема одложување на проектите

За развојот на железничката инфраструктура и транспорт во земјава, минатата година претставуваше период што го одбележаа мноштво негативни и многу малку позитивни настани. Со право може да се констатира дека 2020 беше промашена година за железницата, ако се земе во предвид фактот дека беше сопрена изградбата на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од Коридорот 8 кон Бугарија и беше...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...