Таг: Коридор 10
таг: Коридор 10
Пругата Скопје-Велес ќе биде затворена за сообраќај од 8 до 14 часот до 10 јули
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура информира дека пругата Скопје-Велес ќе биде затворена за сообраќај од 26 јуни до 10 јули во периодот од 10 до 14 часот поради изведба на санациони работи. Патничките возови Скопје-Велес и Велес-Скопје, кои поаѓаат од 9:15 часот од Скопје, односно од 12:10 часот од Велес нема да сообраќаат овој временски период, освен во недела...
Се реконструира автопатот Неготино-Демир Капија, возилата се движат по стариот пат
До април наредната година ќе се реконструира автопатот Неготино-Демир Капија во должина од 15 километри. Делницата во правец од Гевгелија кон Скопје е затворена за сообраќај веќе неколку недели, а возачите се пренасочуваат на стариот пат меѓу Демир Капија и Неготино. Проектот за рехабилитација чини 9 милиони евра, а средствата се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта.
Премиерот Димитар...
Пендаровски одлучи да ги потпише измените на петте закони за коридорите 8 и 10д
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, одлучил да ги потпише указите за прогласување на петте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Тој на прес-конференција рече дека секоја заинтерсирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој од овие закони, вклучувајќи го и оној за...
Собранието ги изгласа измените на законите за реализација на коридорите 8 и 10д
Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-та седница по скратена постапка ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д.
Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со...
Вжештена расправа за Законот за работни односи, ССМ вели дека се силуваат работничките права
Измените на Законот за работни односи на расправата на седницата во Собранието ги судри аргументите на партиите од владејачкото мнозинство и на опозицијата.
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците рече дека власта на брза лента ги турка законите со европско знаменце кои се однесуваат на Коридорите 8 и 10д, а претходно реагираше и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од...
Од Владата најава за изградба на четврти блок во РЕК Битола и брза пруга кон Србија
За земјава да ја постигне енергетската независност од руски гас, клучно е во претстојниот период да се изгради интерконективниот гасовод од Неготино до Грција. САД даваат огромна поддршка на земјава, а од Владата повикуваат што поскоро во Собранието да се одблокира донесувањето на законот преку кој Електрани на Северна Македонија ќе биде во можност да влезе во инвестицијата за...
Ковачевски на камен-темелник за Коридорот 10-д: Доста беше зборување, да се фатиме за работа
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Прилеп присуствуваше и се обрати на настанот по повод означување на почетокот на реализацијата на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на Коридорот 10-д.
Вицепремиерот Артан Груби, овојпат облечен во бела маица на која е отпечатен бројот на Коридорот 10-д, рече: „Подгответе се и качете се сите на овој воз што вози...
Со кавги започна комисиската расправа за петте предлог-закони со ЕУ знаменце
Започна расправата во собраниската Комисија за европски прашања за петте предлог-закони кои Владата ги достави до Собранието со „европско знаменце“. Пратениците од власта и опозицијата уште на првата точка, во однос на предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи, жестоко се искараа.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во своето обраќање пред комисијата рече дека измените и дополнувања на...
Немаме автопат, но на Коридорот 8 имаме повеќе возила отколку на Коридорот 10 [инфографик]
Изградбата на Коридорот 8 кон запад за Македонија во моментов е поисплатлива инвестиција од патниот Коридор 10. Податоците од автоматското и рачното броење на возилата на патните делници на овие два коридора што минуваат низ земјава покажуваат дека на патиштата од Скопје до македонско-албанската граница има поголема фреквенција на возила од патниот Коридор 10. Сепак, Македонија пред неколку години...
Собранието го усвои дневниот ред на седницата, на која се разгледуваат петте владини закони со ЕУ знаменце
Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 115-тата седница, откако претходно во претпладневните часови ја потврди потребата за носење на предложените измени на пет закони по скратена постапка, со употреба на системот на „европско знаменце“. Овие предложени законски измени Владата ги испрати до пратениците, откако претходно изминатиов петок беа усвоени на владина седница.
Станува збор за предложените измени на Законот...
Гир: Загриженоста за користењето европско знаменце е кога нема усогласување со европската регулатива
Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска реагираше дека земјава не може да го користи системот „европско знаменце“ при донесувањето на закони во Собранието, во случаи кога се усвојуваат законски решенија што не се во согласност со регулативата на ЕУ.
Гир рече дека системот „европско знаменце“ при усвојувањето на закони во Собранието е дизајниран да се користи кога треба...
Објаснувањето на Груби за европското знаменце на законите за автопатите е контрадикторно
Не постои никаква логика европското знаменце да биде ставено затоа што ЕУ ги вброила коридорите 8 и 10 во геостратешки коридори. Впрочем и Делегацијата на ЕУ кажа дека не мисли така. Освен тоа, и самото наведување дека цената ќе била поевтина со измените е дискутабилно, зашто договорот нема превидено точна цена на изградба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу...
Петте предлог-закони со европско знаменце од Влада стасаа во Собрание
Македонската влада ги испрати до Собранието на РСМ петте предлог-измени на законите кои ги усвои во петокот, а со кои би се зголемила ефикасноста во изградбата на инфраструктурните објекти од стратешки национален и јавен интерес. На веб-страницата на Собранието на РСМ е објавено дека овие предлог-закони со европско знаменце ќе се најдат пред пратениците на 115-тата седница закажана за...
Договорот со „Бехтел-Енка“ стигна до обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ реагира
Јавното претпријатие за државни патишта вчера до обвинителството го доставило потпишаниот договор за изведба и надзор над изградбата на автопати на Коридорите 8 и 10д, по доставеното барање на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
„Претходно, ЈП Државни патишта до обвинителството ги достави броевите на огласите од јавните набавки поврзани со Коридорите 8...
Владата до Собранието достави пет предлог закони со европско знаменце за Коридорите 8 и 10д
Владата на денешната седница усвои пет предлог закони со европско знаменце кои ќе ги достави до пратениците во Собранието, а кои се однесуваат на изградбата на инфраструктурни проекти од национален и јавен стратешки интерес, вклучувајќи ги и автопатите од Коридорите 8 и 10д. За ова денеска информираше вицепремиерот Артан Груби на прес-конференција, на која потенцираше дека со промените на...
Од 8 до 20 мај ќе има затворање на пругата Велес-Гевгелија
Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради реконструкција на пругата ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ.
Во овој период, патничкиот воз со број 632 на релација Гевгелија – Скопје од железничката станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути,...
Коридорите 8 и 10д и договорот со Бехтел и Енка – главна тема на пратенички прашања
Изградбата на коридорите 8 и 10д и договорот со „Бехтел и Енка“ беше главна тема на денешните пратенички прашања во Собранието. Пред пратениците најдолго образложуваше премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека „овој проект значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните 5 години“.
На седницата за пратенички...
МТСП: Работниците на Коридорите 8 и 10д ќе потпишуваат изјава ако сакаат да работат прекувремено
Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено, а доколку не сака, нема да биде принуден со сила, велат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а во врска со ангажманот на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д.
„Согласно законот, работниците ќе имаат и слободен ден. Законите постојат за да ги штитат граѓаните....
Груби: Наместо милијарда евра за стиропор и споменици, вложуваме средства во автопати
Наместо 1 милијарда евра кои претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги потроши на стиропор и споменици, актуелната власт таа милијарда ќе ја даде на автопати за да ги спои граѓаните. Ова го изјави првиот вицепремиер Артан Груби на денешната конференција „Бехтел и Енка - можности, предизвици и одговорности“. Тој рече дека во неколку наврати се сретнал и со лидерот на...
Започнува реализацијата на договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д
Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека од денеска започнува реализацијата на Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д.
Според договорот, од денеска започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти, основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање.
Паралелно со ова започнува мобилизација на персонал за...