fbpx
Таг: контрола

таг: контрола

Земјите од ЈИЕ заеднички ќе го контролираат малото и лесно оружје

Замениците-министри за внатрешни и надворешни работи на земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) изразија решителност во иднина заеднички да работат на контролата на малото оружје и лесното вооружување во регионот. Оваа обврска е наведена во заедничката изјава усвоена на регионалната конференција на високо ниво „Јакнење на обврските за контрола на малото оружје и лесното вооружување во ЈИЕ“ што синоќа заврши во...

Јавниот превоз од денеска повторно е бесплатен, поради загадениот воздух

Градот Скопје од денеска воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници, а мерката ќе трае се до моментот на намалување на загадувањето. Мерките се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање дека прагот на алармирање за ПМ-10 честичките во воздухот е надминат во текот на два дена последователно, односно над 200...

Институциите не ги спроведуваат препораките од ревизорите за финансиското работење

Државните институции имплементирале многу малку препораки од Државниот завод за ревизија по контролите на нивното финансиско работење, информираше портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Затоа, на владина седница било заклучено дека ќе бидат преземени поригорозни мерки за да се подобри ефикасноста на контролата на трошење на јавните финансии. - Многу малку препораки се имплементирани по завршувањето на ревизиите. Се носат заклучоци, но институциите...

Владата го утврди предлог-законот за поголема контрола на паралелниот увоз на лекови

Владата на денешната 47. седница го утврдила и донела одлука да го достави до Собранието новиот предлог-закон за лековите и медицинските средства, со кој се зголемува контролата на паралелниот увоз на лекови во земјава. Како што се наведува во соопштението на владината прес-служба, со предложените решенија веледрогериите се задолжуваат да обезбедат пообемна документација за квалитетот на лековите од паралелен...

Затворени 19 објекти и приведени 26 лица при рација на МВР во Тетово, Битола и во Велес

При спроведени контроли на подрачјата на СВР Тетово, СВР Битола и СВР Велес, приведени биле 26 лица, а привремена забрана за работење добиле 19 угостителски објекти, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски. Во некои од локалите бил откриен незаконски престој на лица во Република Македонија, користење наркотици, како и управување возила под дејство на...

Војската ја презеде контролата во Зимбабве, Мугабе и семејството во притвор

Владејачката партија во Зимбабве - Зану ПФ преку „Твитер“ соопшти дека Емерсон Мнангагва е именуван за привремен претседател на оваа африканска држава и дека досегашниот претседател Роберт Мугабе и членови на неговото семејство се приведени, јавуваат светските медиуми. Мнангагва претходно беше сменет од функцијата потпретседател на земјата поради „нелојалност“. Медиумите потсетуваат дека тој тогаш бил сменет на иницијатива на сопругата...

Според новиот пакет закони, работата на полицијата ќе ја контролира Обвинителството

Министерството за правда ја почна подготовката на пакетот измени во неколку закони со кои треба да се обезбеди надворешна независна контрола на работата на полицијата. Според известувањето, објавено денеска, измените ќе се прават во Законите за јавно обвинителска служба, за јавно обвинителство, за Совет на јавни обвинители и во Кривичниот законик. Подготвувањето на измените во четирите закони почнало вчера, а новите...

Вангеловски ќе врши контроли во судовите за функционирањето на АКМИС

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, вчера бил во Основниот суд Гевгелија за да изврши контрола во функционирањето на автоматизираниот систем за управување со судските предмети (АКМИС) во судот, соопшти денеска Врховниот суд. Од судот велат дека по добивањето на извештајот од анализата на функционирањето на АКМИС, ќе бидат „донесени соодветни заклучоци, за кои јавноста ќе биде информирана“. Вакви посети во...

Манчевски: Контролата на прислушувањето е дел од реформите во судството и во УБК

Во четири различни приоритети од планот „3-6-9“ - Собрание, судски реформи, реформа во разузнавачките и безбедносните служби и борба против организираниот криминал и корупција, вклучени се мерки кои се однесуваат на следењето на комуникациите. Ова денеска го изјави  министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на промоцијата на студијата „Кон граѓанскиот паноптикон - Подобра рамнотежа меѓу заштитата на...

Џафери до Заев: Пратенички прашања може, но по локалните избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери во одговорот на писмото на премиерот Зоран Заев, вели дека пратеничките прашања се предвидени со Деловникот на законодавниот дом и уверува дека тие ќе почнат да се реализираат по локалните избори. „Собранието во Деловникот го има регулирано прашањето на пратеничките прашања, а идејата, односно подготвеноста на Владата за целосна транспарентност и надзор да се овозможи...

Во воздушни напади во Сирија загинале 29 лица

Сириската опозиција соопшти дека изминатите два дена во воздушни напади на северот на Сирија, кој е под контрола на Исламската држава, загинале најмалку 29 лица. Коалицијата предводена од САД се обидува повторно да воспостави контрола на Рака, а силите предводени од Курдите, моментно контролираат половина од тој сириски град. Опсерваторијата за човекови права соопшти дека воздушните напади се интензивирале во изминатите...

Полскиот парламент го усвои законот за реформи во Врховниот суд

Горниот дом на полскиот парламент го усвои законот за реформи во Врховниот суд, кој беше предлог на владејачката партија Право и правда, а за која критичарите велат дека го поткопува принципот на поделба на власта на извршна и на судска, пренесуваат светските медиуми. Со усвојувањето на оваа, според многумина, контроверзна реформа, се зголемува политичката контрола врз Врховниот суд, и покрај масовните улични...

Франција предлага подобра контрола на муницијата на Балканот

Франција на неодамнешниот самит за Западен Балкан во Трст предложила иницијатива што треба да овозможи подобра контрола на муницијата и на лесното вооружување во балканските земји. - Предложивме подобра соработка кога станува збор за складирање оружје и подобра контрола на лесното вооружување, што е водечки проблем во регионот. Сметам дека тоа е чекор напред во поглед на безбедноста. Слично на тоа, имавме...

Груевски: Јас ветувам и потпишувам и затоа следам дали се реализира

Како лидер на партија имам одговорност дадените ветувања кон граѓаните да бидат реализирани и затоа ќе продолжам да ги следам реализациите на проектите што сме ги ветиле и ќе продолжам тоа да го правам, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски откако за време на увидот на реконструкцијата на Офицерскиот дом повторно беше прашан во какво својство ги врши...

Дваесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа во Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што рано утрово, во пет часот, се случи на регионалниот пат Свети Наум - Охрид, во близина на Хидро-биолошкиот завод, информира СВР-Охрид. „Од добиените повреди, на местото на настанот животот го загуби Дејан Т. (20), додека тешки телесни повреди добил Р.Д. (25), двајцата од Охрид. Поради тешките повреди и сериозната здравствена...

Новите шенгенски правила предизвикаа километарски колони на границите на ЕУ

Новите шенгенски правила за контрола на патниците предизвикаа проблеми на границите и на аеродромите, особено за време на продолжениот викенд за Велигден. Според новите правила, кои почнаа да се применуваат од 7 април годинава, контрола на патните документи се врши на сите лица без разлика дали се жители на Европската Унија или не се. Контролите се дел од мерките за...

Иванов од Будимпешта распали по невладините организации во Македонија

Мора да се зајакне контролата и транспарентноста во финансирањето на работата на невладните организации, мора да се отфрлат сите сомнежи и да се направена дистинкција помеѓу невладините организации кои навистина работат во интерес на народот и тие што само се кријат зад името НВО. Ова го изјави претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во дел од интервју за унгарскиот весник „Маџар хирлап“...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос сакаат да ги уништат медиумите врз кои немаат контрола

СДСМ и Сорос сакаат да ги заплашат и уништат медиумите врз кои немаат контрола и активно се борат против секоја мисла различна од нивната, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа аболицираниот криминалец Зоран Заев за свои политички непријатели нарече неколку национални телевизии и весници. Соросовиот новинарски синдикат призна дека Зоран Заев се шетал и ги злоупотребувал приватните разговори...

Сириската војска ја презеде контролата врз Алепо

Сириската војска денеска соопшти дека ја презела целосната контрола над градот Алепо, по евакуацијата и на последната група цивили и бунтовници од градот, јавува „Би-би-си“. Претставник на Обединетите нации (ОН) претходно соопштил дека за една недела, односно од минатиот четврток до денеска повеќе од 34.000 лица биле евакуирани од градот. Евакуираните цивили и припадници на бунтовничките сили се однесени на територија...

Сириската војска го зазеде стариот дел на Алепо

Сириската војска денеска ја презела целосната контрола над стариот дел на Алепо, кој беше држен од бунтовничките сили, соопшти сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Сириската војска во стариот дел на градот, кој е втор по големина во Сирија, влегла вчера. Како што јавуваат агенциите, бунтовничките сили во последните две недели изгубиле две третини од...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...