fbpx
Таг: Конгрес

таг: Конгрес

ОМД: Писмено барање од 32 конгресмени за Тилерсон да ја посети Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), глобална организација на Mакедонците во дијаспората, изрази благодарност кон Конгресната група на пријатели на Македонија и на македонската дијаспора во САД за испратеното писмо до државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, да ја посети Македонија, што би го зајакнало стратешкото партнерство помеѓу САД и Македонија. Посетата на државниот секретар Тилерсон би била прва негова посета на...

Републиканците не можат да обезбедат мнозинство за укинување на „Обамакер“

Републиканските нацрт-реформи во здравствениот систем на САД повторно се блокирани поради несогласување меѓу членовите на републиканското мнозинство во Горниот дом на Конгресот. Ова, како што оценуваат агенциите, е уште еден удар за американскиот претседател Доналд Трамп, кој во текот на изборната кампања ја ветуваше реформата. Двајца сенатори вчера изјавиле дека нема да ги поддржат реформите, со што вкупно четворица од...

Конгресмени поднесоа тужба против Трамп за примање пари од странски влади

Околу 200 конгресмени од редот на Демократската партија денеска поднесоа тужба против американскиот претседател Доналд Трамп пред федералниот суд, тврдејќи дека примал финансиски средства од странски влади преку своите компании, а без одобрување на Конгресот, што претставува кршење на Уставот на САД. Во тужбата, која ја поднесоа најмалку 30 сенатори и 166 членови на Претставничкиот дом, стои дека Трамп не...

Заев реизбран за лидер на СДСМ, побара трпение и вети сегашност и иднина за сите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на 22. конгрес на партијата беше повторно избран за претседател на партијата, а Радмила Шекеринска беше реизбрана за заменик претседателка. Од 723 делегати, на конгресот гласале 643, а од нив 597 делегати му дале поддршка на Заев кој беше единствен кандидат за лидер на партијата. На конгресот избрани се и членови на Централниот и на Надзорниот...

ВМРО-ДПМНЕ: Обраќањето на Заев е полно со празни зборови, популизам и лицемерие

Празни зборови, популизам и куп лицемерие. Овие карактеристики кои беа главно обележје на делувањето на Зоран Заев и СДС изминативе години, беа основата и на неговото обраќање со кое повторно бара поддршка за задржување на лидерското место во партијата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на Заев на 22 конгрес на СДСМ. „Зоран Заев како лидер на СДС...

Груевски: На конгресот на СДСМ гледаме луѓе препознатливи по корупција и криминал

На конгресот на СДСМ гледаме луѓе препознатливи по корупција, криминал, по лажни информации и лажни ветувања, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по официјалното пуштање во работа на германската инвестиција „Лутекс“ во погоните на поранешна „Нонча Камишева“ во Велес. - Ги гледаме горе-долу истите луѓе коишто ги препознаваме од нивното владеење, по корупција, по криминал, по неработење, по лажни ветувања, по...

Заев: Со сета сила ќе се борам против поделбите кои што го ослабнаа општеството

Живот во Македонија за сите. Од денеска ова е наша заедничка света обврска. Ова не е крај на битката за животот што го избравме. Ова е нашиот почеток, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на почетокот на 22. Конгрес на партијата кој се одржува денеска во хотелот „Александар Палас“. - Од денеска пред нас се отвора широко поле за обнова...

СДСМ денеска на конгресот ќе го реизбира Заев

Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје денеска ќе се одржи 22. редовен конгрес на СДСМ, на кој, покрај другите точки, ќе се изврши реизбор на Зоран Заев за претседател на партијата и ќе се избере нов состав на Централниот одбор. СДСМ на почетокот на месецот распиша конкурси за самокандидирање на заинтересирани за функцијата претседател на партијата и за членови на...

Со предлог-буџетот Трамп бара укинување на „Гласот на Америка на македонски јазик“

Предлог-буџетот на Белата куќа за 2018 година, кој е испратен до Конгресот предвидува укинување на „Гласот на Америка на македонски јазик“ и намалување на буџетот на „Радио Слободна Европа“ на македонски јазик. Ова е единствено укинување и редукција на средства од сите сервиси во регионот. Нема никакви укинувања на сервисите на српски, албански јазик, во Босна, итн. Македонскиот е единствениот...

Друштвото „Илинден“ учествува на 62. Конгрес на ФУЕН во Романија

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, од денеска до 21 мај, учествува на 62. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во Република Романија. Организатор на конгресот е Демократскиот сојуз на Унгарците, организација која ги застапува интересите на ова малцинство во Романија. Најавено е учество на 250 претставници на малцинствата од цела Европа. Македонско друштво „Илинден“ од Тирана е единствено што ги...

Путин е подготвен на Конгресот на САД да му даде снимка од разговорот на Трамп со Лавров

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не му дал никаква доверлива информација на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за време на состанокот во Белата куќа на 10 мај. Путин рече дека може да ја предаде снимката од разговорот меѓу Трамп и Лавров на американскиот Конгрес. Рускиот претседател смета дека на Трамп не му се дозволува одговорно...

Само Заев кандидиран за претседател на СДСМ, поддршка од сите општински комитети?

Засега не можеме да излеземе со информации, затоа што треба да провериме какви пријави се стигнати на конкурсот. Дури од утре ќе може да дадеме соодветни информации, изјави пред малку портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прашањето колку кандидатури за претседател на партијата и за членови на централниот и на надзорниот одбор на СДСМ се пристигнати до вчера, кога...

Џафери и Јанева се сретнале со делегација на Конгресот на САД

Делегацијата на претставници на Конгресот на Соединетите Американски Држави, која денеска беше во посета на земјава, имала средби и со новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, и со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, соопштија од Амбасадата во САД во Македонија. „Двопартиската делегација, предводена од конгресменот Боб Гудлејт, претседател на Комитетот за правосудство, се сретна со претседателот на...

Конгресот на СДСМ на 27 мај, детали не се откриваат

Редовниот 22. конгрес на СДСМ, за кој вчеравечер информираше партијата известувајќи дека е одржана седница на централниот одбор, ќе се одржи на 27 мај, објаснија од СДСМ за „Мета“. Во вчерашното соопштение беше само наведено дека е утврден датумот, но тој не беше наведен. Од СДСМ, сепак, не сакаа да откријат повеќе детали за содржината на конгресот и за тоа...

Смена на врвот на истражната комисија на американскиот Конгрес

Претседателот на одборот на Претставничкиот дом за разузнавачки работи, Девин Нунез, привремено се повлече од местото шеф на истражниот тим на Конгресот на САД за наводното руско хакирање, поради етичката истрага против него. Тој сега е под истрага на Етичкиот одбор на Претставничкиот дом, кој разгледува дали републиканецот Нунез неовластено објавувал доверливи податоци. Нунез рече дека обвиненијата против него се „целосно...

Конгресот на САД ја поништи регулацијата за приватност на интернет

Претставничкиот дом на американскиот конгрес ги отфрли правилата за приватност на интернет, со што им се овозможи на интернет-провајдерите да ги продаваат податоците на корисниците на трети лица. За поништување на предлог-регулацијата што ја воспостави Комисијата за федерална комуникација во октомври, за време на претседателот Барак Обама, гласаа 215 конгресмени, додека 205 беа против. Претходно предлогот во Сенатот мина со 50 гласа...

Зетот на Трамп денеска ќе сведочи пред Конгресот за улогата на Русија во изборите

Зетот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, денеска ќе биде сослушан од претставничкиот дом на Конгресот, во рамките на истрагата за евентуална вмешаност на Русија во претседателските избори во САД, соопшти Белата куќа. Како што јавуваат светските медиуми, за денеска е предвиден нов состанок на Комисијата за безбедност на претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кој го...

ВМРО-ДПМНЕ (ФИРОМ): Вака сестринските партии го најавија Груевски во Малта

На конгресот на Европската народна партија (ЕПП), кој се одржува в среда и в четврток на Малта, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од партискиот претседател Никола Груевски, е најавена како партија „од ФИРОМ“. Тоа стои во списокот на партиите-учеснички објавен на веб-страницата за годишниот конгрес на ЕПП. Во него, на листата на придружни членки на ЕПП, е наведена и ВМРО-ДПМНЕ со...

Груевски замина на конгрес на сестринските партии на Малта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од денеска па во наредните неколку дена, заедно со партиска делегација ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува на Малта, потврди за „Мета“, директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. Посетата на Груевски на Малта и учеството на конгресот на ЕПП, доаѓа во време кога Собранието треба да...

Трамп и републиканците не успеаја да ја воведат замената за „Обамакер“

Републиканските лидери во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ненадејно го повлекоа нацрт-законот за реформи во здравствениот систем поради недоволен број гласови. Претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, го повлекол предлог-законот од дневниот ред, откако Трамп побарал од него да ја запре расправата и гласањето за спорниот предлог-закон. За новиот закон беа потребни 216 гласови од 430 пратеници во Долниот дом, кој...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...