сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: конференција | 301 резултати

„Дигитална трансформација за граѓаните“: Потребно е да се гради култура за дигитален напредок

април 4, 2023

Дигиталната трансформација на општеството е многу важна тема. Мора да се работи на отпорот кон промена, институците треба да ги имплементират секојдневно дигиталните процеси. Сите во општеството треба да ги имаат потребните вештини за да ги користат услугите кои институциите (ќе) ги нудат. Ова се главните заклучоци на говорниците на отворањето на меѓународната конференција „Дигитална […]

Неделата на проверката на факти во 2023 во знак на борбата против дезинформации на различни фронтови

април 3, 2023

Фондацијата Метаморфозис и оваа година се приклучува кон одбележувањето на 2 април – Денот на проверката на факти, при што во текот на целата оваа недела ќе се одржат редица настани за проверката на факти и во земјава и на меѓународно ниво.   ПРЕГЛЕД Овогодишниот Ден за проверка на факти поминува во период на засилен […]

Петровска: Во 2012 имало само една жена полковничка, денеска имаме седум

март 6, 2023

Долги години, за жал, владееја стереотипите дека безбедносниот сектор, особено високите раководни позиции, се резервирани исклучиво за мажите. Но, со нашата упорност, истрајност и мудрост успеавме тоа да го промениме. Ова го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во своето обраќање на конференцијата насловена „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два […]

Државниот врв и амбасадорите со пораки за поддршка на Украина

февруари 24, 2023

Денес, изминува точно една година од почетокот на бруталната руска воена агресија врз Украина, која го втурна украински народ во невидени страдања, загуба на човечки животи и ужасна деструкција. А, сите нас останатите нè соочи со фактот дека во Европа повторно се води крвав конфликт кој предизвикува хуманитарна, економска, енергетска и безбедносна криза. Станува збор […]

Над 80.000 лица од земјава се вклучија во програмите за вработување преку „Гаранција за млади“

февруари 22, 2023

Северна Македонија е предводник меѓу државите од Западен Балкан во спроведувањето на рамката на политики „Гаранција за млади“, која им овозможува на младите лица до 29 години кои не се вработени, да се вклучат во некоја од активните програми за вработување. Ова беше истакнато на конференцијата посветена на гаранциите за млади во земјите од Западен […]

Шефот на државната нафтена компанија на ОАЕ ќе ги води климатските разговори на КОП28

јануари 12, 2023

Шефот на една од најголемите светски нафтени компании е именуван да ги води глобалните разговори за климата КОП28, што во ноември и декември ќе се одржат во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесе Би-би-си. Султанот Ахмет Ал Џабер во моментов е главен извршен директор на Националната нафтена компанија Абу Даби, која е дванаесетта по големина […]

Грковска: Од заробена држава станавме ценет меѓународен партнер, но имаме уште работа

декември 8, 2022

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава, a aко сакаме стабилност, мора граѓаните да имаат доверба во институциите, да имаме администрација која ќе биде на услуга на граѓаните и да се создадеме систем кој ќе биде отпорен на корупција. Ова го порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за […]

За вистинска заштита на приватноста, сите закони треба да се усогласат со законот за заштита на лични податоци

декември 7, 2022

Кои се предизвиците во спроведувањето и усогласувањето на законот за лични податоци, начинот на кој контролорите се справуваат со нив, како и кои се можностите да се зачува приватноста на личните податоци беа главните теми на кои се разговараше на панелот „Спроведување на Законот за заштита на лични податоци: добри практики, предизвици и идни чекори“, […]

Топ три причини зошто да присуствуваш на „е-Општество.мк“

ноември 21, 2022

На 6 декември започнува осумнаесеттото издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ кое годинава се фокусира на темата „Сајбер отпорност за слобода и безбедност“. На оваа конференција, фондацијата „Метаморфозис“ ќе собере локални и странски експерти, новинари, активисти, државни службеници и други релевантни општествени чинители кои ќе зборуваат за приватноста и безбедноста во дигиталната ера, како и за […]

Младите од Западен Балкан во Тирана дискутираа за младинските перспективи на регионот

ноември 17, 2022

Во изминатите два дена, 120 млади од Западен Балкан присуствуваа на конференцијата организирана како дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Станува збор за регионална иницијатива која се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, а која работи на зајакнување на партнерствата помеѓу локалните […]

Завршната конференција за обуките „Дигитални вештини за граѓански ангажман“ ќе се одржи утре

октомври 26, 2022

Македонско-американската алумни асоцијација (МААА) и Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 изминативе месеци организираа програма за виртуелна обука на тема „Дигитални вештини за граѓански ангажман“, кој како проект ќе има завршна конференција утре (27 октомври), со почеток од 10 часот, во „Јавна соба“ во Скопје. Конференцијата ќе ја отворат со свои обраќања претседателката на МААА, […]

Утре и задутре ќе се одржи конференцијата „Време за ресетирање“ во Јавна соба

септември 29, 2022

Центарот за современи уметности – Скопје и Фондацијата Отворено Општество – Македонија утре и задутре во Јавна соба, Скопје ја организираат конференцијата „Време за ресетирање – Предефинирање на моќта на заедниците преку креативен активизам и ангажирана уметност“. „Многу демократски влади на Западниот Балкан – па и надвор од него – бележат неповолни тенденции и се […]

Дигиталната трансформација на јавните услуги – предизвик за земјите од Западен Балкан

септември 26, 2022

Дигитализацијата на јавните услуги е современиот предизвик со кој се соочуваат земјите од Западен Балкан. Таа ретставува длабок процес за сите земји, којшто сепак не е невозможен, бидејќи земјите сега веќе напредуваат во оваа насока, некои помалку, а некои повеќе. Доволна е политичка волја, учење од позитивните практики на другите земји и истрајност на институциите […]

Ѓоргиевска: Жените кои се еднакво третирани се многу помотивирани да вложуваат во себе

септември 21, 2022

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работно место“, што денеска се одржа во Кабинетот на претседателот. Според неа, досегашните анализи на националните, регионалните и глобалните состојби упатуваат на една загрижувачка тенденција – и покрај напредокот во степенот на образованието на жените, на нивното работно искуство и […]

Ковачевски: Стратешките комуникации се најсилното оружје против дезинформациите

септември 7, 2022

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски смета дека стратешките комуникации имаат најважна улога во борбата против дезинформациите и доспевот на точните и проверени информации до граѓаните. Ова тој го истакна во своето обраќање на денешната НАТО конференција за комуникатори, која се одржува во Скопје додавајќи дека борбата со дезинформациите е приоритет на кој Владата работи меѓу-секторски, но […]

Северна Македонија ќе биде домаќин на НАТО конференцијата за комуникатори

септември 5, 2022

Северна Македонија прави значајни чекори напред во сферата на стратегиските комуникации – во финална фаза на донесување е Политиката за стратегиски комуникации која ги поставува основите што за нас значат стратегиските комуникации и целта да бидеме максимално транспарентни, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на вчерашниот брифинг со новинарите, на кој беше најавена НАТО Конференцијата […]

Утре ќе се одржи петнаесеттата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји

јуни 15, 2022

Петнаесетта конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји, најава Армијата на Република Северна Македонија, е домаќин на петнаесеттата Конференција на началниците на Генералштабовите (НГШ) на армиите од балканските земји, која ќе се одржи утре, 16 јуни 2022 година во Охрид. Конференцијата ќе ја отвори началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник […]

Стокхолм+50: Спасот на планетата е наша одговорност

јуни 3, 2022

Под мотото „Време е за смели избори. Време е за итна акција. Време е за подобра иднина на здрава планета“, лидерите на над 100 држави вчера и денеска во Стокхолм, на меѓународната конференција на Обединетите нации за здрава планета, „Стокхолм +50: здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“, уште еднаш ја […]

Јашари: Изворот на кампањата на евроскептицизам во земјава е Москва

јуни 3, 2022

Меѓу кампањите со лажни вести е таа што има за цел да го зголеми скептицизмот кај граѓаните во однос на Европската Унија, изјави директорот на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардиљ Јашари во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, во која се зборуваше за тоа како лажните вести ја поткопуваат демократијата, пишува „Порталб“. „Во Македонија поддршката за ЕУ во […]

Петрески: Западен Балкан мета на странски кампањи за дезинформации, работиме на нивно разоткривање (ВИДЕО)

јуни 2, 2022

Малигните влијанија при што дезинформациите се користат за нивно ширење, на Западниот Балкан имаат регионална компонента, така што една дезинформација преминува од една во друга земја, а истото кога ќе се врати од каде што дошла, се враќа во најискривена форма, што може да предизвика уште поголема штета. Ова го изјави главниот уредник на „Вистиномер“,  […]

Страна 3 од 15