понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: конференција | 301 резултати

„Одговорно користење на вештачката интелигенција” на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

декември 12, 2023

Во рамки на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), во вториот краток инспиративен говор ќе дознаеме за “Одговорно користење на вештачката интелигенција”. Во нашата потрага по иновации, […]

Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија

ноември 9, 2023

Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија, туку кажа дека неговото доаѓање ќе биде предизвик, бидејќи воздушниот простор на Македонија и на соседните земји е затворен за руски државни авиони. Османи рече дека, по правило, сите треба да бидат присутни и дека ќе се направат логистички напори за да му се […]

Младински соседски дијалози: Како да се проверат информациите во ера на „прелив на податоци”

октомври 26, 2023

Како се шират дезинформациите, како да се препознаат, кои се алатките и начините за граѓаните да препознаат кога некој се обидува да им протне дезинформација, беа дел од темите од завршниот дел од регионалната конференција за младински политики и конструктивни наративи на локално ниво „Младински соседски дијалози: Сега за иднината!“. На темата која беше фокусирана […]

Регионална конференција: „Младите се иднината“ не треба да биде само празна фраза

октомври 25, 2023

„Младите се иднината“ не треба да биде само празна фраза, туку носителите на одлуки на сите нивоа треба да ги чујат нашите пораки и активно да нè вклучат во процесите на креирање политики, особено оние што директно нè засегаат. Ова е пораката која денеска ја испратија учесниците на Регионалната конференција за младински политики и конструктивни […]

Османи: ОБСЕ има витална улога во справувањето со предизвиците за сајбер безбедноста

октомври 24, 2023

Сајбер безбедноста не претставува само грижа за техничките системи и нивна заштита од напади, туку и грижа за луѓето како потенцијални цели на сајбер напади, истакна претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи во своето обраќање на годишната конференција на ОБСЕ за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за […]

Дискусија на Метаморфозис: „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“

октомври 20, 2023

Панел-дискусија насловена „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“ организира Фондацијата Метаморфозис во рамки на конференцијата „Медиумска писменост во дигиталните простори“ што на 24 октомври ќе се одржи во Рагуза 360 во Скопје. Дискусијата се организира преку Проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан“ поддржан од Кралството Холандија. Експерти од земјата и регионот ќе […]

Одговорност за заштита на приватноста и личните податоци споделуваат институциите, граѓаните и бизнисите

октомври 19, 2023

Личните податоци на граѓаните и повредата на нивната приватност за некој може да значи и нечесна заработка што се мери во милиони, а во други случаи, нивната злоупотреба може да предизвика многу проблеми на засегнатиот. Затоа е важно, покрај другите одговорни, и институциите да ја сфатат нивната важност и да се спроведуваат вистинските мерки за […]

Со промоција на зборникот „Шопов на 11 јазици“ завршува 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

август 30, 2023

Во рамките на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) ќе биде промовиран зборникот „Шопов на 11 јазици“, кој го објави УКИМ. Станува збор за единствен зборник од ваков формат во кој се објавени преводи на песни од великанот […]

10 години НМСМ: Деценија на заедничко дејствување, останува предизвикот младите да се вклучени во сите процеси

јуни 29, 2023

Создаден во 2013 година како можно решение на многуте предизвици со кои тогаш се соочуваа младите во земјава, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) изминативе години остана доследен на целта на своето постоење. Оттогаш до денес се променија многу нешта, а младите имаа можност да бидат консултирани во делот на политиките, се донесе закон за […]

Агенција за разузнавање: Ќе бидеме мета на дезинформации за уставните измени, црковното прашање и изборите во 2024

јуни 20, 2023

Борбата со дезинформациите не треба да се гледа како загрозување на слободата на говор или цензура, бидејќи не станува збор за наивно пласирани вести, туку  дезинформациските кампањи се државно организиран и насочен процес кој има за цел манипулација со јавното мислење и притисок кон носителите на одлуки. Ова, меѓу другото, го кажа директорот на Агенцијата […]

Утре ќе се одржи конференцијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“

јуни 19, 2023

Претседателскиот центар за политичко образование во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“ во хотелот „Лимак“ утре ќе ја организираат конференцијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“, на која ќе се обрати претседателот Стево Пендаровски, информираат од претседателскиот кабинет. На отворањето на конференцијата ќе се обратат и Дирк Јан Коп, амбасадор на […]

Управувањето со кризи и спречувањето на насилство во фокус на конференцијата на СМАРТ Балкан

јуни 8, 2023

Недоволно сили на терен, недостиг од финансии и поддршка на доброволните противпожарни друштва, како и немање психолошка поддршка за професионалците кои секојдневно се соочуваат со стресни кризни ситуации – ова се дел од главните слабости на системот за управување со кризи во Северна Македонија. Подготвеноста на системот за управување со кризи во земјава беше во […]

Државата да се фокусира на зелената дигитализација и на еколошки одржлива дигитална инфраструктура

јуни 7, 2023

Национален приоритет е да се креираат планови и патокази за дигитална трансформација и да се финансираат иницијативи за дигитализација на претпријатијата. Важно е државата да се фокусира на зелената дигитализација и на создавање еколошки одржливи дигитални инфраструктура – ова се заклучоците од денешната конференција „Go Green: Обезбедување дигитална еколошка одржливост“ што ја организираше Бирото за […]

Задутре ќе се одржи втората национална конференција од проектот „СМАРТ Балкан“

јуни 6, 2023

Втората Националната конференција во рамки на проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ ќе се одржи во хотелот Александар Палас во четврток (8 јуни) со почеток од 9:30 часот, информираат од Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП. Фокусот на панел дискусијата на годинашнава конференција ќе биде на управување со кризи […]

Ангеловска-Бежоска: Деглобализацијата може неповолно да делува на малите економии

јуни 5, 2023

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до […]

Во среда конференција „Менструална правда за сите“

мај 29, 2023

Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“ заедно со иницијативата „Период“, ја организираат конференција „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“, која ќе се одржи на 31 мај во хотелот „Холидеј Ин“ во 10 часот. Како што информираат организаторите, од истражувањето „Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на […]

Лога: Сајбер заканите стануваат почести, пософистицирани и предизвикуваат сè поштетни последици

мај 22, 2023

Министерот за правда Кренар Лога присуствува на Самитот за сајбер криминал на Југоисточна Европа кој се одржува во Шибеник, а говорејќи на панелот на тема „Сајбер криминал – безбедносна закана во Југоисточна Европа и важноста на соработката”, тој порача дека е неопходно секоја држава да обезбеди сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално окружување. Лога рече […]

Слободата на изразување во време на алгоритми и ВИ: потребен е сеопфатен пристап за новите предизвици

мај 16, 2023

Доколку технологијата се користи на соодветен начин тогаш таа може да помогне многу во развојот на човековите права како и во зачувувањето и подобрувањето на слободата на изразување. Инаку, доколку се злоупотребат, алгоритмите на вештачката интелигенција (ВИ) можат да се злоубопотребат и да предизвикаат поголеми последици во едно општество, уништувајќи ја демократската структура на истото. […]

Конференција на ОБСЕ: Слободата на медиумите е клучен сегмент на демократијата

мај 16, 2023

Кога новинарите се наоѓаат под притисок, порано или подоцна, демократијата исто така потпаѓа под притисок и обратно, порача Тереза Рибеиро, претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите на Конференцијата за медиуми во Југоисточна Европа, која  во организација на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, во соработка со Мисијата на Организацијата во Скопје се одржа […]

Грковска: Сајбер нападите се постојана закана, мора континуирано да ја јакнеме отпорноста

мај 16, 2023

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска порачува дека заканите за сајбер безбедноста постојано еволуираат и затоа професионалците за сајбер безбедност мора да бидат опремени со најсовремени знаења и алатки за ефективно да се заштитат од нив. Таа се обрати на отворањето на конференцијата „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“, која од денеска […]

Страна 2 од 15