вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: коалиција | 122 резултати

Законот за употреба на јазиците, Османи го очекува на владина седница следната недела

јули 24, 2017

Законот за употреба на јазиците би требало набргу, во наредните денови, да биде подготвен од Владата, а по новите изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го ревидира својот став кон Албанците, изразуваме очекување таа партија да го ревидира својот став и со консензус да го донесеме законот за јазиците, рече вицепремиерот Бујар Османи. Одговарајќи на новинарско прашање […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе побара информации за новите вработувања во институциите

јули 22, 2017

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија ќе поднесат барање да им се достават информации за тоа колку нови луѓе се ангажирани или вработени во државните институции на определен, неопределен период, засновале работен однос врз основа на договор за дело, авторски или друг договор, информираше на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. […]

Села: Ако во првите 100 дена не биде усвоен законот за јазиците, ќе ја напуштиме Владата

јули 9, 2017

Лидерот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, денеска на редовното партиско собрание во Тетово рече дека доколку во првите 100 дена од новата влада не биде усвоен законот за проширена употреба на албанскиот јазик, неговата партија ќе ја напушти коалицијата. Села смета дека тоа би била последна мерка за која се надева дека […]

Лидерите на Западен Балкан на самит ќе потпишат договор за основање комисија за воени злосторства

мај 16, 2017

Коалицијата за основање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства (РЕКОМ) направени за време на војните во поранешна Југославија од 1991 до 2001 година, ќе ги повика лидерите на Западен Балкан на самит на 12 јули во Трст да потпишат политички договор за основање на таа комисија. Основачката на Фондот за хуманитарно […]

Заев: Време е парламентарното мнозинство да си ја преземе одговорноста

април 27, 2017

„Како парламентарно мнозинство што ја доби довербата, оставивме овие пет недели целата јавност да се увери на каков лажен патриотизам се подготвени Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нема сомнеж дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја предаде власта бидејќи се плаши од одговорност. Бегање од одговорност нема, амнестија нема, ќе се оди на […]

Партиите во Албанија бараат продложување на рокот за регистрација на коалиции

април 19, 2017

Денеска е краен рок за регистрирање на коалиции за претстојните парламентарни избори во Албанија, но ниту една коалиција помеѓу партиите не е регистрирана во Државната изборна комисија на Албанија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Според албанскиот изборен законик, политичките партии требаше да се пријават за учество на изборите до 10 април, но тоа не го […]

Активистите против новите мерки за загадениот воздух

април 3, 2017

Прагот на алармирање за ПМ10-честичките да биде поставен при достигнување на просечна вредност поголема од 70 илиграми на еден кубен метар, два дена по ред, без оглед  дали станува збор за викенд или работен ден и без скриени услови. Ова е барањето што членовите на коалицијата за чист воздух „О2“ и на граѓанските здруженија „Ние сме […]

ДУИ размислува за повлекување на своите министри од Владата

март 31, 2017

На денешниот состанок на централно претседателство на ДУИ, кое веќе е во тек во седиштето на партијата во Мала Речица, ќе се расправа за повлекување на министрите на ДУИ од Владата, велат партиски извори за „Мета“. Доколку централното претседателство донесе ваква одлука, актуелната Влада ќе остане без една третина од министрите. Тоа, според нивните пресметки, би значело […]

ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската платформа е дело на Еди Рама и е подметната како кукавичко јајце

март 28, 2017

„Секојдневно се нижат искази и докази дека тиранската  платформа е дело на Еди Рама и дека таа има цел да ја турне Македонија во уште подлабока криза и да ја редефинира во согласност со визиите на соросовите играчи на Балканот“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „аболираниот криминалец Зоран […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се лаже ако мисли дека нови избори нема да сменат ништо

март 22, 2017

Доколку Зоран Заев смета дека со прифаќањето на „тиранската платформа“ се подобрува рејтингот на СДСМ, нека излезе на избори и нека го провери тоа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на лидерот на СДСМ. „Ако навистина тој освои поголем број пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати волјата на народот. Доколку Заев смета дека теоретски […]

Шилегов: Неделава консултации за продолжување на конститутивната седница, потоа предлог до Иванов

март 13, 2017

„Ѓорге Иванов и Никола Груевски се единствените пречки за формирање нова влада. Иванов со одолговлекувањето да го даде мандатот за влада, го штити Никола Груевски и криминалното раководство од волјата на мнозинството граѓани, односно нова реформска влада“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е ставот на СДСМ […]

Опозицијата во Албанија официјално се откажа од учество во изборите

март 10, 2017

Дваесет опозициски партии денеска испратија писмо до Централната изборна комисија на Албанија дека нема да се регистрираат како учесници во изборите ниту како поединечни партии ниту како опозиција, официјализирајќи го така својот бојкот на изборите. Тие велат дека ќе стојат на одлуката сè додека не се постигне политички договор што ќе овозможи слободни и фер […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе коалицира со Села, човекот кој Македонците ги множи со нула

март 10, 2017

„Зоран Заев си поигрува со националните и со државните интереси. Разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е заглавен до гуша, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување. Затоа граѓаните го изразуваат својот револт секој ден сè погласно“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „последното кое […]

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Партијата да ги брани државните интереси по секоја цена

март 8, 2017

ВМРО-ДПМНЕ мора да остане со народот и да продолжи да ги брани државните и националните интереси по секоја цена, е заклучокот од вчерашната седница на централниот комитет на партијата. ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донел заклучок според кој извршниот комитет и партијата треба да продолжат да се спротивставуваат на обидите за редефинирање на Македонија од мултиетничка во […]

Во седиштето на ДУИ најверојатно ќе се заседава долго во ноќта

март 3, 2017

Не може да се прогнозира до кога ќе трае седницата на централното претседателство на ДУИ во партиското седиште во Мала Речица, им беше соопштено на новинарите пред малку. Пред почетокот на седницата, попладнево претседателот на партијата, Али Ахмети, изјави дека лидерството на ДУИ денеска ќе разговара за формирањето на владата и за уставните можности за […]

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот зад затворени врати предизвикува сомнеж и тензии

март 2, 2017

Прифаќањето платформи на туѓи држави како основа за преговори и за формирање коалиции е процес кој води кон разградување и кон редефинирање на државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја анализирал политичката состојба по постигнувањето договор меѓу СДСМ и ДУИ, со кој биле обезбедени потписи за […]

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазици на СДСМ ќе предизвика долгорочна нестабилност

февруари 25, 2017

ВМРО-ДПМНЕ целосно се спротивставува на обидите да се игнорира и да се изигра волјата на мнозинството Македонци, но и волјата на припадниците на другите етнички заедници кои својот глас го дадоа за Коалицијата за подобра Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „реализацијата на платформата од Тирана и обидите преку […]

ДУИ реши, потписите ќе ги даде на СДСМ

февруари 24, 2017

Централното претседателство на ДУИ, по повеќе од 10 часа заседавање, вечерва донело одлука да ги даде потписите на СДСМ, пред малку во Мала Речица, пред партиското седиште соопшти Бујар Османи, портпаролот на ДУИ.

Витанов: Бев изманипулиран од ВМРО-НП, давам оставка и ќе соработувам со СДСМ

февруари 6, 2017

Еден ден откако беше објавено дека преминува во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, Методи Витанов, советник од ВМРО-НП, денеска соопшти дека бил изманипулиран од централното раководство на партијата поради одлуката да се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ и дека наместо тоа решил од денеска да дејствува како независен советник, а ќе ја поддржува […]

СДСМ сè уште нема обезбедено 61 пратеник, Заев и Ахмети уште не се сретнале

февруари 5, 2017

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, сè уште се немаат сретнато, но постојат контакти меѓу партиите, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. – Да, контакти има на друго ниво. Точно е дека лидерите се немаат сретнато, освен јавната средба за која јавноста беше информирана – рече Манчевски, одговарајќи на новинарско […]

Страна 3 од 6