fbpx
Таг: книги

таг: книги

На Булеварот на книгите читателите го избраа Хитот за ова лето

Клубот Матица, традиционално, 16-та година по ред ја организира летната кампања „Со книга на плажа“, годинава збогатена со новиот слоган „Сонцето пишува нови страници“. Како и секоја година, читателите и членовите на Клубот, избираа и гласаа за автор и наслов на летото, а според резултатите хитот за ова лето е светски популарниот „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман, дело номинирано...

„Ноќ со книгата“ утре во „Матица“

„Ноќ со книгата“ на Булеварот на книгите, ќе почне во 8 часот наутро и ќе трае до полноќ на 17 јуни (среда). На Булеварот, односно во „Матица“ на булеварот Климент Охридски, ќе можат да се најдат 60 нови наслови. Читателите ќе имаат можност да се сретнат со авторите Верче Карафилоска, која ќе ги запознае со „Бездомникот со златен часовник“, Јован Илиески, кој...

Струшки книжевни средби од 2 до 4 јули

Во Струга, Охрид и во Вевчани, од 2 до 4 јули ќе се одржи Меѓународната манифестацијата „Струшки книжевни средби – 2015“. Првиот ден, на 2 јули, на Вевчанските извори ќе се одржи Поетски митинг, а во Црквата „Св. Никола“ ќе има промоција на книга на странски автор. На 3 јули, е свеченото отворање на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби – 2015“ во...

Великаните на словачката книжевност, Валек и Михалик, на македонски јазик

Деновиве од печат излегоа две стихозбирки од двајца великани на словачката книжевност: „Минута пред заспивање“ од Мирослав Валек и „Еротикон“ од Војтех Михалик. Преводот го направи Стојан Лекоски, а препевите се од Матеја Матевски (Валек) и Тоде Илиевски (Михалик). Издавачи на книгите се: ИТВ – ЗКСП од Охрид и „Ирис“ од Струга. Двете книги ќе бидат промовирани в петок, 8 мај, во...

Во акцијата „Читај гласно“ се делеа бесплатни книги

Повеќе издавачки куќи и познати личности учествуваа во акцијата „Читај гласно“, во рамките на која делеа бесплатни книги на минувачите во центарот на Скопје. Со отворена покана за годинашниот „Саем на книгата“, кој ќе се одржува од 5 до 11 мај, акцијата беше успешно реализирана за да се овозможи секој што сака да чита, да добие книга.  

Саем на книга во Народен театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ во Велес

„Неделата на книга“ и официјално почна во Велес. Во организација на „Клуб Матица“, Народниот театар, а поддржана од Општина Велес, оваа манифестација ветува многу возбудливи наслови. Велешани ќе имаат можност од 16 до 18 април да си ги купат омилените книги, а со тоа да помогнат да се соберат средства со кои ќе се купат книги и ќе се...

Промовиран шестиот том од „Толковен речник на македонскиот јазик“

Јазикот е значаен сегмент од целокупното културно наследство на еден народ. Тој е компонента што го детерминира потеклото на народот, неговото минато и без него идентификацијата во светски контекст е невозможна. Токму затоа јазичното богатство, вметнато меѓу кориците на македонскиот толковен речник е непроценливо богатство за нашиот народ. Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во обраќањето на денешната промоцијата...

КИЦ на Македонија во Софија подари 100 книги

Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, по повод 10-годишниот јубилеј од основањето и во пресрет на Светскиот ден на поезијата, денеска подари 100 книги од македонски автори на Националната библиотека во Софија. Најголем дел од подарените книги се стихозбирки од најстарата македонска книжевна генерација, почнувајќи од класикот на македонската поезија Ацо Шопов, чие прво дело преведено на бугарски јазик беше...

Нови наслови од едицијата „Македонски искушенија“

Три нови наслови од едицијата „Македонски искушенија“ промовираше денеска Министерството за култура. Тоа се нови три тома од шесттомната публикација „Македонија до 19 век“ и книгите „Цар Самоил“ и „Букурешкиот мировен договор - 1913 година“. Автори се професори, историчари и проучувачи на македонската историја од различни генерации. Целта на овој проект на Владата е со научно верификувани факти и аргументи...

Дигитализација на книжниот фонд во НУБ со нова опрема

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е ставена во функција современа висококвалитетна опрема за дигитализација на книжниот фонд, која Владата на Рeпублика Македонија ја набави во рамки на проектот дигитална библиотека. Со новиот сервер ќе продолжи дигитализирањето на печатените книги кои се чуваат во НУБ и кои во дигитална форма се ставаат на страницата на дигиталната библиотека (www.dlib.mk),...

„Традиција 2000-2015“ е слоганот на 15. саем на Булеварот на книгите

„Традиција 2000-2015“ е слоганот под кој ќе се оддржи традиционалниот, 15. саем на Булеварот на книгите. - Книга во секој дом на Булеварот на книгите, овојпат посветена на македонските автори. Нашата идеја е едноставна – секојдневно дружење со македонски автори, денови во кои нивните дела ќе имаат промотивни цени. Ова е воедно продолжување на афирмирањето на идејата за празнување Ден на македонската...

Промовирани нови 10 книги од проектот за превод на стручни и научни книги

Денеска беа промовирани нови 10 наслови од областа на медицината и на стоматологијата, транспортот и телекомуникациите, туризмот и бизнис-логистиката, правото, ликовната уметност, природноматематичките науки, како и од областа на машинството и на електротехниката. Оваа промоција се одржа во рамки на владиниот проект за превод на 1.000 стручни и научни книги од кои се учи на врвните светски универзитети. Со денешната...

80 книги пристигнале на конкурсот на ДПМ

80 дела пристигнале на конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писатели на Македонија. Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите. Книгите, според конкурсот, треба да бидат доставени до крајот на овој...

В сабота „Булевар на книгите“ до полноќ

Налик на светските метрополи, Клуб „Матица“ го продолжува трендот кој низ светот е посветен на промоција на читањето и на дружењето со книгите. В сабота, „Булеварот на книгите“, ќе биде „буден до полноќ“. „Матица“ препорачува забава со книгите, како извор на љубов и на инспирација. Овојпат, манифестацијата ќе ја промовира иницијатива на клубот за празнување на ден на македонската книга, кој...

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во...