fbpx
Таг: книги

таг: книги

Владата на Груевски потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што не се користат (2 дел)

Илјадници лошо преведени книги од помпезно насловениот проект на владата на Груевски „1.050 книги“ скапуваат по влажни магацини. Деветнаесет милиони евра завршија во темните депоа во Скопје и Гостивар. „Порталб.мк“ влезе во мемливите депоа полни со лошо преведени и преплатени книги за коо никој сега не презема одговорност и нема идеја што да прави. Автор: Фатбарда Цури 1-от дел од сторијата. Лошиот...

Владата на Груевски потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што не се користат и скапуваат во магацини (I дел)

Илјадници лошо преведени книги од помпезно насловениот проект на владата на Груевски „1.050 книги“ скапуваат по влажни магацини. Деветнаесет милиони евра завршија во темните депоа во Скопје и Гостивар. „Порталб.мк“ влезе во мемливите депоа полни со лошо преведени и преплатени книги за кој никој сега не презема одговорност и нема идеја што да прави. Автор: Фатбарда Цури 770 наслови се печатени...

Саем на книгата на „Македоника Литера“ во Струмица

Во Струмица од утре до четврток, на платото пред Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи саем на книгата организиран од издаваштвото „Македоника литера“. На оваа изложбено-продажна манифестација, од 10 до 20 часот во секој од трите дена ќе се продаваат изданијата на „Македоника литера“ од повеќе области и жанрови. Утре со почеток во 12.30 часот, во фоајето на Центарот...

Триесетото издание на Саемот на книгата почнува утре во „Борис Трајковски“

Од утре до 9 мај во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 30. јубилејно издание на Саемот на книгата 2018, на кое ќе се претстават 70-тина издавачки куќи од Македонија и од регионот, односно Србија, Црна Гора, Косово, Албанија. Саемот се организира под покровителство на Министерството за култура. Во Промотивниот центар на саемот секој ден од утре до...

Нова едиција „Басни од Македонија“ во модерно издание

Нова едиција „Басни од Македонија“ издадоа Движењето за поддршка на креативноста „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс ламина“. Едицијата е составена од басните „Кучето и зајакот­“, „Лакомата мечка“, „Војската на лавот“ и „Жабата и глушецот“, кои произлегуваат од усното народно творештво, а се собрани од Марко Цепенков. Креативните илустрации за басните ги изработи Катерина Николовска, која работеше и на илустрациите за едицијата...

Денеска почнува Саемот на книга

Саемот на книга почнува денеска и ќе трае до 10 април. Најавено е учество на 80 издавачи, а ќе се продаваат околу 80.000 книги, некои со попуст и до 70 проценти. Саемот се одржува во првата хала во Скопски саем, на површина од 4.000 квадратни метри. Во Промотивниот центар во втората саемска хала ќе има 60 промоции на нови дела и...

Книжевно пладне посветено на руските поетеси Ахматова и Цветаева

По повод 21 март, Светскиот ден на поезијата, библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид и почесниот конзулат на Руската Федерација, во Охрид, денеска организираа книжевно пладне. Пред љубителите на поетскиот збор, беше претставен избор од творештвото на руските поетеси Ана Ахматова (1889-1966) и Марина Цветаева (1892-1941). За нивниот живот и творештво говореше Елена Обухова, додека стихови интерпретираа Тоде Илиевски и Маја Мојсова.

Акција „Подари книга“ за најмладите во општина Пустец

Градинката „Јасна Ристеска“ од Охрид ја спроведува акцијата „Подари книга“ за најмладите во општина Пустец од денеска до 9 ноември. Поканата за приклучување кон оваа акција е отворена за сите граѓани, а посебно се испраќа до сите писатели и творци од Охридско и од Струшко, издавачки куќи, книжарници, библиотеки и до сите љубители на пишаниот збор. Организаторот повика на помасовно вклучување кон оваа...

Отворен меѓународниот саем за книги во Белград

Меѓународен саем за книги, под слоганот „Книги во рака“, со повеќе од 450 српски и странски изложувачи, беше отворен вчера во Белград и ќе трае до 30 октомври. На 61. Меѓународен саем за книги, почесен гостин ќе биде Иран, а иранската писателка Наргес Абјар укажа на значењето што го имаат книгите во нејзината земја, за што говори и податокот дека меѓународниот...

МОН: СДСМ заборава дека во нивно време не изградија ниту едно училиште

Во врска со информацијата дека почетокот на учебната година ги чини семејствата неколку илјади денари по ученик, би сакале да информираме дека Владата и Министерството за образование и наука веќе осма година по ред имплементираат концепт на бесплатно образование, кој опфаќа обезбедување бесплатни учебници за сите основци и средношколци, како и бесплатен превоз за тие што живеат на повеќе од 2,5 километри...

На хуманитарната изложба собрани околу 3.000 евра за поплавените граѓани

Уметниците и дизајнерите собраа 178.425 денари (2.925 евра) на хуманитарната изложба која синоќа се одржа во кафулето „Концепт 37“, објавија организаторите на акцијата на нивниот профил на „Фејсбук“. На изложбата се продаваа слики, фотографии, книги, цртежи, накит, модни креации, а продажбата продолжува и денеска. Средствата ќе бидат наменети за поплавените граѓани.  

Почина францускиот поет Ив Бонфоа, добитник на струшкиот „Златен венец“

Почина еден од најзначајните француски и современи светски поети, Ив Бонфоа, кој за своето исклучително поетско творештво беше добитник на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ во 1999 година. Обемното книжевно дело на Бонфоа го сочинуваат поетски книги, студии, есеи и преводи. За своето творештво и за книжевно-истражувачката дејност бил награден со бројни признанија.

Поезија на Урошевиќ претставена на Саемот за книга во Солун

Солунските љубители на литературата имаа можност да се запознаат со македонското современо литературно творештво и култура на 13. Меѓународен саем на книгата во Солун, кој се одржува од 12 до 15 мај. На саемот има посебен македонски штанд, на кој се изложени книжевни дела што го претставуваат современото македонско творештво, монографии и научни дела за македонската култура и традиција. Покрај...

Саем на книгата од 12 до 18 април

Меѓународен саем на книгата ќе се случува од 12 до 18 април, а се очекува бројот на посетители да биде поголем од 40.000. На Саемот на книгата, на едно место ќе се претстават најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот. Свеченото отворање е в понеделник (11 април) во 19 часот во „Метрополис арена“. Работното време е од 10 до 20 часот. Цената...

Промовирани 50 нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Педесет нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ денеска беа промовирани во Порта „Македонија“. Книгите се дел од владиниот проект кој почна во 2012 година, а со кој беа опфатени вкупно 560 дела од светски познати автори. Остануваат уште 37 дела да бидат објавени за да се заокружи проектот. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која заедно со премиерот Никола Груевски ги промовираше...

Промоција на 20 книги од новиот владин проект

Премиерот Никола Груевски и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска промовираа 20 нови автобиографии и монографии за светски познати личности, книги од областа на светската историја, здравото живеење, како и од архитектурата и дизајнот. Груевски истакна дека книгите се дел од проектот што треба да им помогне студентите да го подобрат своето знаење и да имаат пристап до информации кои досега...

Адеми: Не е време за измена на законот за основно и средно образование

Министерот за образование, Абдулаќим Адеми, вели дека не е време за промена на законот во основно и средно образование, одговарајќи на новинарско прашање околу евентуалниот дијалог со „Средношколски пленум“ и исполнување на нивните барања околу воспитно-образовниот процес - Не е време за измена на законот за основно и средно образование. Дијалог - да, но во ситуација кога политичките партии се подготвуваат...

Ќулавкова, Ташковски и Димоски застапени во романското списание „ХЕЛИС“

Романското списание „ХЕЛИС“, во најновиот број за јули-август 2015, во специјален прилог на главениот уредник, познатиот романски писател Георге Добре ги објавува насловните страници на ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и списанието за книжевност, култура и уметност „Раст“ од Битола. Во истиот број, со биографска белешка и избор од поетското творештво претставени се македонските поети Катица Ќулавкова, Братислав Ташковски...

На Булеварот на книгите читателите го избраа Хитот за ова лето

Клубот Матица, традиционално, 16-та година по ред ја организира летната кампања „Со книга на плажа“, годинава збогатена со новиот слоган „Сонцето пишува нови страници“. Како и секоја година, читателите и членовите на Клубот, избираа и гласаа за автор и наслов на летото, а според резултатите хитот за ова лето е светски популарниот „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман, дело номинирано...

„Ноќ со книгата“ утре во „Матица“

„Ноќ со книгата“ на Булеварот на книгите, ќе почне во 8 часот наутро и ќе трае до полноќ на 17 јуни (среда). На Булеварот, односно во „Матица“ на булеварот Климент Охридски, ќе можат да се најдат 60 нови наслови. Читателите ќе имаат можност да се сретнат со авторите Верче Карафилоска, која ќе ги запознае со „Бездомникот со златен часовник“, Јован Илиески, кој...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...