fbpx
Таг: книга

таг: книга

Вечерва промоција на книга на Синоличка Трпкова – „Никогаш не кажувам“

„Ова е моја втора книга, но прво литературно дело, според нејзиниот уредувач Оливера Ќорвезироска. Интимна е, со личен печат, се чита брзо“, напиша на Фејсбук авторката Синоличка Трпкова во исчекување на вечерашната промоција на нејзината книга „Никогаш не кажувам“. „Пандемијата ги измолкна од мене овие блиц записи кои си тлееле со години. Јас не сум писател. Можеби сум професор што...

Излезе од печат „Антологија на македонската слем-поезија“

Денеска излезе од печат „Антологија на македонската слем-поезија“, прва и единствена книга од ваков тип во земјава, соопштија од „Поетри Слем Македонија“. Во книгата се сместени најдобрите слем-песни од најактуелните и најактивните слем-поети и слем-поетеси, како и слемерите со најголеми достигнувања за македонскиот слем во земајва и во странство. Во „Антологија на македонската слем-поезија“ се застапени 10 автори и авторки: Цвета...

Бугарската Фондација „Македонија“ во Скопје дели примероци на „Голяма българска читанка“ на Кузман Шапкарев

Читатели на новинската агенција „Мета“ кои живеат во скопската населба Мичурин вчера во своите сандачиња добиле отпечатени примероци од изданието „Голема бугарска читанка или вториот дел на бугарскиот буквар на наречје поразбирливо за Македонските Бугари“, кои биле спакувани во најлон кеса од Фондација „Македонија“ со испишана порака „Подарок од бугарскиот народ за нашите браќа“. Новинската агенција „Мета“ успеа да дојде...

Промоција на првата книга на Бомбакис – „Живот“

Вчеравечер во „Гарсон бар“ се одржа промоција на книгата „Живот“ од Бомбакис. Бомбакис или Кристијан Станковски или како што некои го знаат дечкото со картони од Аеродром ја напиша својата прва книга инспирирана од сопствениот живот. Неодамна и самиот објави за излегување на автобиографската книга во продажба, додека веќе некое време се знае за неговата емотвина прикзна за борбата со...

Објавена студијата „Стрип – деветтата уметност“ од Томислав Османли

Книгоиздателството „Бегемот“ ја издаде книгата „Стрип – деветтата уметност“, капитално дело посветена на медиумот, уметничкото творештво, општествените влијанија и естетиката на стрипот. Книгата претставува ново, изменето и опсежно, речиси двојно дополнето издание на првата македонска теоретска книга во доменот на „деветтата уметност“, првично објавена под насловот „Стрип – запис со човечки лик“, најнапред во 1987 година, на 133 страници,...

Бил Гејтс препорачува книга со 72 факти од чешко-канадскиот научник Вацлав Смил

Американскиот бизнисмен и филантроп Бил Гејтс деновиве промовира научно-популарна книга со факти на чешко-канадскиот научник Вацлав Смил, познат по неговите интердисциплинарни истражувања за енергетските политики и нивното влијание на животната околина и човечкиот род. Преку написoт „Што можат потта, виното и електрицитетот да нè научат за човештвото“ објавен во рубриката „Факти за животот“ на неговиот блог „Гејтс ноутс“ и преку...

Промоција на книгата „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња“ колумни од новинарката Весна Дамчевска

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје најавува промоцијата на книгата „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња“ од новинарката и колумнистка Весна Дамчевска. Промоцијата ќе се одржи в понеделник, 14 јуни 2021 година, со почетокот од 20 часот, на платото пред Младинскиот културен центар. Промотор на книгата ќе биде македонскиот книжевен критичар и теоретичар Александар Прокопиев. Книгата „Да ти...

Промоција на инклузивна сликовница „Буква по буква – азбука“ по повод празникот на просветителите Свети Кирил и Методиј

Во дворот на Клубот на пратеници денеска беше одбележан празникот на сесловенските учители и просветители Светите браќа Кирил и Методиј, со промоција на инклузивната сликовница-буквар со наслов „Буква по буква - азбука”. Таа е создадена во три форми на азбука, кирилица, знаковниот јазик и брајовата азбука, за луѓето без и со попреченост да можат да комуницираат меѓу себе. Во присуство...

Нова книга од Ристо Лазаров со наслов „Лилјаци“

Во издание на „Везилка 2011“, излезе од печат најновата книга на македонскиот поет Ристо Лазаров со наслов „Лилјаци“. Оваа обемна книга, на 172 страници, е структуирана како и последните десетина книги на овој автор (седум циклуси по седум песни плус една воведна песна) и интензивно комуницира со стварноста. Во поговорот на книгата, писателот Васе Манчев подвлекува дека сета поетска уметност на...

Андоновски: Некој мора да го исчисти ѓубрето, а јас сум ѓубреџија во книжевноста

Секој од нас се бори и справува на свој начин, ќе каже писателот Петар Андоновски во една прилика. Неговата извојувана борба во овој случај е книгата „Лето во кое те нема“ која веќе излезе од печат, а своја промоција ќе има вечерва со почеток во 21 часот во „ShortBus“, во склоп на Skopje Pride Weekend. Македонскиот современ писател Андоновски зад...

Светица која им помагаше на сиромашните и немоќните: 110 години од раѓањето на Мајка Тереза

Во срцето на денешно Скопје, во куќата на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14 што се наоѓала до денешниот ресторан „Пелистер“ на плоштадот „Македонија“, на 26 август 1910 година била родена Гонџа Агнес Бојаџиу. Потекнувала од угледно католичко семејство од албанска националност, чии вредни родители секогаш го почитувале правилото да се помогне на секој на кој му е потребна...

На 27 август започнува фестивалот „Џез викенд“ во Прилеп

Со премиерата на филмот „JAZZMAN – The form as a verb” од Велибор Педевски, на 27 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започнува деветтото издание на „Jazz Weekend“. Фестивалот ќе трае до 29 август, а поради актуелната ситуација со ковид-19 пандемијата, бројот на посетители оваа година ќе биде ограничен и според квадратурата на...

„Батка ова ти е чист импресионизам со примеси на експресионизам“ – Тошо Малерот: монологија (видео)

Денеска во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Сити мол“, Васко Тодоров, кој е познат по неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот ќе ја потпишува неговата книга „Тошо Малерот: монологија“. Во делото се собрани култни монолози кои популарниот „батка“ ги има кажано во легендарното шоу „К-15“ како и скечеви кои не биле емитувани на телевизија досега. Книгата е во издание на...

Книгата „Press & Play“ на Ненад Георгиевски е сведоштво за плодно време во македонската музика

Како запис за еден квалитетен период во креативниот процес на голем број македонски музичари, авторот Ненад Георгиевски ја издаде книгата „Прес енд плеј“ („Press & Play“) која вчера беше онлајн промовирана на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Станува збор за дело на англиски јазик составено од рецензии на албуми, концерти и фестивалски настапи на домашни изведувачи кои овој музички новинар ги има...

Македонската храна и домашниот туризам во „Регионални карактеристики на македонската гастрономија“

Македонската гастрономија и домашниот туризам се главните теми кои се обработени во неодамна издадената книга насловена „Регионални карактеристики на македонската гастрономија“, чии автори се професори и студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД). Постојат многу малку книги во земјава во кои се зборува за оваа проблематика и оттаму потекнува идејата за издавање на ова...

Денеска се одбележува Светскиот ден на книгата

Ширум светот денешниот датум се одбележува како Светски ден на книгата. Се слави и е под покровителство на УНЕСКО уште од 1995 година. Овој ден го одбележува придонесот на книгите, се промовира нивното читање, се дава поддршка на авторите, издавачите и библиотеките низ целиот свет, а воедно се укажува и на важноста на заштитата на авторското право. „Книгите имаат уникатна...

Промовирана книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска

Книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска, која загинаа со Александар Миновски, лани на Кајмакчалан синоќа беше промовирана во бифето во Младинскиот културен центар (МКЦ). Собраните средства од продажбата на книгата, ќе бидат дадени за зголемена безбедност на планинарите на планините. Во книгата се собрани текстови кои Калина ги објавувала на порталот „МИС“, после секоја планинарска тура. „Она што го...

Нова книга од академик Георги Старделов посветена на писателот Владимир Костов

Во издание на „Везилка 2011“ излезе од печат најновата книга на академик Георги Старделов „Критика на деморализираниот ум“ посветена на истакнатиот македонски писател Владимир Костов. На 165 страници, оваа книга содржи тринаесет секвенци за литературата и филозофијата во романескниот опус на Владимир Костов. Оценувајќи дека „на страниците на литературата на Владимир Костов се води отворен дијалог со нашето време“, Старделов пишува...

Адвокатите се обидуваат да го спречат објавувањето на новата книга за Трамп

Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп се обидуваат да го спречат објавувањето на новата книга за претседателот на САД, во која тој е претставен како неук човек и милијардер-фалбаџија, јавуваат американските медиуми. Книгата чиј автор е новинарот Мајкл Волф, насловена „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, излегува на 9 јануари. Американскиот претседател вчера соопшти дека ги прекинал сите контакти...

Книга за Охридско Езеро од комедиографот Бранислав Нушиќ

Во издание на „Везилка 2011“, излезе од печат книгата на знаменитиот српски писател Бранислав Нушиќ „Покрај бреговите на Охридското Езеро“, чиешто прво издание е публикувано во Белград во далечната 1892 година. Ова издание на македонски јазик го преведе писателот Ристо Лазаров. Станува збор за ретка книга, со повеќе белешки со кои се опишуваат Охридското Езеро и околината. Во предговорот кон книгата...

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...