fbpx
Таг: климатски промени

таг: климатски промени

Стокхолм+50: Спасот на планетата е наша одговорност

Под мотото „Време е за смели избори. Време е за итна акција. Време е за подобра иднина на здрава планета“, лидерите на над 100 држави вчера и денеска во Стокхолм, на меѓународната конференција на Обединетите нации за здрава планета, „Стокхолм +50: здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“, уште еднаш ја истакнаа ургентноста од итни...

Рекордни 66,8 отсто од домаќинствата во земјава лани пријавиле дека поседуваат автомобил [инфографик]

Заштита на животната средина преку борбата против климатските промени и загадувањето на воздухот во градовите во Македонија се спроведува, ама теоретски. Во пракса, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека како никогаш досега во минатото, бројот на македонски домаќинства кои поседуваат патнички автомобил лани се искачил на 66,8 отсто. Спроведеното истражување на статистичарите покажува дека бројката на домаќинства кои...

Со такси се патува шест пати повеќе отколку со воз, иако е најеколошки транспорт [инфографик]

Поделбата на патници кај различните видови на превоз во меѓуградскиот и градскиот превоз во земјава покажува загрижувачки резултати од аспект на емисиите на стакленички гасови и учеството на транспортот во аерозагадувањето. Возот како најеколошко средство за масовен превоз на патници најмалку се користи, додека такси превозот било второто најкористено средство за јавен превоз лани во Македонија. Податоците на Државниот завод...

Земјоделците треба да се едуцираат за производство со намалени емисии на стакленички гасови

Одржливото земјоделство кое има минимален импакт врз животната средина и врз емисиите на стакленички гасови е тренд и цел кон која се стремат многу развиени држави во светот. Климатските промени се една од најголемите закани за човештвото, која не може да се надмине без промена на земјоделските практики. Земјоделството е еден од најголемите емитери на стакленички гасови и кај...

Бејби бумот во ЗОО Скопје продолжува, се родија три бебиња од загрозениот вид бели волци [Фото]

Во Зоолошката градина во Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos), информираат тие. Стари се три недели, а белата боја на крзното, како на нивните  родители, ќе ја добијат со текот на времето. „Волчињата се заедно своите родители и тие се грижат за нив во нивното живеалиште. Мајката ги роди во дувло коешто сама го...

Анализа: Рекордно најтоплата година се очекува до 2026

Нова анализа покажува дека веројатноста за надминување на клучниот праг на глобалното затоплување е значително зголемено. Истажувачите од Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство, која што претставува национална британска метеоролошка управа, велат дека шансите во следните пет години светот да се загрее за повеќе од 1,5 степени Целзиусови сега се „педесет-педесет“. Ваквиот пораст би бил привремен, но истражувачите се загрижени...

Загубите на вода за пиење и лани над 60 отсто, во некои општини достигнува и до 92 отсто [инфографик]

Проблемот со загубите на вода за пиење во Македонија и понатаму е горливо прашање за општинските власти. Процентот на неприходувана вода и во 2021 година изнесувал над 60 отсто, во услови на сè поголемо влијание на климатските промени во земјава. Иако се бележи намалување на национално ниво од 1,48 отсто на процентот на неприходувана вода, сепак и лани имало...

Еко-филмскиот фестивал „Стартувај го филмот за зелена Европа“ од денеска низ кината во земјава

Периодот меѓу 5 и 9 мај се одбележува како Деновите на Европа, по чиј повод оваа година во Австрија, Хрватска, Северна Македонија, Романија и Словенија започнува проектот „EU Youth Cinema Green Deal“ или „Стартувај го филмот за зелена Европа“ преку кој ќе се прикажат 25 европски филма што иницираат и инспирираат одржлив начин на живот. Организатор и координатор на проектот...

Избрани победниците на видео-конкурсот „Светло, камера, климатска акција!“

Избрани се трите победнички видеа на CTRLZ предизвикот – видео-конкурс „Светло, камера, климатска акција!“ што го објави Фондацијата Метаморфозис. На видео-конкурсот пристигнаа вкупно 14 авторски дела, кои беа оценувани од комисија составена од новинари во Новинската агенција „Мета.мк“ и претставници на Британската амбасада. При оценувањето, најмногу се вреднуваа идејата, креативноста при изработката и силината на пораката на доставените содржини. При...

Десничарските популистички партии ја загрозуваат борбата со климатските промени, открива нова студија

Нова студија направена од универзитетите во Сасекс и Ворвик утврдила дека десничарските популистички партии низ светот го загрозуваат спроведувањето на борбата со климатските промени, пренесува весникот Гардијан. Истражувачите откриле дека, на пример, политичарите кои повикуваа на Брегзит во Обединетото Кралство сега се истите кои притискаат против нултите емисии на стакленички гасови во услови на кризата поврзана со растечките трошоци за...

Млади еко иноватори добија средства за да реализираат решенија за заштита на водните ресурси

Пет тима составени од деца и млади на возраст од 13 до 19 години добија по 120.000 денари за да го реализираат своето иновативно решение за подобрување и заштита на водните ресурси во заедниците во кои живеат и да ги намалат штетните ефекти од климатските промени, информираат од УНИЦЕФ. На онлајн-работилницата за креативно размислување младите иноватори беа избрани како дел...

Дебата за климатски промени: Да не заборавиме на животната средина поради дневнополитичките настани

„Ако пред 20 години било проблем да зборуваме за климатски промени, денес дебатираме на оваа тема. Мора да се надеваме дека свесноста ќе влијае да спречиме поголема еколошка деградација“, нагласи модераторката Мила Јовановска од организацијата „Биди зелен“ на втората по ред екодебата на тема климатски промени што се одржува во рамките на изложбата „Розeви тигри и златни гуштери и...

Зошто некои работи за климатските промени се или не се така?

Дали е точно дека климатските промени се природен феномен и дека луѓето не придонесуваат кон нивно „убрзување“? Ако изминатава зима беше студена и ладна, тогаш како може да постои глобално затоплување? Тема на втората епизода на „ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА“ се токму климатските промени и глобалното затоплување. Во оваа рубрика која ја емитуваме еднаш месечно, гостите-експерти во разни области ни...

Расфрлањето со храна може да ни ја уништи планетата, земјоделството одговорно за третина од стакленичките гасови

Земјоделското производство на храна е одговорно за една третина од емисиите на стакленички гасови во светот. Човекот произведува многу повеќе отколку што му треба, а притоа невнимателно ги користи природните ресурси. Фрлањето храна, во услови на глад и сиромаштија во огромен дел од светот од една, и сериозната закана од климатските промени и нивното влијание на планетата од друга...

Еко-свест ги осудува најавите за отворање на нов рудник за лигнит во Живојно

По денешните најави на директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски дека актуелната криза ја отворила потребата од подолго користење на рудниците и планираната инвестиција во нови ископи во рудникот Живојно во РЕК Битола и рудникот Гуштерица во РЕК Осломеј, со реакција и најостра осуда излегоа од Еко-свест. Од Центарот за истражување и информирање за животната средина најостро...

Сонцето и ветерот лани обезбедиле 10 проценти од вкупната електрична енергија во светот

Ветерот и сончевата енергија минатата година за првпат генерирале 10 проценти од глобалната електрична енергија, покажува новото истражување на тинк-тенк организацијата „Ембер“, а пренесува „Би-би-си“. Во анализата се наведува дека сега педесет земји добиваат повеќе од една десетина од својата електрична енергија токму од ветерот и од сонцето. Како што економиите во светот почнаа да закрепнуваат од ковид-пандемијата во 2021 година,...

Часот на планетата Земја годинава ќе се одбележи само на неколку знаменитости во светот

Часот на планетата Земја, како најголема светска еколошка акција која обединува  милиони луѓе ширум светот во момент на солидарност за луѓето и за планетата Земја испраќајќи порака за посигурна, позелена и почиста иднина за нас и за идните генерации, оваа година ќе се одржи со повеќе светло, во сенка на војната во Украина. „Целиот регион, Србија, Бугарија, Албанија и скоро...

Загубите на вода за пиење во Скопје лани достигнале над 60 отсто [инфографик]

На 22 март се одбележува Светскиот ден на водите, на којшто меѓу другото, секое општество покажува колку ја вреднува и цени водата за пиење која како ограничен ресурс ја користи. Во Скопје, со години наназад процентот на неприходувана вода во водоводниот систем се движи околу 60 проценти, што е исклучително негативен процент во однос на прифатливите загуби на вода...

Пендаровски на средба со регионалниот амбасадор на КОП 26, Дејвид Моран: Се подготвува четвртиот национален план за климатски промени

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими Дејвид Моран, регионалниот амбасадор на КОП26 за Европа, Централна Азија, Турција и Иран. На средбата се разговараше за долгорочната стратегија на Северна Македонија за климатска акција, со цел превенирање на постоечките ризици и креирање на решенија за ублажување на негативните последици од климатските промени, како и за мерките кои се...

Тренчевска: Жените и мажите треба да имаат еднаков глас во граѓанскиот и политичкиот живот​

Концептот на еднакви можности е еден од клучните приоритети на Владата на Република Северна Македонија, што значи дека жените и мажите треба да имаат еднакви права и  еднаков глас во граѓанскиот и политичкиот живот, порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во обраќањето на 66-тата седница на Комисијата за статусот на жените во ОН во Њујорк. Како што...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...