fbpx
Таг: климатски промени

таг: климатски промени

Лани пожарите ги покосија македонските шуми, но и за дрвокрадците имало повеќе работа [инфографик]

Македонските шуми минатата година претрпеле катастрофални штети, при што најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека уништувањето на шумите лани не било единствено од пожари, туку и од зголемената бесправна сеча на дрвја, како и од елементарни непогоди и штети врз шумите што ги предизвикуваат инсекти. Како што веќе пишуваше Мета.мк во неколку наврати, во минатогодишните...

Кризата го намали увозот на возила годинава, сè уште нема забрана за увоз на коли со ЕУРО 4 мотори

Енергетската криза со значителните поскапувања на нафтените деривати годинава доведе до намалување на увозот на возила од странство поради намалениот интерес за набавка на возила од граѓаните. Во Македонија во првите шест месеци од годинава биле увезени 10.666 половни автомобили, камиони и автобуси, додека 3.272 од возилата биле увезени како нови. Податоците на Царинската управа на РСМ говорат за забележително...

Поради истребувањето на некои видови птици, преживеаните во иднина ќе наликуваат едни на други

Глобална анализа предвидува дека, како што сè повеќе видови птици исчезнуваат, оние што ќе преживеат ќе станат послични меѓусебе во однос на големината, обликот на клунот и другите карактеристики, пишува „Њу Сајентист“. Во последните 50 години, САД и Канада изгубија повеќе од една четвртина од своите птици – околу 3 милијарди животни – поради човечка активност. Студија објавена минатата година...

Од четврток до недела топлотен бран со температури над 40 степени

Македонија од четврток до недела ќе биде зафатена од топлотен бран со многу високи температури и суво време. Дневните температури во јужните делови на земјава ќе достигнат и до 41 Целзиусов степен, а во поголем дел од територијата ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Инаку, и подолготрајните прогнози на...

Вистиномер: Фотографијата не е од актуелните протести во Холандија, туку е стара три години

На фотографијата споделена во постот се прикажани холандски земјоделци кои одбиваат да ги прифатат политиките на нивната влада, но не е направена на сегашните протести туку е стара три години. Таа потекнува од демонстрации кои се случиле во октомври 2019 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Инспиративна фотографија. Холандските земјоделци...

Климатски промени: Црвен метео аларм поради високите температури во Британија, пожари низ Европа

Велика Британија се подготвува за историскиот топлотен бран, а метеоролозите предвидуваат дека температурите денеска и утре ќе надминат 40 целзиусови степени. Црвен метео аларм поради високите температури е прогласен во Велика Британија, при што здравствените власти ги предупредуваат граѓаните дека ваквите температури може да предизвикаат здравствени проблеми или смрт не само кај граѓаните кои се вклучени во категориите под...

Загрижен за климатските промени, папата Франциск им порача на младите да јадат помалку месо

Папата Франциск ги замоли младите да јадат помалку месо со цел подобро да се грижат за животната средина. Во писмото до учесниците на Младинската конференција на ЕУ што се одржува неделава во Прага, папата повика да го „скршиме овој самоуништувачки тренд“ на консумеризмот и да се даде приоритет на одржливоста, јавува „Јуроњуз“. „Итно да се намали потрошувачката не само на...

Западна Европа погодена од високи температури и пожари, многу топло и во Македонија од четврток

Нов топлотен бран ги погоди земјите од Западна Европа деновиве, којшто предизвика суша и шумски пожари во Шпанија и Португалија, како и високи температури во Обединетото Кралство и Франција, јавува Би-би-си.  Во Франција се откажани огнометите кои традиционално се одржуваат во градовите низ целата земја по повод 14 јули - Националниот ден на Франција. Француските власти очекуваат продолжен топлотен бран...

Законот за климатска акција годинава нема да се донесе, морало да се доусогласи со Енергетската заедница

Ново одложување на донесувањето на Законот за климатска акција во земјава. Од Министерството за животна средина и просторно планирање на почетокот од годинава ветија дека законското решение ќе влезе во владина постапка за усвојување до крајот на првиот квартал од 2022 година, по што би се испратил на гласање во Собранието. Сепак, од министерството сега велат дека Законот за климатска...

Ревизорите со критики за спроведување на мерките за ублажување на климатските промени во земјава

Многу зборување и ветувања, но малку реализација на дело. Државниот завод за ревизија (ДЗР) со серија на критики кон властите во врска со спроведувањето на мерките и политиките за ублажување на влијанието на климатските промени во земјава. Развојот на правната и стратешката рамка за координирана климатска акција во земјава се одвива со задоцнување од три години, а до денешен ден...

Рушиме рекорди, во летниот период потрошувачката на вода за пиење се зголемува за 15 отсто [инфографик]

Општата хидролошка состојба во државата не е поволна, а тоа се одразува и на издашноста на изворот „Рашче“ од каде Скопје се снабдува со вода за пиење. Во моментов, двете каптажи на изворот „Рашче“ даваат околу 3.600 литри во секунда, информираат за Мета.мк од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“. И покрај намалената издашност поради сушниот период, во периодите...

Пастрмката доцни со мрест, планинскиот бор пред исчезнување, климатските промени безмилосно удираат по биодиверзитетот

Охридската пастрмка доцни со мрестот, планинскиот бор може да исчезне до 2100 година, а моликата на Пелистер се поместува на повисока надморска височина каде сега живеат други значајни растителни видови кои ќе исчезнат. Влијанието на климатските промени и пореметувањето на годишните времиња врз биодиверзитетот е огромно. Промените безмислосно се закануваат да опустошат голем број видови, од кои некои се...

Млади ќе развиваат идеи како со дигитална технологија да се заштитиме од климатските промени

Претстојниов викенд, млади од 16 до 24 години, на тридневна работилница што ќе се одржи во објектот на Телеком во Скопjе, ќе работат на усовршување на своите идеи, како преку користење на дигиталната технологија да помогнат во заштита на животната средина. Во рамки на младинскиот предизвик Generation Unlimited–Генерација без граници 2022, избрани се десетте тимови кои имаат првични идеи...

„Суперцрв“ што јаде пластика може да помогне во решавањето на глобалната криза со отпадот

Научниците ширум светот се обидуваат да пронајдат бактерии и инсекти кои јадат ѓубре, а црв што јаде стиропор е нивното најново откритие, пренесува „Вашингтон Пост“. Во труд објавен во списанието „Microbial Genomics“, научници од Универзитетот во Квинсленд, Австралија покажале дека ларвите на инсектот наречен „zophobas morio“ можат да преживеат само на полистирен, познат и како стиропор. Оваа ларва со големина...

Европа погодена од топлотен бран, во Македонија нареднава недела температури до 38 степени

Поради климатските промени, делови од Европа уште пред почетокот на претстојното лето се погодени од топлотни бранови, јавува Гардијан. Во делови од Франција, температурите на воздухот надминаа 42 Целзиусови степени во петокот. Со високи температури се зафатени и Шпанија и други западноевропски земји, при што мало намалување на температурите се прогнозира за од недела. Во 11 реони на Франција температурите...

Земјите во развој ги обвинија богатите нации за „предавство“ во разговорите за климата во Бон

Богатите нации беа обвинети за „предавство“ на земјите во развој за време на разговорите за клима на конференцијата во Бон, Германија, јавува „Би-би-си“. Земјите во развој тврдат дека климатските промени што ги доживуваат се предизвикани од историски високите емисии на јаглерод диоксид кои потекнуваат од побогатите земји. Тие велат дека Европа и САД сега имаат одговорност да им платат за...

Нова студија: Зелената енергија „стагнира“, доминираат фосилните горива

Светот користи повеќе фосилни горива повеќе од кога било порано, додека транзицијата кон зелената енергија забавува, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на податоци од нова студија. Според Извештајот за глобалниот статус на обновливите извори за 2022 година, уделот на ветерот и сончевата енергија во глобалното енергетско производство се зголемил минимално во последната деценија. Иако учеството на обновливите извори на енергија во секторот...

„Мир, солидарност и единство на човештвото“, порача претседателот на олимпиското движење, Томас Бах

Генералното 51. собрание на Европските олимписки комитети се одржува денес и утре во Скопје, а на собирот присуствува и првиот човек на олимпиското движење, претседателот на Меѓунариодниот Олимписки Комитет (ИОК), Томас Бах. Тој во своето обраќање потсети на главната мисија на Олимписките игри за единство на човештвото и народите. Во говорот се осврна и кон третирањето на воената ситуација во...

Активисти за животната средина од светот во борба против „јаглеродни бомби“

Коалиција на адвокати, истражувачки новинари и учесници во кампањи формираа група да ги оспорат проектите за фосилни горива познати под името „јаглеродни бомби“ што беа откриени во истрага во која се идентификуваа 195 вакви проекти, пишува весникот Гардијан. По неодамнешниот состанок во мај, повеќе од 70 невладини организации и активистички групи од светот оформија мрежа за „дефузија на јаглеродни бомби“...

КОП26: Дали нациите се на пат да ги исполнат своите климатски цели?

Нови цели за намалување на емисиите на стакленички гасови, намалување на употребата на фосилни горива и ставање крај на уништувањето на шумите, беше, меѓу другото, договорено од светските лидери на КОП26. Нациите повторно се состануваат во Бон, Германија за да разговараат за напредокот по потпишувањето на Климатскиот пакт во Глазгов, пишува „Би-би-си“. Секоја година владите во светот се среќаваат на самит...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...