четврток, 11 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: климатски промени | 437 резултати

Европа и заштитата на климата – најважни прашања за Германците за 2024 година

декември 28, 2023

Зајакнувањето на единството на Европа за повеќе од половина (52 отсто) од германските граѓани е најважното надворешнополитичко прашање за следната година. Следно, со 35 отсто гласови е подобрувањето на глобалната заштита на климата, покажува анкетата на институтот Форса за списанието „Интернешнл Политик“ (Internationale Politik), пренесува германската новинска агенција ДПА. Со тесна разлика, 32 отсто од […]

Норвешка со изведба на топлински пумпи се справува со климатските промени

декември 26, 2023

Две-третини од домаќинствата во Норвешка имаат топлински пумпи во своите домови, што е повеќе од кое било друго место во светот. Европската земја со 5 милиони жители долго време ги користеше фосилните горива за загревање на домовите, но по нафтената криза во 1973 година, кога цените на дериватите пораснаа, политичките лидери направиле свесен избор да […]

Климатските промени ќе ја чинат Грција две милијарди евра годишно

декември 15, 2023

Трошоците од климатските промени за Грција до крајот на веков се проценуваат на 2,2 милијарди годишно, односно околу 1 отсто од сегашната вредност на БДП на Грција, пишува грчки „Екатимерини“, цитирајќи го извештајот на Банката на Грција и нејзиниот гувернер Јанис Стурнарас, за еколошките, економските и социјалните ефекти од климатските промени. Во извештајот е вклучена […]

Обезбедени инвестиции од три милијарди евра за замена на јагленот со обновлива енергија

декември 4, 2023

Во рамките СОР28 беше потпишана заедничка декларација за Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција за Северна Македонија, преку која треба да се мобилизираат до три милијарди евра инвестиции за забрзување на енергетската транзиција на земјата преку обновливи извори на енергија. На настанот за презентирање на платформата присуствуваа министерката за животна средина Каја Шукова и министерот […]

Трка со времето кој да го наплати данокот од јаглерод, ЕУ или Македонија

ноември 20, 2023

Дали Европската Унија или Македонија ќе ги собира парите од данокот на јаглерод? Дилемата сè уште е актуелна, а државата е во трка со времето, до 2026 година да обезбеди механизми давачката да се наплатува тука, за парите да завршат во домашниот, а не во европскиот буџет. Законот за климатска акција, што го пропишува данокот […]

Ја живееме најтоплата година во историјата: климатските промени го менуваат целиот систем

ноември 17, 2023

Октомври го достигна „најтоплиот рекорд“, односно на глобално ниво бил за 1,7 Целзиусови степени потопол од генералниот просек за овој месец. Ова е петти месец годинава кој глобално гледано е потопол во однос на истите месеци во минатото, по што речиси е сигурно дека 2023 ќе биде најтоплата година во историјата. „Ваквото уривање рекорди е […]

„Шорткат“: 2023 – најтоплата година досега?

ноември 16, 2023

Европско истражување покажува дека планетата се загреала за речиси 1,2 Целзиусови степени над просечните температури, а за научниците веќе е практично сигурно дека годинава ќе биде најтоплата во последните 125.000 години. Ова ќе влијае на целиот биодиверзитет, а за последиците ве информираме во новата епизода на „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме за младинската […]

ЕУ со порака: На регионалните депонии да работите и воздухот да го прочистите

ноември 13, 2023

С.Македонија годинава постигнала ограничен напредок во поглавјето Животна средина и климатски промени, потенцираат од Европската комисија во најновиот Извештај за земјава. Минатогодишните препораки се делумно исполнети, а во нареднава година треба особено да се работи на три точки. Од Европската комисија бараат наредниве месеци да се искористат за оспособување на регионалниот систем за управување со […]

Климатските промени ја интензивирале сушата во Сирија, Ирак и Иран

ноември 9, 2023

Климатските промени ја влошиле сушата која ги зафати Сирија Ирак и Иран последните три години и значајно ја зголемиле веројатноста ваквата суша да се случи, заклучува нова студија. Од 2020 година, во регионот е забележано пониско ниво на дожд, што довело до внатрешно раселување на населението, како и уништени посеви. Како последица, постои неконзистентно снабдување […]

Кенија прогласи државен празник за садење дрва

ноември 7, 2023

Кениската влада денес објави дека 13 ноември 2023 ќе биде државен празник за садење дрва. Министерот за внатрешни работи на Кенија Китуре Киндики на социјалните медиуми напиша дека целта на пошумувањето е да се балансираат негативните ефекти на климатските промени, известува Гардијан. Оваа иницијатива е дел од поширокиот план на Кенија за справување со последиците […]

Бурата „Киаран“ ја зафати Европа: Петмина загинати во Италија, над 800 евакуирани во Шпанија

ноември 3, 2023

Бурата „Киаран“ предизвика природни катастрофи низ Европа. Според Гардијан, забележани се пет смртни случаи во Италија, еден во Франција, а во Шпанија се евакуирани над 800 луѓе откако избија неколку пожари кои брзо се шират поради силните ветрови на бурата. Дополнително, забележани се поплави во Словенија и Хрватска, вклучително и во Загреб, каде што се […]

Престанете да сонувате за исфрлање на јагленот до 2030 година, вели германски министер

ноември 2, 2023

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер ја стави под знак прашалник способноста на Германија за фазно исфрлање на јагленот како енергетски извор до 2030 година, цел којашто беше поставена во договорот на владејачката германска коалиција пред две години, пишува германската новинска агенција ДПА. „Сè додека не е јасно дека енергијата е достапна под пристапни услови, […]

Балтичкото Море трпи штета на биодиверзитетот и ледената покривка

ноември 1, 2023

Балтичкото Море се соочува со „критични предизвици“ поради климатската криза и деградацијата на биолошката разновидност, вели ново истражување, а шведската крајбрежна стража се бори да го спречи влијанието на излевањето нафта на јужниот брег на земјата, пишува Гардијан. Во најсеопфатното истражување до сега, експертите од Балтичката комисија за заштита на морска животна средина (Хелком) во […]

Ученици од различни школи преку наставата во природа осознаваат растенија и инсекти [галерија]

октомври 28, 2023

Да се истражува во природа, да се собираат растенија, инсекти, почва и други материјали, кои потоа се анализираат и се изведуваат заклучоци е начинот на учење што го овозможува Мрежата на искуствено учење, која ја организира Македонското еколошко друштво (МЕД) заедно со неколку институции. Основци и средношколци можат да излезат од училница и да ја […]

Најголем дел од младите не комуницираат со општините, но сакаат да се дел од зелени настани

октомври 27, 2023

Дури 58 отсто од младите во земјава не комуницираат со локалната самоуправа, но затоа пак мнозинството од 70 отсто од нив сакаат да се дел од зелени настани и би се вклучиле во креирањето политики доколку се навремено информирани и суштински вклучени. Ова е само дел од резултатите на истражувањето што го спроведе Здружението Гоу […]

Мета факт: Сите рокови за усвојување на Законот за климатска акција се пробиени

октомври 24, 2023

Сите рокови предвидени за донесувањето на Законот за климатска акција во Собранието на РСМ се пробиени. Иако владата во својата програма има ветено дека ова законско решение ќе биде усвоено во 2022 година, законодавниот дом до денешен ден ова го нема направено. Министерството за животна средина и просторно планирање дури на почетокот од август годинава […]

Во тек е повикот за учество на „Климатон Скопје“ – хакатон за климатски промени

октомври 20, 2023

Дводневен хакатон за климатски промени „Климатон Скопје“ ќе се одржи на 3 и 4 ноември во просториите на INNOFEIT, во организација на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (CEED Hub) Скопје. Настанот, како што соопштија организаторите, е отворен за сите млади ентузијасти со иновативни идеи за решавање на климатските предизвици во главниот град преку […]

Климатската криза нè чини 16 милиони долари на час, покажува новото истражување

октомври 10, 2023

Во последните 20 години штетата предизвикана од екстремните временски услови чинела 16 милиони долари на час, покажува ново истражување, а пренесува „Гардијан“. Бурите, поплавите, топлотните бранови и сушите имаат одземено многу животи и уништено голем број имоти во последните декади, додека глобалното затоплување само ги зачестува и засилува катастрофите, се вели во истражувањето. Оваа студија […]

Алармантна состојбата со пожарите: Сушата, ветерот и натпросечните температури се опасна комбинација

октомври 9, 2023

Нема ден да помине без информација за десетици пожари на отворено кои биле регистрирани од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на  ЦУК Стојанче Ангелов денеска упати апел до градоначалниците и граѓаните во земјава дека состојбата со пожарите на отворен простор е алармантна, а само во текот на вчерашниот ден имало 60 […]

Германија зимоска ќе реактивира електрани на лигнит за да зачува гас

октомври 5, 2023

Германската влада одлучи повторно привремено да активира три електрани на лигнит во периодот од октомври до март 2024, известува Блумберг. Истата практика беше применета и претходната зима. Оваа одлука е донесена за да се зачува земен гас, за да не дојде до недостиг на струја во следната грејна сезона. Според Ројтерс, недостигот на гас кој […]

Страна 4 од 22