fbpx
Таг: кире наумов

таг: кире наумов

Наумов: Ниту една одлука донесена од Ставрески не ми е доставена на потпис

„Во Министерството за финансии ниту една одлука донесена од страна на министерот за финансии не му е доставена на дополнителниот заменик-министер за согласност и за потпис. Во пресрет на утрешната аукција на државни хартии од вредност и за сите наредни аукции, а се разбира и за веќе завршените, оваа информација сметам дека треба да ја имаат предвид сите домашни кредитори“, информира...

Наумов: Гувернерот Богов не кажува дали имало одлив на средства кон офшор-сметки

„Во ситуација кога целиот свет е на нозе по објавата на таканаречените „Панама пејперс“, кога премиерот на Исланд поради протечените информации веќе си поднесе оставка, најодговорниот во државата за контрола на одлив и на прилив на средства од странство, гувернерот Димитар Богов, не кажа ниту збор дали во периодот додека ја извршува функцијата имало одлив на средства кон офшор-сметки...

Наумов: Во овој момент буџетот е пред финансиски колапс

На денешната аукција на државни хартии од вредност Министерството за финансии не задолжи со нови 25,3 милиони евра. Министерот Ставрески запиша пет пати поголема сума од долгот што доспева за враќање. За враќање доспеваа само пет милиони евра по основ на тригодишна обврзница - се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Тој предупредува дека буџетот во...

Наумов: Енормно зголемување на каматните стапки во услови на пад во Европа

Министерството за финансии за само една година енормно ги зголеми каматните стапки на државните записи, во услови кога каматните стапки во цела Европа опаѓаат, вклучително и референтната каматна стапка на Европската централна банка, која е на историско најниско ниво од 0,05 отсто, се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Според него, на денешната аукција на државни...

Наумов: За оваа власт, повратот на ДДВ секогаш бил само алатка за репресија

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не можат да се договорат сами со себе, што ја подигнува конкурентноста на македонската економија. Дали е тоа намалувањето на прагот за регистрирање на обврзник на данок на додадена вредност (ДДВ) како што изјавија во 2010 година или зголемување на истиот како што се премислија во 2014 година. Слободно нека си ги отворат...

Наместо планираните 76, државата се задолжи со 81 милион евра

Наместо првично планираните 75,76 милиони евра, државата се задолжи 81 милион евра кај домашните кредитори. За ова поголемо задолжување реагираше и дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов. - Заклучно со денешната аукција, нето-долгот од почетокот на годината е 60 милиони евра. Министерот Ставрески треба да им објасни на граѓаните која е основата за овие задолжувања. Дали овие средства планира да ги „истури“...

Еден домашен денар го зголемува БДП колку два денари странски инвестиции

Еден денар странски инвестиции го зголемува домашниот бруто-производ (БДП) во истиот квартал за 0,2 денари, а потоа ефектот е никаков. Еден денар вложен од страна на домашните приватни инвеститори води до зголемување на БДП за 0,9 денари, а еден денар вложен од државата го зголемува БДП за 1,3 денари. Ова значи дека државните пари што биле потрошени на привлекување...

Димитриев ги достави оставките на министрите од СДСМ до Собранието

Техничкиот премиер задолжен за организирање на предвремените парламентарни избори, Емил Димитриев, попладнево до Собранието ги доставил оставките на министрите и замениците-министри од редовите на СДСМ во техничката Влада. Димитриев ги доставил оставките на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, и на дополнителните заменици-министри, Кире Наумов за финансии, Љупчо Николовски за земјоделство,...

Државата се задолжи со 13,38 милиони евра, а планираше 3,6 милиони евра

Државата се задолжи со нови 13,38 милиони евра на домашниот пазар, а планираше да добие само 3,6 милиони евра. На аукцијата на тримесечни записи доби 1,95 милиони евра, додека на едногодишните записи доби 11,43 милиони евра. Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, реагираше дека со оваа аукција направен е нов нето-долг од 56 милиони евра. Во овој момент јавниот долг изнесува 48 отсто...

Наумов: Самоволното задолжување мора да престане за доброто на државата

И покрај одлуката на Управниот суд, со која е поништена одлуката на Државната изборна комисија, министерот Ставрески запиша нови 13,382 милиони евра и го зголеми јавниот долг за нето-износ од речиси 10 милиони евра - се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Според него, со петте одржани аукции, направен е нов нето-долг од 56 милиони...

Ново задолжување од 3,6 милиони евра кај домашните кредитори

Државата денеска ќе се задолжи 3,6 милиони евра кај домашните кредитори. Вчера, дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, изјави дека без негова согласност Министерството за финансии донело одлука за нова аукција на домашниот пазар за хартии од вредност, која треба да се одржи денеска. Од почетокот на годината се одржани четири аукции на домашниот пазар на хартии од вредност, со што...

Наумов: Ново задолжување без моја согласност

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, изјави дека без негова согласност Министерството за финансии донело одлука за нова аукција на домашниот пазар за хартии од вредност, која треба да се одржи утре. – И по донесувањето на одлуката на Управниот суд на Република Македонија со која тој ја прифати мојата тужба и со која де факто се поништи одлуката на...

Наумов: Ставрески повторно се задолжува иако одлуката на ДИК е оспорена

„Претходниот состав на Државната изборна комисија донесе политички диригирана одлука. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, свесно, надвор од сите законски надлежности, донесоа одлука со која овозможија неконтролирано задолжување во пресрет на претстојните парламентарни избори“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Тој потсетува дека на 22 декември 2015 година поднел тужба до Управниот суд на РМ против одлуката на Државната...

Наумов: Неконтролираното задолжување во предизборниот период мора да престане

„Со денешната аукција на државни хартии од вредност, јавниот долг достигна нов рекорден износ. Долгот што треба да го враќаат граѓаните сега изнесува речиси 4 милијарди и 300 милиони евра“, се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, за денешната аукција на државни хартии од вредност. Наумов додава дека „со само четири одржани аукции на државни хартии од...

Наумов: Ќе гледате на бројчаник како ги враќаат вашите украдени пари

Претседателот на комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии, Кире Наумов, денеска го посетил Крушево. - Со години медиумите го кријат криминалот на Груевски и на „фамилијата“  затоа што нивната послушност била платена со 20 милиони евра ваши пари, пари на граѓаните. Затоа без слободни медиуми и без услови за фер медиумско известување, не може да има...

Наумов: Ќе ги вратат и земјата и парите

За да преживее Овчеполието, земјата мора да се врати на вистинските земјоделци. Ова било истакнато на средбата на претседателот на комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии, Кире Наумов, со жителите на Свети Николе. - Земјата ќе ја вратиме кај вистинските земјоделци, кај вас, работливите луѓе и граѓани. Случајот со Субрата Рој е само еден пример на виртуелна инвестиција, која...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Наумов се обидуваат да ја саботираат државата

СДСМ и Кире Наумов продолжуваат со својот дилетантски однос кон државата и прават сè за да го спречат спроведувањето на Законот за буџет, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на дополнителниот заменик-министер Кире Наумов. „Со ваквите обиди за скандализирање на една најредовна процедура за финансирање буџет во сите земји во светот, која е воведена токму од СДСМ, Наумов и СДСМ само...

Наумов: Потребна е одговорност за пропустите во процедурите при задолжувањата

Дополнителниот заменик-минитер за финансии, Кире Наумов, денеска повика на одговорност за „пропустите во процедурите при задолжувањата“. Во соопштение се наведува дека по вчерашното откажување на аукцијата, денеска е закажана нова за 9 февруари 2016 година. Според него, тоа е направено по двојното прекршување на постапката за закажување аукции на државни хартии од вредност, во согласност со правилникот за начинот и за...

Наумов: Секое бебе се раѓа со 2.000 евра долг

Во малите и во средните претпријатија ќе инвестираме до 50 милиони евра државна помош, за разлика од власта во заминување која одвојува едвај 200.000 евра, истакна претседателот на комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии, Кире Наумов, кој заедно со претседателката на комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска, и со организацискиот секретар на СДСМ, Миле...

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е меѓу најмалку задолжените земји на континентот

„Македонија останува една од најмалку задолжените земји во Европа според „Еуростат“. СДСМ има проблем кога земјата не е задолжена како во нивно време“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Од владејачката партија велат дека за СДСМ е несфатливо како е можно во Македонија постојано да се работи, да се реализираат проекти,...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...