понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Кина | 457 резултати

Кинескиот претседател во историска посета на Велика Британија

октомври 20, 2015

Кинескиот претседател Кси Ѓинпинг денеска стигна во Бакингемската палата во кралски стил – во златна кочија која ја влечеле бели коњи. Додека со кочијата минувал низ улиците на Лондон, заедно со кралицата Елизабета Втора, имало лица кои предупредувале на состојбата на луѓето во Кина. Сепак, имало повеќе кои биле собрани да му посакаат добредојде со […]

Кина: 17 загинати во експлозија во ресторан

октомври 10, 2015

Седумнаесет лица загинаа во експлозија на гас во ресторан во источниот кинески град Вуху, јавија локалните власти. Експлозијата, која одекнала денеска, предизвикала пожар во малиот ресторан во квартот Џинџу. Вуху се наоѓа во источната кинеска провинција Анхуи.

Кина: 19 загинати и 223 повредени во тајфунот Муџигеј

октомври 7, 2015

Деветнаесет лица загинаа, а 223 се повредени во тајфунот Муџигеј, кој во текот на викендов го погоди јужниот дел на Кина, јави државната новинска агенција „Синхуа“. Тајфунот Муџигеј ги погоди југоисточната кинеска покраина Гуангдунг и соседната автономна област Гауангси, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со електрична енергија, прекин на железничкиот сообраќај и откажување на бројни летови. Неколку […]

Нова експлозија во Кина

октомври 1, 2015

Кинеските власти покренаа истрага за најновата експлозија во провинцијата Гуанси, еден ден откако во серија експлозии на поштенски пакети загинаа седум лица. Експлозија утринава одекна и во станбена зграда во градот Лијужум, јавија државните медиуми. Причината за експлозијата не е позната и засега нема информации за жртви. Полицијата уапсила осомничен за 17 експлозии, за кој […]

Кина: Серија напади со поштенски пратки

септември 30, 2015

Најмалку три лица загинаа денеска во серија експлозии на бомби во поштенски пакети во југозападниот кинески град Лијузу, јави државната кинеска телевизија. На видеоснимките се прикажани разрушени згради, облаци од чад и улици полни со урнатини. Полицијата не соопшти кој е осомничен за нападите во провинцијата Гуангси, во кои се повредени 13 лица. Бомбите пристигнале […]

Кина се приклучува во војната против ИД

септември 28, 2015

Кина исто така се приклучи во борбата против Исламска држава, и тоа со праќање свои воени советници, јавува „Раша тудеј“. – Кинезите ќе пристигнат во следните недели – рече сирискиот воен претставник за либанскиот портал „Ал Масдар ал-Араби“. Истите извори тврдат дека на пат кон Сирија е и кинески воен брод со десетици воени советници, […]

Обама се закани со нови санкции кон Кина

септември 26, 2015

На прес-конференцијата што вчера ја одржа со кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Барак Обама упати нови закани за воведување санкции против Кина поради наводните кибер-кражби, кои се случија и покрај нивниот претходен договор да се спречат таквите хакерски напади. – Ќе ги воведеме, како и сите други средства со кои располагаме, за да ги спречиме […]

Кина купува 300 авиони од „Боинг“

септември 23, 2015

Кинески компании и американскиот произведувач на авиони „Боинг“ склучиле договор за купување 300 авиони и за изградба на фабрика за склопување авиони во Кина, јави денеска кинеската новинска агенција „Ксинхуа“. Договорот за купување авиони е потпишан откако кинескиот претседател Кси Ѓинпинг допатува во прва официјална посета на САД. Во извештајот на агенцијата не се наведува […]

По експлозијата во Тианџин, владини функционери обвинети за негрижа

август 27, 2015

Кина поднела обвиненија против 11 владини функционери одгoворни за пристаништето во Тианџин, за негрижа, во врска со големата експлозија, која се случи на почетокот на овој месец, a во која загинаа 139 луѓе, јавуваат светските агенции. Засега нема информации дали на обвинетите функционери им е одреден притвор, а како што јавува „Би-Би-Си“, 12 извршни директори […]

Кинеската економија предизвика остри падови на светските берзи

август 24, 2015

Берзите ширум Соединетите Американски Држави (САД) и Европа денеска бележат остри падови откако забавувањето на кинеската економија предизвика паника кај инвеститорите, јавуваат светските медиуми. Кинеската берза во Шангај синоќа го имаше најлошото затворање од 2007 година, со пад на тргувањето од 8,5 проценти, што преку ноќ предзвика пад на акциите ширум Азија. Тргувањето со акции […]

Четири нови пожари во Тјанџин

август 21, 2015

Кинеските служби за вонредни состојби се обидуваат да изгасат четири нови пожари во Тјанџин, во близина на местото каде што минатата недела се случија силни експлозии во кои настрадаа 114 луѓе, јави државната агенција Ксинхуа. Агенцијата наведува дека едно од жариштата е центарот за дистрибуција на автомобили, во близина на местото на експлозијата, додека останатите […]

Во Тјенцин нивото на цијанид 350 пати поголемо од нормалното

август 20, 2015

По серијата експлозии во сладиштето со опасен материјал во кинескиот град Тјенцин, нивото на цијанид во водата е 350 пати поголемо од дозволената гранција. Властите на локалната Канцеларија за заштита на животната средина, детектирале хемикалии на 25 точки за проверка на состојбата на вода во околината на складиштата. „Нивото на цијанид кое го пронајдовме на […]

Невремето го отежнува санирањето на катастрофата во Тјенцин

август 18, 2015

Невремето и грмотевиците денеска ги отежнуваат напорите за санација на последиците од експлозијата и пожарот во складиштето во Тјенцин, а експертите стравуваат дека поради дождот може да дојде до ширење на големи количини опасни материја, или до хемиска реакција и нови експлозии. Жителите на пристанишниот град Тјенцин, пожарникарите, полицајците и официјалните претставници утринава, на шестиот […]

Експлозиите во Кина направија штета во износ од 1,5 милијади долари

август 17, 2015

Двете експлозии во кинеското пристаниште Тјанџин, во кои минатата недела загинаа повеќе од 100 лица, би можеле да им нанесат трошок на осигурителните куќи од 1,5 милијарди долари, соопшти денеска аналитичар на „Кредит Свис“, повикувајќи се на првичните процени на кинеските медиуми. Тјанџин, третото најголемо пристаниште во светот по количина на товар кон минува низ […]

Нова експлозија во Кина

август 17, 2015

Нова силна детонација утринава се случи во близина на складиштето во северното кинеско пристаниште Тјанџин, каде минатата недела во серија експлозии загинаа 114 лица, а 70 исчезнаа. Во извештајот се наведува дека после новата експлозија се подигнал бел чад. Издадена е наредба за евакуација на војниците кои се ангажирани во близина на местото на несреќната. […]

Бројот на загинати во Тианџин достигна 112 лица

август 16, 2015

Билансот на загинати во експлозијата во кинескиот град Тианџин порасна на 112 лица, јави кинеската новинска агенција „Синхуа“. Во инцидентот, кога во складиште за опасни хемикалии во средата изби пожар, а потоа се случија низа експлозии, повредени се повеќе 750 луѓе, а 85 пожарникари и понатаму се водат како исчезнати. Помеѓу 112 загинати има најмалку 21 […]

Бројот на жртвите во Кина се зголемува, се слушаат нови експолозии

август 15, 2015

Нови експолозии го потресуваат градот Тианјин во Кина, каде во експлозија во складиште со хемиски производи која се случи во средата загинаа 85 лица. Кинеската новинска агенција „Синхуа“ јавува дека се слушнале седум нови експлозии и дека од нив повторно се разгорел оган, а во воздухот можат да се видат црни облаци од чад. Издадена е […]

Кина: Пожарите сè уште беснеат, спасен еден пожарникар

август 14, 2015

Пожари сè уште горат во пристаништето што се наоѓа во кинескиот град Тианјин и 36 часа по експлозијата, а спасителите пронашле еден преживеан пожарникар во пепелта. Се работи за пожарникарот Зоу Тим, кој има 19 години. Официјално лице претходно соопшти дека 17 пожарникари загинале, а Министерството за јавна безбедност наведе дека 18 други се водат како исчезнати. Тим […]

Јуанот ослабе за уште 1,12 отсто

август 13, 2015

Операцијата за коригирање на јуанот е завршена, изјави портпаролот на Народната банка на Кина, откако кинеската валута денеска ослабе за уште 1,12 отсто, на 6,40 јуана за еден долар, што е најниска вредност на оваа валута од август 2011 година. Кинеската централна банка во вторникот го симна курсот на јуанот за 1,9 отсто на 6,2298 […]

Во експлозијата во Кина загинаа 44 лица, повеќе од 500 повредени

август 13, 2015

Бројот на загинати во силната експолозија во складиштето со опасен материјал во кинескиот град Тианјин се зголеми на 44, додека повредени се повеќе од 500 лица, јави утрово кинеската новинска агенција „Синхуа“. Полицијата во Тианјин соопштила дека почетната експлозија ја предизвикала пратка во еден од магацините, а дека раковдството на компанијата е приведено. Околните населби […]

Страна 20 од 23