fbpx
Таг: Кина

таг: Кина

Уапсени две лица во антитерористичка акција во Кина

Две лица се уапсени денеска во Кина, во полициска акција за разбивање терористички групи. Полицијата во градот Венџоу, во источниот дел на Кина, наведе дека спровела серија координирани акции во пет часот наутро, при што е запленетo големo количeство оружје, во кое имало ножеви и рачно изработени бомби. Не се откриваат детали за уапсените, но кинеските претставници често „терористи“ ги нарекуваат припадниците на радикалното...

Двајца загинати и 24 повредени во експлозија во Кина

Најмалку две лица загинаа во експлозија пред парк во градот Хезе во кинеската провинција Шандонг, каде најверојатно, невработен маж извршил самоубиство, јавува кинеската агенција „Синхуа“. Агенцијата наведува дека експлозијата се случила доцна синоќа и оти 33-годишниот Кси Ксинтанг, најверојатно, извршил самоубиство. Од експлозијата се повредени 24 лица, од кои тројца се во критична состојба. Засега не е јасно кој материјал го...

Кина: Шест загинати во експлозија во магацин за пиротехника

Шест лица загинаа, а десет се повредени при експлозија која настана во магацин за пиротехнички материјали во северната кинеска провинција Хајбеј. Како што јави кинеската државна телевизија, од експлозијата се искршени прозорците на околните згради во радиус од еден километар.

Хакерски напад на САД: Украдени личните податоци на најмалку 21,5 милиони луѓе

Хакерите што упаднаа во базата на податоци на САД ги украле личните податоци на најмалку 21,5 милиони луѓе, соопштиле владини преставници, пренесуваат светските медиуми. Најновите информации, објавени денеска, покажуваат дека загриженоста кај властите на САД во врска со инцидентот се зголемува, бидејќи само пред еден месец беше соопштено дека, според тогашните процени, во хакерскиот напад биле украдени личните податоци на 4,2...

Хилари Клинтон: Кина краде владини информации

Кандидатката за американски претседател од редовите на демократите, Хилари Клинтон, вчера ја обвини Кина дека ги краде трговските тајни и огромни количества владини информации, како и дека се обидува да изведува хакерски упади „во сè што не се движи во Америка“. Овој свој став Клинтон го искажа вчера, за време на еден настап од нејзината кампања, пред граѓани на државата Њу Хемпшир.

Лидерите од ЕУ веројатно ќе ја бојкотираат кинеската воена парада

Лидерите од Европската унија најверојатно нема да присуствуваат на кинеската воена парада со која ќе се одбележи годишнината од крајот на Втората светска војна во Азија, изјави денеска Ханс Дитмар Швејсгут, амбасадор на ЕУ во Пекинг. Швејсгут рече дека и понатаму не е јасно дали на парадата ќе биде промовирано помирување или ќе биде поттикнат уште поголем анимозитет, алудирајќи на...

Тројца загинати во земјотрес во Кина

Три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во земјотрес со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала што денеска ја погоди северозападната кинеска провинција Синџјан-Ујгурската. Кинескиот сеизмолошки центар јави дека земјотресот бил регистриран утринава во 9.07 по локално време, а епицентарот бил на 160 километри северозападно од градот Хотан, на длабочина од 20 километри.

Кинеските власти со нов закон ја зголемуваат контролата над информатичката безбедност

Контроверзниот закон за национална безбедност, со кој се затега владината контрола врз многу области од секојдневниот живот, добил зелено светло од кинеските законодавни органи, пренесуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, законот во голема мера ја дефинира националната безбедност како следење на сè, од финансии и компјутерска безбедност до религија. Според кинеските државни медиуми, законот ќе ги „штити фундаменталните интереси на...

Комунистичката партија на Кина не прима нови членови

Владејачката Кинеска комунистичка партија прима помалку членови затоа што нејзиното членство се зголемило за 1,1 милион членови, односно забележан е пораст од 1,3 отсто минатата година. Во моментов во партијата членуваат 87,8 милиони комунисти. Создадени се и 56.000 нови основни партиски организации, фирми и институции, со што нивниот вкупен број во земјата достигна 4,36 милиони. 82 проценти од новопримените членови се помлади од 35...

Кина, главен осомничен за големиот хакерски напад на САД

Кина е „главниот осомничен“ за големиот хакерски напад на владината агенција на САД задолжена за чување на личните досиеја на милиони Американци, изјавил шефот на разузнавањето на САД, Џемјс Клапер. Клапер е највисоко рангираниот службеник на САД што јавно го поврза Пекинг со упадот во системот со податоци. Од друга страна, Кина ги отфрла наводите за вмешаност во хакерскиот напад. Изјавата на високиот американски...

Јапонија, Кина и Јужна Кореја на трилатерален самит оваа есен

Јапонија, Кина и Јужна Кореја планираат да одржат трилатерален самит оваа есен за ублажување на дипломатската напнатост во односите помеѓу тие земји. Самитот треба да се одржи помеѓу септември и ноември во Јужна Кореја. Истовремено, Токио и Сеул ја разгледуваат можноста за организирање на прва билатерална средба на јапонскиот премиер Шиноз Абе и јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе на маргините на тој...

Протести во Никарагва против изградбата на канал меѓу Тихиот и Атлантскиот Океан

Илјадници жители на централно-американската држава Никарагва излегле на протести против планираната изградба на вештачки канал, кој треба да ги поврзува Тихиот и Атлантскиот Океан, јавуваат светските медиуми. Каналот, кој ќе го гради кинеска фирма и ќе чини околу 50 милијарди долари, треба да биде подолг, подлабок и поширок од Панамскиот. Но, демонстрантите се плашат дека изградбата ќе има штетни последици по...

Британија ги повлекла своите шпиони поради документите на Сноуден

Британското разузнавање ги повлекло своите агенти бидејќи Русија и Кина ги имаат тајните информации што откриваат како тие оперираат, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на информации добиени од висок владин извор. Според весникот „Сандеј тајмс“, Москва и Пекинг успеале да ги дешифрираат документите што ги украде поранешниот агент на Националната безбедносна агенција на САД (НСА), „шепкачот“ Едвард Сноуден. Владиниот извор за „Би-Би-Си“ рекол...

Кинески висок функционер осуден на доживотен затвор

Поранешниот шеф на кинеската безбедност Џоу Јунгканг денеска е осуден на доживотен затвор и, со тоа, по повеќе од деценија, стана највисок кинески функционер кој завршил в затвор. - Џоу Јунгканг е осуден на доживотен затвор затоа што примал мито, ја злоупотребувал власта и оддавал државни тајни – јавува државната агенција, додавајќи дека тајното судење на овој поранешен член на...

Исправен превртениот брод во реката Јангце

Кинески инженери го исправија брод што потона во реката Јангце, при што загинаа повеќе од 400 луѓе. Бродот „Источна ѕвезда“ потона на почетокот од неделата во невреме. Спасени се само 14 од вкупно 456 патници и членови на екипажот, а таа е една од најлошите бродски несреќи во Кина во последните 60 години. Досега се пронајдени само 97 тела, а кинеските власти истакнуваат дека мали...

Спасени 14 лица од превртениот брод во Кина

Повеќе од 400 лица и понатаму се заробени на бродот кој се преврти во реката Јангце во кинеската покраина Хубеј. Четиринаесет лица се спасени, а досега се извлечени 18 тела, јави државната телевизија „Си-Си-Ти-Ви“. Бродот „Истерн стар“ на четири нивоа во понеделникот исплови од градот Нанџинг на истокот на Кина кон Чунгчинг на западот на земјата. Се преврти во провинцијата...

Потона брод со 458 патници во Кина

Кинески патнички брод со 458 патници потона синоќа на реката Јангце во покраината Хубеи, извести кинеската агенција „Синхуа“, повикувајќи се на управата за речна пловидба. Агенцијата јавува дека по несреќата спасени се седум лица, вклучувајќи ги капетанот и инженерот, кој рекол дека бродот потонал многу бргу откако бил зафатен во бура. Според податоците на управата за речна пловидба, бродот пловел со...

Уапсени 175 лица за крадење артефакти во Кина

Кинеската полиција уапси 175 лица за кражба на уметнички и археолошки предмети. Министерството за јавна безбедност објави дека пронашло 1.168 археолошки предмети, во вредност од повеќе од 80 милиони долари. Се верува дека предметите биле нелегално ископани во Ниуелијанг, неолитски локалитет во североисточната покраина Лиаонинг. Министерството соопшти дека крадците предизвикале голема штета на локалитетот. Меѓу пронајдените предмети има и извиткан змеј од...

Кина: 38 загинати во пожар во дом за стари лица

Најмалку 38 лица загинаа, а шест се повредени во пожар кој синоќа изби во дом за стари лица во кинескиот град Пингдингшан, во провинцијата Хенан. Како што јавува агенцијата „Синхуа“, двајца од повредените се во критична состојба. Засега не се знае причината за пожарот. https://www.youtube.com/watch?v=wtcW3LKG3Gk

Петнаесет загинати во поплавите во Кина

Во поплавите предизвикани од обилните дождови во јужниот и во централниот дел на Кина, најмалку 15 лица загинаа, а илјадници луѓе ги напуштија своите домови. Локалните власти денеска соопштија дека најлошо погодена е провинцијата Ксиангчи каде загинаа осум лица, а 65.000 се раселени. Во регионот Гуангжу загинаа пет лица, а шест се водат за исчезнати. Уште две лица загинаа во провинцијата Хунан,...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...