вторник, 16 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Киев | 61 резултати

Украина денес: Русија го бомбардира Киев, загина 15 годишно девојче, ранет новинар на Фокс Њуз

март 15, 2022

Руското немилосрдно бомбардирање на Украина се приближи до центарот на Киев со серија напади што погодија станбена населба додека лидерите на три европски земји планираат храбра посета на Киев во знак на поддршка, пренесе АП. Лидерите на Полска, Чешка и Словенија објавија дека денеска ќе отпатуваат во главниот град на Украина во мисија на Европската […]

Борби во предградијата на Киев, руската војска гранатираше џамија во Мариупол

март 12, 2022

Руската војска гранатираше џамија во пристанишниот град Мариупол во која се наоѓале повеќе од 80 лица, меѓу кои и деца, соопшти денеска украинската влада. Борби се водат и во предградието на главниот град Киев, каде одекнуваа сирени за воздушен напад, објави „Асошејтед прес“. Борбите се водат во повеќе области околу градот, а артилерија го нападна […]

Сведоштва од Украина: „Ние се криеме во подруми и скривалишта, а тие пукаат во нас“

март 4, 2022

„Не знам како да го опишам преку зборови, не знам како да го вметнам во зборови она што го чувствуваме, она што се случува овде. Ние се криеме во подруми и скривалишта, а тие пукаат во нас.“ Со овие зборови Марина Соловеи, која што во моментов се наоѓа во Киев, а инаку е поранешна учесничка […]

Киев татнеше од експлозии, Херсон заземен од Русите

март 3, 2022

Изминатата ноќ за жителите на Киев беше страотна, со 4 силни експлозии што можеа да се слушнат дури и во скривници две нивоа под земја, јавија репортерите на Би-Би-Си во главниот град на Украина. Засега нема информации за цивилни и воени жртви. Во гранатирањето и ракетирање на градот Изиум, загинати се 8 луѓе, од кои […]

Најмалку 70 украински војници загинаа во руски ракетен напад, се подготвува голем напад на Киев

март 1, 2022

Повеќе од 70 украински војници загинаа во руски ракетен напад, а десетици цивили загинаа во „варварско“ гранатирање, соопштија во вторникот украинските власти, додека огромен руски воен конвој се приближуваше до главниот град Киев. Жестокиот отпор на теренот досега негираше решавачки рани придобивки на рускиот претседател Владимир Путин, откако минатата недела тој го започна најголемиот напад […]

ОН: Повеќе од половина милион луѓе ја напуштиле Украина, најмалку 102 цивили се убиени

март 1, 2022

Шефот на Аенцијата за бегалци на ОН во понеделникот рече дека повеќе од 500.000 луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји од почетокот на руската инвазија минатата недела. More than 500,000 refugees have now fled from Ukraine into neighbouring countries. — Filippo Grandi (@FilippoGrandi) February 28, 2022 Филипо Гранди, шеф на агенцијата за бегалци на […]

Киев се подготвува за нов руски напад, за цивилите уште една ноќ во скривница

февруари 26, 2022

Жителите на главниот град на Украина, Киев, вечерва се подготвуваат за уште една ноќ помината во подземните скривници, додека руските трупи се приближуваат кон центарот на градот, јави АП. Во меѓувреме, лидерот на Украина, Володимир Зеленски, вети дека ќе продолжи да се бори против рускитe напади апелирајќи за поголема помош однадвор. „Во тек е вистинската […]

И ноќеска битки, досега загинале 198 Украинци, од кои 3 деца

февруари 26, 2022

Во руската инвазија на Украина, што започна рано утрото во четвртокот, 24 февруари, досега животите ги загубиле 198 Украинци, од кои три се деца, соопшт утрово украинскиот министер за здравство, Виктор Љашко. Во текот на изминатава ноќ се водеа борби меѓу украинските одбранбени сили и руските вооружени сили. Според украинската страна, успешно биле потиснати руски […]

Во Киев поделени 18.000 автоматски пушки на доброволци да се вклучат во одбраната

февруари 25, 2022

Додека Киев татни од експлозии и од рафални истрели и многу луѓе се во скривалишта подготвени од украинската држава, а дел самостојно се евакуираа од главниот град на Украина, во северниот дел на градот уште се водат битки меѓу украинските одбранбени сили и руските војници и воена механизација што се обидуваат да напредуваат кон центарот […]

Се води битка за Киев, ракети паѓаат по улици и згради

февруари 25, 2022

Во северен Киев во моментов се одвива битка меѓу украинските одбранбени сили и руските војници, кои се обидуваат да се пробијат до центарот, односно до објектите на власта на Украина. Официјалните извештаи од терен се скудни, но на социјалните мрежи граѓани објавуваат видеа за руски ракети што паѓаат во населбите. Во меѓувреме, разузнавачките служби на […]

Османи: Нашите дипломати и неколку граѓани во Киев се во скривница, се обидуваме да ги евакуираме

февруари 25, 2022

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција по повод посетата на неговиот српски колега Никола Селаковиќ, соопшти дека постојано е во контакт со нашата амбасада во Киев, како и со наши граѓани кои се обидуваат да заминат од Украина. „Ние сме во комуникација со нашата амбасада. За жал, ситуацијата не е добра, […]

Во Киев упатен повик до граѓаните да се засолнат, четири ракети истрелани од Белорусија кон Украина

февруари 24, 2022

Градските власти на Киев ги повикаа граѓаните итно да се засолнат поради руски воздушен напад, јави украинскиот медиум на англиски јазик „Кијив Индепендент“. Киевскиот градоначалник Витали Кличко, поранешен светски боксерски шампион, вели дека граѓаните на Киев се шокирани од експлозиите во градот и побара Западот да се обедини за да ѝ помогне на Украина. Кличко […]

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина

август 24, 2021

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска на Плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина. На настанот, на којшто се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се одржаа церемонии на подигнување на украинското знаме и доделување признанија, како и празнична парада на вооружените сили на […]

Украински „Виндроуз“ од 6 декември планира да почне да лета меѓу Скопје и Киев

октомври 15, 2020

Украинската авиокомпанија „Виндроуз“ од 6 декември планира да воведе нова авио линија меѓу Скопје и Киев, објави специјализираниот портал „Екс-Ју Авиејшн“. На веб-страната на оваа авиокомпанија веќе можат да се набават авионски билети за летовите што ќе се одвиваат секој четврток и недела, со полетување од Скопје во 12:50 часот. Летовите е планирано да се […]

Руска новинарка киднапирана во Киев

август 30, 2017

Репортерката на рускиот „Канал 1“, Ана Курбатова, е киднапирана во средата во Киев, пренесува „Спутник“. Украинските власти ја обвинуваат Курбатова за манипулација со информации од јавно значење и за учество во антиукраинска пропаганда. Засега не се познати детали за околностите на нејзиното киднапирање. Претходно Службата за безбедност на Украина протера двајца шпански новинари кои биле […]

Португалија победи на натпреварот за песна на „Евровизија 2017“

мај 14, 2017

Португалија е победник на годинашниот избор на песна на „Евровизија“, европската мрежа на национални радиодифузери, кој се одржа во Киев, Украина. Со 758 поени, 27-годишниот Салвадор Собрал со песната „Amar Pelos Dois“ ги освои симпатиите на Европа и на својата земја ѝ ја донесе првата евровизиска победа. Португалија е земја со најдолг стаж како натпреварувач, […]

Примирје за Велигден во Украина

април 30, 2016

Прозападните власти во Киев и бунтовници во источниот дел од Украина вчера почнаа со примена на примирјето за Велигден. Портпаролката на украинскиот претседател на преговорите одржани под покровителство на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изјави дека прекинот на огнот стапува на сила од петокот на полноќ. „Договорено е таа наредба да им биде […]

Страна 3 од 3