fbpx
Таг: киднапирање

таг: киднапирање

Киднапирани 16 турски работници во Багдад

Засега непознати маскирани лица, облечени во униформи, киднапирале 16 турски работници и инженер во Багдад, соопшти денеска ирачкото министерство за внатрешни работи. Киднапирањето се случило во североисточниот дел на Багдад, соопшти портпаролот на министерството, Сад Мад. Киднаперите в зори го нападнале караванот, во кој спиеле градежните работници. Минатата година припадниците на Исламска држава киднапираа 46 државјани на Турција, но по три месеци...

Вооружан тинејџер држел во заложништво 29 ученици

Четиринаесетгодишен ученик со пиштол држел во заложништво 29 ученици и наставник во средно училиште во градот Филип во Западна Вирџинија. Ученикот потоа се предал, а во инцидентот нема повредени. Началникот на државната полиција, Мајкл Бајлус, рекол дека инцидентот започнал вчера, нешто по 13 часот по локално време, а полицијата ја ставила ситуацијата под контрола околу 15 часот и 30 минути. Началникот...

Германка киднапирана во Кабул

Германка која работела за Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) е киднапирана во Кабул, јавуваат германските медиуми, повикувајќи се на авганистански извори. Сепак, ниту ГИЗ, ниту германското Министерство за надворешни работи не сакаат да го коментираат случајот. Авганистанската новинска агенција „ПАН“, јави дека непознати лица утринава ја грабнале соработничката на ГИЗ од кабулскиот кварт Квала-Фатулах, каде здружението има свои простории. Ова...

Судбината на киднапираниот Хрват сè уште непозната

Судбината на Хрватот Томислав Салопек, кој беше киднапиран во Каиро, сè уште не е позната и покрај интензивните напори на владите во Загреб и во Каиро да се реши тешката ситуација. Египетските власти ја интензивирале потрагата по терористичката група што го киднапираше Салопек, па ги ангажирале хеликоптерите „апачи“, а безбедносните сили направиле претрес на неколку терористички упоришта. Шефицата на хрватската дипломатија, Весна Пусиќ,...

Терористите преговараат: Киднапираниот Хрват доби нови 48 часа живот

Терористите го продолжија рокот за уште 48 часа за египетските власти да ги исполнат нивните барања, во замена за Хрватот Томислав Салопек, кој беше киднапиран во Каиро, јавуваат египетските медиуми. Веќе истекоа првично дадените 48 часа, а до ваквиот расплет на ситуацијата дојде по одлуката на египетското министерство да ја разгледа понудата од терористичката група. Исто така, часовникот, кој на еден...

Гостиварец киднапиран и малтертиран на наплатна рампа

Гостиварец од село Форино бил киднапиран додека плаќал патарина на наплатната рампа Тетово. На патарината друго возило му го попречило патот и од него излегле три лица, две од Гостивар и едно од Тетово, и го внеле во нивното возило, по што се упатиле кон Тетово. „Истите физички го нападнале и му се заканувале по неговиот живот и животот на неговото...

Српската полиција на нозе, трага по киднапирано дете

Српската полиција овој викенд е на нозе, во досега незапаметена потрага по 12-годишно момче од Банатска Суботица, место на југоистокот на Војводина, кое, според информациите со кои располагаат српските медиуми, вчера било киднапирано од засега непознати лица, на стотина метри од семејната куќа. Грабнувањето на Стефан Илиќ го пријавил неговиот помлад брат, кој рекол дека тројцата мажи се обиделе и...

Заложничка драма во судот во Истанбул, киднапиран јавниот обвинител

Левичарската турска група ДХКП/Ц го држи како заложник обвинителот кој работи на случајот со 15-годишното момче кое почина откако полицијата со гас ги нападна демонстрантите. Обвинителот ја води истрагата за 15-годишниот Беркин Елван, кој почина минатата година во март, по девет месеци кома. Елван доби тешки повреди за време на минатогодишните антивладини протести. Турскиот премиер свика итна средба со министерот за...

Боко харам киднапирала 500 деца

Околу 500 деца на возраст до 11 години се водат како исчезнати од нигерискиот град Дамасак откако го напуштија борците на Боко харам. Трговец од тој северноисточен град соопшти дека организацијата Боко харам при заминувањето со себе собрала и деца. Војници од Нигерија и од Чад го зазедоа Дамасак на почетокот од месецов и ставија крај на повеќемесечната контрола на борците на групата.

ИД киднапираше 220 христијани во Сирија

Најмалку 220 луѓе од христијанско село во североисточниот дел на Сирија биле киднапирани од џихадистити на Исламската држава, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Киднапирањата се случиле откако џихадистите зазеле десетина села во кои живеат христијани, а според податоците на Мрежата за човекови права во Шведска, повеќе од 1.000 семејства побегале од своите домови. САД и ОН побараа итно ослободување на заложниците и...

Сирија: ИД киднапирала 90 христијани

Екстремистите од сунитското движење Исламска држава киднапирале најмалку 90 христијански верници од Асириската источна црква во североисточниот сириски град Тел Хмар, соопшти Сирискиот центар за човекови права. Киднапирањето е извршено за време на офанзивата на курдските сили  против ИД на североистокот на Сирија.

Судан: Бунтовници киднапираа шест Бугари

Шест бугарски државјани се киднапирани во јужниот дел на Судан, откако хеликоптерот на бугарската авиокомпанија која врши летови за Светската програма за храна на Обединетите нации принудно слетал во реонот на суданскиот град Кадугли, соопшти бугарското МНР. Одговорноста за киднапирањето ја презела групата Суданско народно ослободително движење - Север, која се бори против владините сили во регионот. Претставници на Светската програма...

Нема напредок во ослободувањето на двајцата Јапонци

Владата на Јапонија продолжува со обидите да ги спаси двајцата киднапирани, кои Исламска држава се заканува дека ќе ги убие, но сè уште нема значаен напредок, соопштуваат од владата. „Немаме нови информации, само уште еднаш ја разгледавме постојната ситуација“, рекол јапонскиот министер за внатрешни работи, Фумио Кишида. Во видеопораката објавена во вторникот, еден припадник на ИД на англиски јазик се закани...

Тројца загинати, четворица повредени во заложничката драма во Сиднеј

Сиднејската полиција потврди дека три лица, вклучувајќи го и напаѓачот, загинаа за време на заложничката драма во сиднејското кафуле „Линд“. Освен напаѓачот, убиени биле и 34-годишен маж и 38-годишна жена, а четири лица се посериозно повредени. Напаѓачот, кој киднапираше 40 лица и ги држеше во заложништво речиси 16 часа, е Австралиецот со иранско потекло, шеик Ман Харон Монис. Тој бил...

Кенија: Најмалку 28 загинати откако милитанти киднапирале автобус

Најмалку 28 патиници се убиени кога милитатите на групата Ал Шабаб киднапирале автобус во североисточниот дел на Кенија, на границата со Сомалија, соопштија властите во Кенија. Групата Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот, соопштувајки дека тоа е одмазда за нападите врз џамии во пристанишниот град Момбаса. Кенија е мета на напади на милитантите од Ал Шабаб откако испрати свои војници...

Приватните превозници утре со 30 автобуси ќе блокираат дел од Скопје

Приватните автобуски превозници најавија дека утре ќе го блокираат сообраќајот со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица на крстосницата кај „Мавровка“, на булеварите „Гоце Делчев“ и...