fbpx
Таг: Кепс монт груп

таг: Кепс монт груп

Компанија заинтересирана за згурата од Топилница ќе го посети Велес

Нова компанија, заинтересирана да ја купи техногената минерална суровина од Топилница, на крајот од месецов треба да го посети Велес, а до средината на август ќе се знае кога ќе почне редовниот транспорт на згурата. Откако Малезија стана неизвесна дестинација за извоз на троската, бидејќи на почетокот на годината земјата забрани увоз на опасен отпад, компанијата „Кепс монт груп“,...

Загадувањето на воздухот ќе се мери на четири места околу депонијата со згура од Топилница

Општина Велес ќе го контролира загадувањето околу депонијата со троска на некогашната Топилница, додека траат градежните работи за ископување и транспорт на минералната суровина. Емисиите на прашина ќе мора да се мерат на четири мерни точки, а загадувањето не смее да го надминува законски максималниот утврден лимит од 50 микрограми на кубен метар прашина. Според условите кои општинските власти ги...

Троската од велешката топилница се анализира за радиоактивност и токсичност во Грција

Примероци од црниот рид со згура од Топилницата во Велес се испратени на анализа во Грција заради обезбедување на последната дозвола пред да започне транспортот на суровината. Грчките власти ќе испитуваат радиоактивност и токсичност на троската пред да обезбедат МСДС (Material Safety Data Sheet), документ за квалитет на стоката при меѓународен превоз. Троската, до крајните дестинации ќе патува преку...

Почвата под згурата во Велес ќе се промени со нова во длабина од еден метар

Промената на земјата во Велес, на местото каде што се наоѓа историскиот отпад од работата на Топилницата и прочистувањето на почвата од децениските загадувања со тешки метали, ќе биде направено веднаш штом се извезат и последните количини од техногената минерална суровина. Компанијата „Кепс монт груп“, која има концесија да ја извезе троската, последица од долгогодишната работа на Топилницата, има...

Малезија си даде уште три месеци да одлучува дали ќе го земе отпадот од Топилница

Дали згурата од велешката Топилница ќе замине за Малезија ќе се знае за околу три месеци. Рокот од шест месеци за малезиската влада да даде зелено светло или целосно да забрани увоз на отпад, истече на почетокот на месецов. Одлука не беше донесена заради актуелните состојби околку пандемијата со ковид-19. Сите активности за мониторинг на договорите за увоз на...

Ремедијација на почвата во Велес ќе прават и „Кепс монт груп“ и државата

Комплетна ремедијација на почвата на која се наоѓа црниот рид згура последица од работењето на Топилницата во Велес, ќе треба да се направи откако ќе се извезе минералната техногена суровина. Тоа е суровина која произлегува од технолошки процес, а во случајот на Топилница, минералната техногена суровина содржи околу 10 проценти цинк, еден процент олово како и други опасни метали како...

Велешката згура може да патува и за Африка и за Источна Европа

Две држави, една во Источна Европа и една во Африка, се новите потенцијални дестинации каде што би можела да се транспортира згурата од велешката Топилница. Останува отворена и опцијата троската да замине и за Малезија, која на почетокот на годината ги затвори границите за увоз на отпад. Компанијата „Кепс монт груп“, која доби концесија да ја собере и продаде...

Малезија сè уште не дала дозвола за влез на згурата од велешката Топилница

Малезија сè уште не дала дозвола на нејзина територија да се увезе отпадот од Топилницата од Велес. Во таа земја во тек е шестмесечен мониторинг на сите договори од овој тип, откако на почетокот на годината беше забранет секаков увоз на отпад. Тоа е причина што транспортот на минералната техногена суровина од троската сè уште не започнал, иако подготвителните...

Од вкупно 1,8 милиони тони згура на црниот рид на велешка Топилница, само стотина тони заминале за Малезија

Само стотина тони, како пробни количини суровина, од црниот рид згура од велешката Топилница се транспортирани во Малезија. Компанијата „Кепс монт груп“ сè уште не започнала со редовен транспорт на остатоците во јаловиштето, а општинските власти во Велес немаат информации каде е застојот. Концесионерот во октомври минатата година ја доби Б-интегрираната еколошка дозвола, која беше последната препрека да започне...

Отровниот рид во Велес чека струја од ЕВН за да почне да се чисти

Бавноста на македонската администрација и незаинтересираноста на институциите за брзо решавање на еколошките проблеми се главните причини што отровниот рид остатоци од работењето на топилницата за олово и цинк се уште ги труе граѓаните на Велес. Иако Владата на 86. седница одржана во септември минатата година дозволи компанијата „Кепс монт груп“ да ја презеде концесијата за експлоатација на троската...

Никако да почне чистењето на отровниот рид во Велес

На бандерите во Велес секојдневно можат да се забележат жални вести за починати и млади и средовечни лица кои прерано си заминуваат бидејќи заболуваат од рак и други болести предизвикани од долгогодишното труење од топилницата за олово и цинк. Иако овој индустриски капацитет не функционира веќе петнаесетина години отровните остатоци од неговото работење сè уште ја загадуваат животната средина...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...