fbpx
Таг: кемтрејлс

таг: кемтрејлс

И доктор Нико Беќаровски злоупотребен за ширење „кемтрејлс“ теории на заговор

Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека познатиот доктор Нико Беќаровски ја потврдил теоријата на заговор за „кемтрејлс“, според која од авиони нè прскаат со хемиски супстанци, односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични за вирусни заболувања. Ова не е точно, изјавата на доктор Беќаровски е злоупотребена и се користи за да се шират невистини, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Како теориите на заговор ја хранат глобалната епидемија на дезинформации

Иако некои теории на заговор делуваат навидум безопасно, многу од нив имаат последици во реалниот свет. Теориите на заговор како: Кју Анон, 5G, ХААРП, кемтрејлс и слични поттикнуваат страв, имаат потенцијал да ја нарушат довербата на јавноста во науката, ја поткопуваат довербата во институциите, може да ги нарушат јавните политики. Од клучно значење е да бидеме внимателни и критички...

Прекинувањето на белите траги зад авионот не е доказ за „кемтрејлс“

Белите траги зад авионите, кои теоретичарите на заговори ги нарекуваат „кемтрејлс“, се создаваат кога водената пареа и ситните честички изгорено млазно гориво од авионите се замрзнуваат во кристали од мраз. Прекинувањето на белите траги зад авионот е последица на промена на условите потребни за создавање на кондензација, а не доказ дека авионот наменски испушта „кемтрејлс“ и дека баш во...

Сатирично видео за „авион од кој се прскаат отрови“ претставено како вистинско

Видеото во постот е очигледен обид да се создаде шега базирана на сите работи во кои поддржувачите на теоријата на заговор за кемтрејлс веруваат и тоа од страна на сопственик на авион, кој залепил налепници на крилата од авионот и купил прекинувач на интернет на кој пишува дека е за „кемтрејлс“. Самиот прекинувач кој го покажува авторот на снимката,...

Ниту Путин се бори против злото, ниту Гејтс ги труе луѓето од воздух

Русија пред повеќе од една година изврши воена инвазија врз Украина, која како суверена држава има сосема легитимно право да се брани. Наративот дека „Путин се бори против злото“ е дело на руската пропаганда којашто се обидува да ги оправдаат злосторствата што ги врши Русија на туѓа територија. Бил Гејтс е омилена фигура во разни теории на заговор, вклучително...

Германско старо сатирично видео за кемтрејлс споделено како да е вистинито

Видеото е направено од германскиот сатиричен сајт Der Postillon, првично е објавено пред цели осум години – во март 2015 година и може да се најде и на нивната веб-страница и на каналот на Јутјуб. Тоа не е вистинска репортажа на германска телевизија и не може да се сфати сериозно. Спротивно од тоа што се тврди во објавата на...

Белите траги од авионите не значат дека од воздух нè прскаат со отрови

Нема докази дека отрови се пуштаат од воздух во Македонија или каде било во светот. Според научната јавност, станува збор за контрејлс – траги што авионите ги остават зад себе како последица на кондензација и кои се највообичаена појава. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот...

Воздухот е загаден, ама не нè „запрашуваат“ со авиони

Воздухот во земјава е загаден до ниво да се препорачани посебни превентивни мерки за населението да се заштити од штетните последици, меѓутоа не е точно дека тоа е на каков било начин поврзано со контрејлс, трагите што авионите ги оставаат позади себе поради кондензацијата. Дополнително, не е точно дека во земјава народот е болен поради запрашување со авиони, како...

Респираторните вируси кај децата не се последица на труење од воздухот

Теоријата на заговор за „кемтрејлс“ сега воскреснува во контекст на респираторниот синцициски вирус, но и други респираторни вируси кои изминатиот период ги наполнија болниците. Тоа, според лекарите, се должи на „заспаниот имунитет“ кај децата поради ковид-пандемијата, кога сите деца носеа маски и беа на онлајн настава, односно немаа многу физички контакти. Тие велат дека главно пренесувањето на синцициски вирус...

Партијата Родина неаргументирано тврди дека со прскањето со авиони САД ги контролира временските услови

Во 2016 година, првото истражување спроведено од Карнеги сајенс, Универзитетот на Калифорнија Ирвајн и непрофитната организација Ниар зиро покажа дека трагите што ги испуштаат авионите, а кои поддржувачите на теориите на заговори ги нарекуваат кемтрејлс (chemtrails) и ги сметаат за запрашување со хемиски и биолошки агенси, своевидна современа еугеника (спречување „инфериорните луѓе“ да имаат деца), можат многу лесно и...

Снимка од авион што лета над Русија претставена како да е „труење од авиони во С. Македонија”

Проверувачи на факти од Франција, уште во 2017 година пишуваат дека на истото видео кое се споделува и во постот што го рецензираме, се наоѓа авион кој зад себе остава импресивна трага, но дека не станува збор за хемиско прскање. Снимката е објавена на Јутјуб канал каде што се вели дека станува збор за вообичаена кондензација од авионите, снимени...

Постковид симптомите се реални и не се последица на вакцините и „запрашувањето“ со авиони

Постот ја манипулира јавноста со половични информации презентирани на неточен начин. Има голем број на луѓе кои пријавуваат разни болести и симптоми кои претходно ги немале, но тие немаат никаква врска со вакцините против ковид, ниту, пак, со авионите и „кемтрејлс“ теориите на заговор, туку се последица на самиот коронавирус. Овие здравствени состојби се документирани со бројни случаи ширум...

Објава на Фејсбук шири дезинформации за вакцините, економската криза и за климатските промени

Во објавата на Фејсбук се тврди дека вакцините против коронавирусот се експериментални, што е неточно. Вакцините пред да бидат одобрени за употреба имаат поминато повеќе фази на клинички тестирања. Понатаму, се продолжува со тоа дека постои извесно „запрашување од авиони“. Станува збор за уште една широко распространета дезинформација која што Вистиномер во неколку наврати ја дебанкираше. Притоа, се тврди...

Вистиномер: Видео покажува траги од кондензација од авиони, а не прскање со отрови и коронавирус

Оваа објава на Фејсбук е уште една во низата теории на заговор за кемтрејлс, според кои вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Но, не постои никакво труење  и распрскување отрови од авиони, ниту пак, тие нè заразуваат со коронавирусот. Сосема е неверојатно намерно...

Вистиномер: Фотографија од вежба на борбени авиони злоупотребена за ширење теории на заговор за кемтрејлс

Воопшто не станува збор за авиони од комерцијални летови, туку за борбени авиони кои изведувале вежби и не станува збор за никакви кемтрејлс туку за обични траги од авион предизвикани од кондензација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Анализираме пост на Фејсбук кој е дел од бројните теории на заговор за „кемтрејлс“, според кои влади и...

Вистиномер: Белата патека од авионите не е составена од боеви отрови

Ова е уште една од серијата објави кои ја шират теоријата на заговор позната како „кемтрејлс“, според која од авиони нè прскаат со отрови.  Притоа за вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се тврди дека се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница....

Вистиномер: Од небо не нè запрашуваат со коронавирусот, а детектирањето на новите соеви е со секвенционирање

Нормално е вирусите со текот на времето да се менуваат и еволуираат додека се шират меѓу луѓето. Секојпат кога вирусот се реплицира (прави копии од себе), постои потенцијал да има промени во неговата структура – „мутации“. Единствениот начин да се идентификуваат и карактеризираат новите варијанти е со геномика. Секвенционирањето на целиот геном е важен метод за генетско карактеризирање на...

Вистиномер: Лага е дека ковид-19 не постои, дека нѐ прскаат од авиони и дека нѐ чипираат со вакцините

Со теоријата на заговор за „кемтрејлс“ користена во постот, се инсинуира дека авионите нè трујат со хемиски супстанци односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични на ковид-19. Ова, се разбира е неточно. Направени се истражувања од научната заедница и не е дојдено до ниту еден доказ дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од кондензација кои...

Вистиномер: Пет најголеми теории на заговор во 2021 година

Годинава која изминува во медиумите и на социјалните мрежи се пласираа неколку теории на заговор. Дел од нив стари и познати, овојпат се поврзуваа со пандемијата на коронавирусот, сугерирајќи дека таа е лажна и планска со цел воспоставување на некаков нов светски поредок во кој ќе се контролираат луѓето преку чипови од вакцините. Во тој дух на социјалните мрежи...

Вистиномер: Авионите не предизвикуваат ковид-19 и не нè прскаат со хемикалии

Не е првпат да се манипулира со позната теорија на заговор наречена „Кемтрејл“, според која од небо „нè прскаат со хемикалии“, па во тој дух се тврди дека белата трага што ја создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Белата патека што...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...