понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: кемтрејлс | 30 резултати

И доктор Нико Беќаровски злоупотребен за ширење „кемтрејлс“ теории на заговор

јануари 11, 2024

Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека познатиот доктор Нико Беќаровски ја потврдил теоријата на заговор за „кемтрејлс“, според која од авиони нè прскаат со хемиски супстанци, односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични за вирусни заболувања. Ова не е точно, изјавата на доктор Беќаровски е злоупотребена и се користи за да се шират невистини, пишува […]

Како теориите на заговор ја хранат глобалната епидемија на дезинформации

октомври 25, 2023

Иако некои теории на заговор делуваат навидум безопасно, многу од нив имаат последици во реалниот свет. Теориите на заговор како: Кју Анон, 5G, ХААРП, кемтрејлс и слични поттикнуваат страв, имаат потенцијал да ја нарушат довербата на јавноста во науката, ја поткопуваат довербата во институциите, може да ги нарушат јавните политики. Од клучно значење е да […]

Прекинувањето на белите траги зад авионот не е доказ за „кемтрејлс“

јули 24, 2023

Белите траги зад авионите, кои теоретичарите на заговори ги нарекуваат „кемтрејлс“, се создаваат кога водената пареа и ситните честички изгорено млазно гориво од авионите се замрзнуваат во кристали од мраз. Прекинувањето на белите траги зад авионот е последица на промена на условите потребни за создавање на кондензација, а не доказ дека авионот наменски испушта „кемтрејлс“ […]

Сатирично видео за „авион од кој се прскаат отрови“ претставено како вистинско

јуни 27, 2023

Видеото во постот е очигледен обид да се создаде шега базирана на сите работи во кои поддржувачите на теоријата на заговор за кемтрејлс веруваат и тоа од страна на сопственик на авион, кој залепил налепници на крилата од авионот и купил прекинувач на интернет на кој пишува дека е за „кемтрејлс“. Самиот прекинувач кој го […]

Ниту Путин се бори против злото, ниту Гејтс ги труе луѓето од воздух

април 17, 2023

Русија пред повеќе од една година изврши воена инвазија врз Украина, која како суверена држава има сосема легитимно право да се брани. Наративот дека „Путин се бори против злото“ е дело на руската пропаганда којашто се обидува да ги оправдаат злосторствата што ги врши Русија на туѓа територија. Бил Гејтс е омилена фигура во разни […]

Германско старо сатирично видео за кемтрејлс споделено како да е вистинито

март 13, 2023

Видеото е направено од германскиот сатиричен сајт Der Postillon, првично е објавено пред цели осум години – во март 2015 година и може да се најде и на нивната веб-страница и на каналот на Јутјуб. Тоа не е вистинска репортажа на германска телевизија и не може да се сфати сериозно. Спротивно од тоа што се […]

Белите траги од авионите не значат дека од воздух нè прскаат со отрови

февруари 25, 2023

Нема докази дека отрови се пуштаат од воздух во Македонија или каде било во светот. Според научната јавност, станува збор за контрејлс – траги што авионите ги остават зад себе како последица на кондензација и кои се највообичаена појава. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат […]

Воздухот е загаден, ама не нè „запрашуваат“ со авиони

декември 30, 2022

Воздухот во земјава е загаден до ниво да се препорачани посебни превентивни мерки за населението да се заштити од штетните последици, меѓутоа не е точно дека тоа е на каков било начин поврзано со контрејлс, трагите што авионите ги оставаат позади себе поради кондензацијата. Дополнително, не е точно дека во земјава народот е болен поради […]

Респираторните вируси кај децата не се последица на труење од воздухот

декември 25, 2022

Теоријата на заговор за „кемтрејлс“ сега воскреснува во контекст на респираторниот синцициски вирус, но и други респираторни вируси кои изминатиот период ги наполнија болниците. Тоа, според лекарите, се должи на „заспаниот имунитет“ кај децата поради ковид-пандемијата, кога сите деца носеа маски и беа на онлајн настава, односно немаа многу физички контакти. Тие велат дека главно […]

Партијата Родина неаргументирано тврди дека со прскањето со авиони САД ги контролира временските услови

октомври 15, 2022

Во 2016 година, првото истражување спроведено од Карнеги сајенс, Универзитетот на Калифорнија Ирвајн и непрофитната организација Ниар зиро покажа дека трагите што ги испуштаат авионите, а кои поддржувачите на теориите на заговори ги нарекуваат кемтрејлс (chemtrails) и ги сметаат за запрашување со хемиски и биолошки агенси, своевидна современа еугеника (спречување „инфериорните луѓе“ да имаат деца), […]

Снимка од авион што лета над Русија претставена како да е „труење од авиони во С. Македонија”

октомври 13, 2022

Проверувачи на факти од Франција, уште во 2017 година пишуваат дека на истото видео кое се споделува и во постот што го рецензираме, се наоѓа авион кој зад себе остава импресивна трага, но дека не станува збор за хемиско прскање. Снимката е објавена на Јутјуб канал каде што се вели дека станува збор за вообичаена […]

Постковид симптомите се реални и не се последица на вакцините и „запрашувањето“ со авиони

септември 20, 2022

Постот ја манипулира јавноста со половични информации презентирани на неточен начин. Има голем број на луѓе кои пријавуваат разни болести и симптоми кои претходно ги немале, но тие немаат никаква врска со вакцините против ковид, ниту, пак, со авионите и „кемтрејлс“ теориите на заговор, туку се последица на самиот коронавирус. Овие здравствени состојби се документирани […]

Објава на Фејсбук шири дезинформации за вакцините, економската криза и за климатските промени

септември 12, 2022

Во објавата на Фејсбук се тврди дека вакцините против коронавирусот се експериментални, што е неточно. Вакцините пред да бидат одобрени за употреба имаат поминато повеќе фази на клинички тестирања. Понатаму, се продолжува со тоа дека постои извесно „запрашување од авиони“. Станува збор за уште една широко распространета дезинформација која што Вистиномер во неколку наврати ја […]

Вистиномер: Видео покажува траги од кондензација од авиони, а не прскање со отрови и коронавирус

август 17, 2022

Оваа објава на Фејсбук е уште една во низата теории на заговор за кемтрејлс, според кои вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Но, не постои никакво труење  и распрскување отрови од авиони, ниту пак, тие нè заразуваат со коронавирусот. […]

Вистиномер: Фотографија од вежба на борбени авиони злоупотребена за ширење теории на заговор за кемтрејлс

јуни 23, 2022

Воопшто не станува збор за авиони од комерцијални летови, туку за борбени авиони кои изведувале вежби и не станува збор за никакви кемтрејлс туку за обични траги од авион предизвикани од кондензација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Анализираме пост на Фејсбук кој е дел од бројните теории на заговор […]

Вистиномер: Белата патека од авионите не е составена од боеви отрови

мај 18, 2022

Ова е уште една од серијата објави кои ја шират теоријата на заговор позната како „кемтрејлс“, според која од авиони нè прскаат со отрови.  Притоа за вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се тврди дека се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Ваквите тврдења се категорично […]

Вистиномер: Од небо не нè запрашуваат со коронавирусот, а детектирањето на новите соеви е со секвенционирање

февруари 12, 2022

Нормално е вирусите со текот на времето да се менуваат и еволуираат додека се шират меѓу луѓето. Секојпат кога вирусот се реплицира (прави копии од себе), постои потенцијал да има промени во неговата структура – „мутации“. Единствениот начин да се идентификуваат и карактеризираат новите варијанти е со геномика. Секвенционирањето на целиот геном е важен метод […]

Вистиномер: Лага е дека ковид-19 не постои, дека нѐ прскаат од авиони и дека нѐ чипираат со вакцините

февруари 2, 2022

Со теоријата на заговор за „кемтрејлс“ користена во постот, се инсинуира дека авионите нè трујат со хемиски супстанци односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични на ковид-19. Ова, се разбира е неточно. Направени се истражувања од научната заедница и не е дојдено до ниту еден доказ дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени […]

Вистиномер: Пет најголеми теории на заговор во 2021 година

декември 27, 2021

Годинава која изминува во медиумите и на социјалните мрежи се пласираа неколку теории на заговор. Дел од нив стари и познати, овојпат се поврзуваа со пандемијата на коронавирусот, сугерирајќи дека таа е лажна и планска со цел воспоставување на некаков нов светски поредок во кој ќе се контролираат луѓето преку чипови од вакцините. Во тој […]

Вистиномер: Авионите не предизвикуваат ковид-19 и не нè прскаат со хемикалии

ноември 19, 2021

Не е првпат да се манипулира со позната теорија на заговор наречена „Кемтрејл“, според која од небо „нè прскаат со хемикалии“, па во тој дух се тврди дека белата трага што ја создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната […]

Страна 1 од 2