понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Кејт Мари Брнз | 18 резултати

Средба Ковачевски-Брнз: Соработката со САД да се интензивира со акцент на енергетските проекти

јануари 17, 2022

Новиот премиер Димитар Ковачевски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, на која се разговарало за продолжување на економската соработка меѓу САД и Северна Македонија. Посебен акцент во иднината треба да се стави на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на земјава, информираат од […]

Сочувство од амбасадорите во земјава по автобуската несреќа во Бугарија

ноември 23, 2021

Странските амбасадори во земјава испратија сочувство по трагичната автобуска несреќа што утрово се случи во Бугарија, во која животот го загубија 45 лица. Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј изрази длабоко жалење за утринската вест за загинатите лица во трагичната автобуска несреќа во Бугарија. Deeply saddened by the news this morning of those who died […]

Американското катче се пресели на Економскиот факултет при УКИМ

ноември 8, 2021

Американската амбадасорка Кејт Мари Брнз и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) Никола Јанкуловски денеска го пуштија во употреба Американското катче во Скопје. Иако официјално е отворено уште во јануари 2005 година, тоа доби нови простории на Економскиот факултет при УКИМ. Амбасадорката Брнз на Твитер напиша дека со отворањето на Американското катче се […]

На армијата предадена АБХО мобилна станица за деконтаминација, донација на САД

јуни 28, 2021

Денеска беше предадена на користење мобилната АБХО станица за деконтаминација, донација на САД, за потребите на македонската армија. Беше извршена и презентација на можностите на станицата која може да опслужи и до 50 луѓе наеднаш, како и презентација на извидничката опрема за откривање на радиолошко, хемиско и биолошко оружје. „Задоволство ми е да покажеме на […]

САД донираше нова лабораторија за микробиологија на Институтот за јавно здравје

јуни 25, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче, амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз, и директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети денеска го означија почетокот на работа на лабораторијата за микробиологија, во рамки на Институтот за јавно здравје. Тие направија обиколка во новата Biosafety level 3 лабораторија, како и во микробиолошките лаборатории во Институтот, […]

Реакции на разочарување откако ЕУ повторно не ја усвои преговарачката рамка

јуни 23, 2021

По вчерашната одлука на Министерскиот совет на ЕУ да не ги отпочне преговорите за зачленување на Северна Македонија и Албанија, пристигнуваат првите реакции на бугарското вето коешто вчера беше потврдено за земјава. Американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мери Брнз денеска ја сподели разочараноста на САД што земјите-членки на ЕУ не успеаја да ја усвојат преговарачката […]

Искуствата на младите во фокус на форумот „Од локална стратегија до локална младинска акција“

април 28, 2021

Денеска се одржа младински форум на тема „Од локална стратегија до локална младинска акција“ во организација на Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум (МОФ). На форумот, учениците ги споделија своите искуства од реализацијата на младински акции и како преку овие акции се стекнале со многу нови пријателства и научиле […]

Шекеринска и Брнз во посета на „Криволак“, се реконструира инфраструктурата пред вежбата „Одлучен удар 21“

април 26, 2021

Припадници на инженерискиот баталјон на Армијата на РСМ и 15. инженериски баталјон на вооружените сили на САД заеднички работат на изградба на повеќе нови содржини и развој на патната инфраструктура во полигонот „Криволак“, во пресрет на најголемата воена вежба во земјава, „Одлучен удар 21“, на 17 мај. Тие денеска беа посетени од министерката за одбрана, […]

Започна дводневниот регионален настан на УСАИД за вмрежување на организации за деловна поддршка

март 25, 2021

Денеска започна дводневниот регионален настан за вмрежување на организации за деловна поддршка, организиран како дел од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Овој настан ќе овозможи поврзување на повеќе од 100 претставници на бизнис организации од Западен Балкан и ЕУ, промовирајќи ја важноста за проширувањето на соработката и можноста за взаемно учење и […]

Средношколци од Прилеп со бизнис идејата „MultiBox” победија на натпреварот на Џуниор Ачивмент Македонија

март 16, 2021

Со решение што на потрошувачите им нуди практично и интересно парче мебел „MultiBox” средношколците од средното училиште Кузман Јосифовски – Питу од Прилеп победија на натпреварот во претприемнички вештини организиран од Џуниор Ачивмент Македонија. Нивната бизнис идеја е коцка мебел која се трансформира во столче, масичка и фиока за складирање и нуди подобра функционалност и […]

Најмалите се најголеми жртви на пандемијата: Пораснал бројот на сиромашни и тепани деца

јули 30, 2020

И покрај мерките на Владата да се амортизира социо-економското влијание на пандемијата на ковид-19, се проценува дека дополнителни 16.000 деца во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата. Освен тоа, има повеќе пријави за деца што се жртви на семејно насилство, како и поголем број деца што се во ризик уште повеќе да заостанат со учењето. […]

Владата на САД обезбеди 16 милиони долари за анти-корупција, иницијативи за млади и економска конкурентност

мај 15, 2020

Претставникот на Канцеларијата на УСАИД Ерик Јановски и министерката за финансии Нина Ангеловска го потпишаа договорот, со кој владата на Соединетите Американски Држави (САД) обезбеди 16 милиони американски долари наменети за намалување на корупцијата, подобро интегрирање на младите во општеството и зголемување на економската конкурентност во земјава, се наведува во соопштението на УСАИД. Со договорот […]

Ангеловска – Брнз: УСАИД имаат инвестирано 640 милиони долари во програми

септември 17, 2019

Соединетите Американски Држави преку УСАИД имаат инвестирано 640 милиони долари во програми кои создадоа нови работни места, поддржаа слободни и фер избори, ги подобрија меѓуетничките односи и придонесоа за вклучување на маргинализирани и ранливи групи, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на средбата со амбасадорката на Соединетите Aмерикански Држави, Кејт Мари Брнз. Неодамна државата ја […]

Новата амбасадорка на САД му ги предаде акредитивите на Пендаровски

јули 12, 2019

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнз, со што таа и официјално стапи на должност. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски, посакувајќи ѝ на новата амбасадорка успешно вршење на функцијата, порача дека нејзиното именување, како добар познавач на регионот и на земјава, е […]

Страна 1 од 1