fbpx
Таг: казна

таг: казна

Три години затвор за Павлевски, година и два месеци за Георгиевски за нападот врз Села

Кривичниот суд во Скопје им определи затворски казни на двајца обвинети за насилство во Собранието на 27 април. Обвинетиот Цејо Георгиевски е осуден на една година и два месеци, додека три години затворска казна доби Стојан Павлевски. Во казната ќе им се пресмета и времето поминато во притвор. На двајцата им се судеше за насилство во одвоената постапка за нападот...

Адвокатот Миланов казнет со 1.000 евра зошто не се појави на судењето за „Титаник 3“

Судијката Оља Ристова го казни адвокатот Еленко Миланов со 1.000 евра бидејќи не се појави на судењето за случајот на СЈО „Титаник 3“ во Основен суд Скопје 1. Освен 1.000 евра, Миланов треба да ги надомести трошоците за денешното закажано рочиште. Специјалното обвинителство изрази сомнеж за оправданоста на причините за денешното одлагање. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека добила информација дека...

Град Скопје е подготвен да плати казна, но да не ја спроведе одлуката на РКЕ за поскапа вода

Подготвени сме да платиме парична казна за неспроведување на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за плаќање дополнителни два денари на потрошен кубен метар вода, за одржување на пречистителните станици, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. - Ако го рационализираме и добро го организираме работењето на ЈП „Водовод и канализација“ ќе ги обезбедиме тие средства. Нема да...

МТСП: Верското организирање на децата во градинките е забрането

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека со допис ги предупредило детските градинки дека со закон е забрането верското или политичкото организирање и дејствување на децата во градинките. Според Законот за заштита на децата, доколку се инволвираат деца од овие јавни установи, предвидена е глоба од  1.000 евра во денарска противвредност, велат од Министерството.

Во Дрисла ќе се набави воден филтер за инсинераторот за согорување на отпад

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информираше дека, при денешниот вонреден инспекциски надзор на депонијата за комунален отпад во Дрисла, утврдиле дека се почитува решението на ДИЖС за неработење на инсинераторот за согорување на медицински отпад, а примениот медицински отпад се складира во контејнери. Инспекторатот бил информиран дека во Дрисла, во тек е набавка на воден скрубер/филтер за постоечкиот инсинератор и тој...

Валенса бара санкции од ЕУ за Качински и за највисоките полски функционери

Поранешниот претседател на Полска и добитник на Нобеловата награда за мир, Лех Валенса побара од Европската Унија за газењето на правната држава и на демократските вредности во последните две години да не ги казнува Полјаците и самата земја, туку исклучиво владејачките конзервативци на чело со Пaртијата на правото и правдата на Јарослав Качински. - Санкции не треба да се воведуваат...

Солунскиот суд изрече затворска казна од 1.489 години за криумчарење мигранти

Судот во Солун осуди 23 лица на затворска казна од осум до 1.489 години поради криумчарење ирачки и сириски бегалци во Грција. Осудените криумчареле бегалци од турската граница во 2015 и 2016 година. Судот најдолга затворска казна му изрекол на 54-годишен Грк, осуден за предводење на групата криумчари кои организирале транспорт за повеќе од 500 бегалци во 43 одвоени случаи. Според грчкиот...

Горан Грујовски доби година и пол затворска казна во случајот „Тврдина 2“

Поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујовски, кој беше во бегство, доби една и пол година затворска казна за незаконското палење на илјадници списи во случајот „Тврдина 2“ на СЈО. Другите шест обвинети, вработени во УБК, добија условни казни за фалсификување службена исправа, пет од нив се осудени на условна казна од 9 месеци, а една од...

Девет години и два месеци казна затвор за Бобан Смилевски за грабежот во НЛБ

Бобан Смилевски доби девет години и два месеци затвор за милионскиот грабеж што го изврши во НЛБ. Неговиот брат Горан Смилевски, второобвинет во случајот, е осуден на шест години и шест месеци затвор. Третообвинетиот Борис Минчевски доби пет години и два месеца, а Мирослав Каевски беше условно осуден на две години и судот му изрече забрана за отуѓување и за давање...

Казна од 500 евра за лицето што сакаше да го испрска Груевски со спреј

Човекот што вчера сакаше со спреј да го испрска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за време на партискиот митинг во Центар, доби прекршочна пријава и казна од 500 евра. „За време на одржување на собирот, во 21.55 часот во полициската станица Центар бил приведен Р.Р. (36) од Скопје, бидејќи прснал со гасен спреј за заштита во правец на бината, во време...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ја нема на терен, Николовски не се грижи за шумите

Влада на СДС ја нема на терен, а министерот за земјоделство, пшумарство и водостопанство мистериозно го снема од земјава покажувајќи целосна негрижа за шумите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во партиското соопштение утрово. Во него се додава дека десетици пожари се активни, а не е откриен ниту еден сторител. „СДС свесно испраќа порака дека секое однесување кое е на штета на граѓаните, кое го доведува во...

Германија ќе казнува за говор на омраза и за лажни вести по 50 милиони евра

Германскиот парламент денеска усвои закон кој предвидува казни во износ до 50 милиони евра за говор на омраза и за лажни вести на социјалните мрежи. Казната ќе им биде изречена на сите веб-страници доколку не ја отстранат содржината во која постои говор на омраза или пренесува лажна вест. Германскиот министер за правда, Хајко Мас, изјави дека социјалните мрежи не успеале да ги...

Либерална партија бара одговорност за грешките во изградбата на автопатиштата

Либералната партија ја осудува непрофесионалноста во изведбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, односно несовпаѓањето на проектираната и на изведената траса. „ЛП бара надлежните органи да направат темелна истрага врз геодетските и геолошки компании поради нестручноста и катастрофалните грешки во проектната документација, надзорниот орган кој ја дозволил изградбата врз погрешена проектна документација, градежната компанија и нејзините македонски...

Грчки „Актор“ обвинет за перење на 50 милиони евра за автопатот Демир Капија – Смоквица

Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) ја обвини грчката компанија „Актор“ за измама и за перење пари во износ од 50 милиони евра при изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица, пишуваат грчките медиуми „Прототема“ и „Катимерини“. Случајот се нашол под лупа на јавен обвинител по доказите што ги собрала ОЛАФ. Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на...

Драконски казни од вкупно 8,5 милиони евра за скопската и прилепската пиварница

Високи казни од 5,8 милиони евра за Пивара Скопје АД Скопје и 2,7 милиони евра за Прилепска пиварница, поради диктирање цени, изрекла Антимонополската комисија. Како што соопшти Комисијата за заштита на конкуренцијата, на вчерашната седница нејзината Комисија за одлучување по прекршок, донела решение според кое Пивара Скопје од 17.12.2012 година досега склучувала договори за продажба и дистрибуција на нејзините производи...

ЕУ го казни „Фејсбук“ со 110 милиони евра

Европската Унија ја казни компанијата „Фејсбук“ со 110 милиони евра поради давањето лажни информации во врска со купувањето на апликацијата „ватсап“ (WhatsApp), систем за праќање пораки на мобилни телефони. Европската комисија денеска соопшти дека „Фејсбук“, кога ја известил Комисијата за преземањето на „Ватсап“ во 2014 година, навел дека не може да „воспостави сигурно автоматско препознавање“ на корисниците на социјалната мрежа со тие...

Сарачини: Во независна Македонија ниту едно лице не е казнето за говор на омраза

Ниту едно лице или група не е санкционирана за говор на омраза, а ваквата култура на неказнивост им дава храброст на прекршители да изразуваат говор на омраза, претежно преку социјалните мрежи, кој преминува во дискриминација, велат учесниците на конференцијата „Граѓанското општество во акција за еднаквост“. Петрит Сарачини од невладината отганизација „Цивил“, смета дека е крајно време институциите да преземат санкции...

Челси Менинг ќе биде ослободена на 17 мај

Челси Менинг, трансродната личност што беше осудена на затворска казна од 35 години поради објавување доверливи информации, ќе биде ослободена на 17 мај. Менинг одлежа речиси седум години во воениот затвор „Форт Левенворт“ откако беше осудена дека објавила повеќе од 700.000 доверливи информации, видеоснимки, дипломатски преписи, што е најголема објава на такви податоци во историјата на САД. Белата куќа соопшти дека нејзината...

Директори на „Маѓар телеком“ казнети за давање мито на македонски политичари

Поранешните директори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб и Андрас Балог, се спогодиле да платат парични казни, а добиле и петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, објави денеска Американската комисија за хартии од вредност, пренесува порталот „Нова“. Штрауб треба да плати 250.000  долари, а Балог 150.000 долари. - Директорите од „Маѓар телеком“ беа обвинети за...

Русија ќе ги казнува провајдерите кои нема да блокираат интернет-страници

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат казни за интернет-провајдерите што одбиваат да го ограничат пристапот до информации на интернет што ги забрануваат властите. Сите интернет-провајдери претходно биле обврзани да го укинат пристапот до интернет-извори од црната листа на Кремљ во рок од 24 часа откако одреден извор ќе се најде на листата која ја изготвува руското регулаторно тело за...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...