fbpx
Таг: катастар

таг: катастар

Да се искористи можноста за бесплатни елаборати за легализација

Владата апелира да се искористи можноста за бесплатна изработка на елаборати за легализација на дивоградбите, мерка што се однесува на корисниците на социјална и постојана парична помош и на лицата со ниски примања на ниво на домаќинства до 168.000 денари годишно. Што побргу ги поднесат барањата, толку побргу ќе добијат легализација и сопственост на имотот. Рокот на поднесување на изработениот...

Промоција на деталниот гравиметриски премер

Границите на недвижностите од денеска Агенцијата за катастар на недвижности ќе може поточно да ги дефинира, беше истакнато на денешната прес-конференција, на која беше промовиран деталниот гравиметриски премер на цела територија на Република Македонија. - Во геодезијата податоците од гравиметрискиот премер се од исклучителна важност и нивната примена придонесува за подобрување на точноста и на квалитетот на геопросторните податоци, односно на...

Отворени денови со катастарот во Скопје

Агенцијата за катастар на недвижности ќе организира отворени денови за граѓаните од Скопје, почнувајќи од утре, па до 30 јануари, во периодот од 9 до 17 часот, во просториите на Центарот за катастар на недвижности. Сите граѓаните кои имаат нејаснотии и прашања поврзани со катастарот, во наредните денови можат да дојдат и да се консултираат со стручните лица од Агенцијата...

Денеска последен ден за откуп на дворното место

Денеска завршува рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места по цена од едно евро за еден квадратен метар. Барање за приватизација може да поднесат граѓани или фирми кои правото на користење на градежното земјиште го имаат стекнато со правна основа (закон, тапија, судска пресуда, договор за купопродажба, решение за наследство, одлука на надлежен државен орган), врз основа на сопственост...

Катастарот ќе работи и викендов

Од 8.30 до 19 часот, викендов ќе работат шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности во земјата, како и во Центарот за катастар на недвижност - Скопје, за да им се овозможи на граѓаните да обезбедат имотен лист кој им е неопходен за навремено поднесување барање за приватизација на дворните места. Рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места...

Доделени првите бесплатни елаборати за легализација на дивоградби

Министерот за транспорт и врски во работна посета
Првите бесплатни елаборати за легализација на дивоградби за социјално-необезбедените лица и за примателите на постојана парична помош, кои ги направи катастарот, беа доделени денеска. - Од денеска почнуваме со дистрибуција на сите подготвени елаборати. Катастарот по службена должност ќе ги достави до општините. На 400 семејства ќе им овозможиме целосна бесплатна легализација на објектите. Во моментов се доставени нешто повеќе од 1.100 барања,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...