fbpx
Таг: кандидатура

таг: кандидатура

Шешељ ја предаде кандидатурата за претседател на Србија

Еден од функционерите на Српската радикална странка (СРС), денеска ги предаде потписите за поддршка на претседателската кандидатура на лидерот на СРС, Војислав Шешељ, на Републичката изборна комисија (РИК), јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Кутијата со 14.000 потписи била излепена со плакати со ликот на Шешељ и со натпис „Најдобриот за претседател“. Шешељ е трет кандидат што ги предаде потписите, а пред...

Томислав Николиќ повторно во трка за претседател на Србија

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ одлучи да се кандидира на претстојните претседателски избори иако кандидатурата ја најави и премиерот и лидерот на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ. Како што пренесоа српските и руските медиуми, Николиќ тоа го објавил на својот 65 роденден. Тој порано изјави дека не е изненаден со тоа што претседателството на СНС, едногласно го поддржa Александар Вучиќ, но избегна...

Дачиќ го повика Вучиќ да се кандидира за претседател на Србија

Потпретседателот на српската влада и лидер на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека на претседателските избори победа во првиот круг, како кандидат на владејачката коалиција, може да обезбеди само актуелниот премиер и лидер на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, кого го повика да донесе „рационална одлука“. „Го повикувам Вучиќ да донесе рационална одлука која ќе донесе...

Јакимовски: Загадувањето во Карпош доаѓа од другите општини

Загадувањето во општина Карпош претежно доаѓа од другите - соседни општини, каде што домаќинствата користат дрва, ќумур или друг начин на греење, вели градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. „Загадувањето не е проблем на една општина во Скопје. Загадувањето е проблем од Шар Планина па се до Дервенската клисура. Значи мерки мора да...

Бан Ки-мун нема да се кандидира за претседател на Јужна Кореја

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, објави дека нема да се кандидира за претседател на Јужна Кореја и дека се повлекува од политиката. Бан тоа го соопшти на претходно ненајавена прес-конференција во парламентот, по состанокот со лидерите на конзервативните партии, јавува јужнокорејската агенција „Јонхап“. – Се повлекувам од политиката. Жал ми е што разочарав многу луѓе – рече Бан,...

Бан Ки-мун се врати во Јужна Кореја, навестува претседателска кандидатура

Поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска се врати во својата земја, Јужна Кореја, каде многумина очекуваат да се кандидира за претседател на земјата. Бан пристигна во Сеул, а стотина приврзаници го пречекаа на аеродромот, извикувајќи го неговото име. Тој во обраќањето, кое го пренесуваше државната телевизија, рече дека ќе се посвети на постигнување национално единство. Бан Ки-мун и претходно...

Јеремиќ: Интензивно размислувам за кандидатура за претседателските избори

Претседателот на Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој и поранешен министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, денеска изјави дека интензивно размислува и ја разгледува можност да се кандидира на претседателските избори во Србија, кои треба да се одржат следната година. „Кога би се кандидирал, тоа би била најважната одлука во мојата кариера и поради тоа многу сериозно...

Оланд нема да се кандидира за претседател по вторпат

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека нема повторно да се кандидира за претседател, пренесуваат светските медиуми. За време на телевизиското обраќање, тој нагласил дека е свесен за ризикот кој го носи неговата одлука и предупредил на опасностите кои го следат десничарското движење Национален фронт. Оланд е првиот претседател во историјата на модерна Франција кој нема да побара втор мандат.

Бугарија ја услови поддршката на Бокова за генерален секретар на ОН

Бугарската влада ќе продолжи да ја поддржува кандидатурата на Ирина Бокова за генерален секретар на Обединетите нации, но под услов таа да биде меѓу првите двајца кандидати на следните гласања. Ова вчера го истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов, по повод пишувањата во медиумите дека Софија е можно да ја повлече кандидатурата на Бокова поради слабиот резултат од последното гласање,...

Половина од Германците не сакаат Меркел повторно да се кандидира

Германската канцеларка Ангела Меркел ја одложи одлуката за тоа дали повторно ќе се кандидираа за таа функција. Најновата анкета на јавното мислење покажува дека половина од Германците се против нејзин евентуален четврти мандат. Според истражувањето на јавното мислење спроведено за весникот „Билд“, 42 отсто од граѓаните на Германија би сакале да ја видат Меркел повторно на местото канцелар, што е за...

Игор Лукшиќ ја повлече кандидатурата за генерален секретар на ОН

Кандидатот на владата на Црна Гора за генерален секретар на ОН, Игор Лукшиќ, денеска ги известил претседателот на Генералното собрание на ОН, Моргенс Ликетофт, и претседателот на Советот за безбедност на ОН, Рамлан бин Ибрахим, дека ја повлекува својата кандидатура за местото генерален секретар. Во трката останува Португалецот Антонио Гутереш, кој доби најголема поддршка, но две држави „не ја охрабрија“...

Прифатена кандидатурата на Керим за генерален секретар на ООН

Кандидатурата на Срѓан Керим за генерален секретар на ООН е официјално прифатена. Со заедничко писмо, претседателот на 70. заседание со генералното собрание, Могенс Лукетофт, и постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави во ООН, амбасадорката Саманта Пауер, претседател на Советот за безбедност за декември 2015 година, ги известиле сите земји-членки на ООН за поднесената кандидатура на Керим. Во периодот за избор на...

Ахим Штајнер се кандидира за висок комесар за бегалци на ОН

Извршниот директор на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП), Ахим Штајнер, денеска потврди дека се кандидирал за функцијата висок комесар за бегалци на ОН, јави ДПА. – Можам да потврдам дека до генералниот секратар на ОН ја поднесов мојата кандидатура за функцијата висок комесар за бегалци на ОН - изјави Штајнер. Кандидатура е поддржана од Германија. Новиот висок комесар за бегалци...

Грабар-Китаровиќ: Кандидатурата на Пусиќ може да предизвика раздор во земјата

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска оцени дека одлуката за хрватската кандидатура за генерален секретар на Обединетите нации би требало да ѝ се препушти на новата влада бидејќи изборите се преблизу. - Нема да одам против националниот кандидат, но сметам дека мора да има широка поддршка, особено на ниво на национален консензус. Не станува збор за меѓународен натпревар или јавен повик...

Мишел Платини ја потврди кандидатурата за претседател на ФИФА

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, денеска потврди дека ќе се кандидира за наследник на досегашниот шеф на светската фудбалска организација (ФИФА), Сеп Блатер, на изборите закажани за 26 февруари следната година, јавуваат светските медиуми. Платини денеска изјавил дека „ФИФА треба да сврти нов лист“ по обвинувањата за корупција во нејзините редови. Кандидатурата на актуелниот претседател на УЕФА, наиде на жестоки критики...

Шефот на УЕФА, Платини, добил понуда да се кандидира за претседател на ФИФА

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, бил замолен од мнозинството шефови на светските фудбалски организации да се кандидира за нов претседател на Светската фубдалска организација ФИФА, јавува Радиото 5 на „Би-Би-Си“. Според информациите, на Платини му била гарантирана поддршката од неговата конфедерација, од Азиската, Јужна Америка и од Северна и Централна Америка и Карибите. Сега, како што јавува „Би-Би-Си“, само му останува...

Париз ќе поднесе кандидатура за организатор на ОИ во 2024 година

Франција, односно Париз, ќе поднесе кандидатура за организација на Олимписките игри во 2024 година. Првите луѓе на Францускиот олимписки комитет ќе имаат состанок со францускиот претседател Франсоа Оланд и ќе дискутираат на оваа тема. Рокот за поднесување кандидатура е 15 септември, а во конкуренција се и Рим, Бостон и Хамбург.

Доналд Трамп ќе се кандидира за претседател на САД

Американскиот милијардер Доналд Трамп најави дека во рамки на Републиканската партија ќе се кандидира за претседател на САД на изборите што треба да се одржат идната година. - Со големо задоволство, ве информирам дека ќе се кандидирам за претседател на САД. Заедно можеме да направиме оваа земја повторно да биде голема - изјави 69-годишниот Трамп на приемот во својата кула на Менхетен во...

Кремљ: Кандидатурата на Клинтон е внатрешна работа на САД

Претседателската амбиција на некогашната американска државна секретарка Хилари Клинтон е внатрешна работа во која Кремљ не планира да се меша, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Димитриј Песков. „Тоа е внатрешна работа на САД. Никогаш не се мешаме во ничие внатрешно прашање и не држиме лекции. И не сакаме кога другите ни го прават тоа нам“, рекол Песков. Заменик-министерот за...

Уште еден кандидат за нов претседател на ЗНМ

Актулениот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, кој беше единствен кандидат за нов претседател на здруженито, кој се избира денеска, доби противкандидат, јавува „Радио Слободна Европа“. Семи Мехмети, уредник на порталот „Алмакос“, својата кандидатура ја достави денеска, на денот на гласањето. ЗНМ денеска избира претседател и членови на управниот одбор, на надзорен одбор и членови на Советот...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...