среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: kandidat | 74 резултати

Потпретседателот на Беса, Зекирија Ибрахими, поднесе оставка на функцијата

јануари 5, 2018

Потпретседателот на Беса, Зекирија Ибрахими, денеска информираше дека поднесува оставка на функцијата, јави Алсат-М. Тој исто така вели и дека нема да се кандидира за лидер на Беса на партискиот конгрес кој треба да се одржи во февруари. Оваа негова одлука доаѓа на само еден ден пред утрешниот состанок на Централниот одбор. Зекирија Ибрахими беше […]

Реформаторите ниту ќе предложат, ниту ќе поддржат кандидат за нов лидер

декември 17, 2017

Централниот штаб на внатрепартиската иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ во присуство на активисти од републичкиот штаб, 19 окружни и сите општински штабови денеска одлучи да не предложи, ниту пак да поддржи некој од кандидатите на вонредниот конгрес н ВМРО-ДПМНЕ за избор на нов лидер на партијата. „Во поглед на закажаниот вонреден Конгрес на […]

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

декември 8, 2017

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а својата одлука ја соопшти во вечерашната емисија „Само вистина“ на телевизија „Канал 5“. – Ова е една од најсериозните одлуки во мојот живот. Долго време размислував, имав разговори со многу значајни луѓе во мојот живот, почнувајќи од семејството, угледни интелектуалци и членови на партијата, луѓе […]

Заев во Чаир: Гласајте за Висар Ганиу, ќе работи за сите граѓани

октомври 27, 2017

„Чаир е пример на мултиетничност, а Висар Ганиу е лицето на едно општество за сите. Овој концепт го градиме мудро и посветено, го препозна цела Македонија, мора да го препознае и знам дека го препознава и општина Чаир. Да не дозволиме повеќе национализми, победата ќе блеска како што му личи на Чаир“, порача претседателот на […]

Шилегов: Имаме победа во првиот круг, резултатот претставува чест, но и обврска

октомври 16, 2017

„Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни, во Скопје имаме победа во првиот круг“, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција. Тој им честиташе на граѓаните на Скопје за одважноста, храброста и за одлучноста и за тоа што гласале за заокружување на промените и […]

Шилегов: Очекувам до крајот на денот Град Скопје да добие нов градоначалник

октомври 15, 2017

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, откако гласаше во општина Карпош, изјави дека се надева дека излезноста на денешните локални избори  ќе биде масовна. – Масовноста дава можност уште вечерва да го добиеме победникот за градоначалник на Град Скопје. Во секој случај, каков и да биде резултатот, вечерва Скопје ќе има нов градски […]

Ахмети: Дехари работел и ќе работи во интерес на сите кичевци

октомври 13, 2017

На градскиот плоштад во Кичево, денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побара сите граѓани на општината од сите националности да гласаат за кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник од партијата, Фатмир Дехари, велејќи дека тој покажал дека умее да се грижи за сите. И самиот Дехари нагласи дека ќе биде добар градоначалник за сите. – […]

Во Крива Паланка истепан возач кој најавувал митинг на партија

октомври 6, 2017

Кривични пријави за насилство добија тројца жители на Крива Паланка, од кои еден е малолетник, поради тоа што истепале возач на автомобил облепен со плакати на политичка партија, со кој преку разглас се најавувал митинг на партијата. Полициската станица од Крива Паланка поднела кривична пријава против В.С. (39) и Т.А. (45), двајцата од Крива Паланка, […]

Закана за убиство на градоначалничкиот кандидат на Беса за Сарај

октомври 6, 2017

Закана за убиство вчера пред 17 часот добил кандидатот на Беса за градоначалник на општина Сарај, Башким Бакиу, објави „Порталб“. Случајот во полиција го пријавил Бакиу. Според СВР Скопје, вчера, околу 19 часот, во Полициската станица Центар дошол Башким Бакиу, жител на селото Љубин, и кажал дека во текот на денот добил СМС со заканувачка […]

Починал носителот на независна листа што беше застрелан во Кичево

октомври 5, 2017

Носителот на независна листа на советници во Кичево, 40-годишниот Алит Абази, кој на 27 септември во центарот на Кичево беше застрелан, утрово починал на КАРИЛ во скопскиот Клинички центар. Абази од ранувањето беше во критична состојба на интензивна нега, поради сериозни повреди на абдоминалните органи и на ’рбетот. Врз Алит Абази, како и Дестан Абдиу, […]

Градоначалничките кандидати за Струга за проблемите со водата и во сообраќајот

октомври 4, 2017

Лавдрим Елмази од Беса, Васил Ашталкоски од СДСМ и Зијадин Села од Алијанса за Албанците на вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и „Вистиномер“, порачаа дека имаат решенија за најгорливите проблеми на Струга. Понудија неколку решенија за кои ветуваат дека ќе ги реализираат ако граѓаните им ја […]

Дудуш: Го осудувам насилството и порачувам да не се подгреваат тензии

октомври 4, 2017

Секое насилство, особено во изборен период е недозволиво, вели кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари од СДСМ, Курто Дудуш, за физичката пресметка во која повреден беше актуелниот градоначалник на општината, Елвис Бајрам. – Јавно го осудувам насилството како метод за да се надминат недоразбирањата и разликите. Овој изборен процес Шуто Оризари ќе го помине во […]

Искршени врата и излог на штаб на СДСМ, во Опила расправии за плакати

октомври 3, 2017

Вчера, засега непознат сторител ги скршил стаклото од излогот и стаклото од влезната врата на изборен штаб на СДСМ во скопското село Инџиково. Според полицијата, се работи на откривање на сторителите. Во друг инцидент, за кој извести МВР, завчера во општина Ранковце имало проблеми при лепење плакати. Според полицискиот билтен, независниот кандидат за градоначалник на […]

Заев: Цело ќе биде кога ќе ги заокружиме промените и во Скопје

октомври 1, 2017

Цело ќе биде кога ќе ги заокружиме промените и во Скопје и во скопските општини, порача денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од форумот со граѓаните во Центар, организиран пред Универзална сала во Скопје. Тој кажа дека главната работа што мора ја прави власта е да ги слуша граѓаните. – Иднината на Скопје е град […]

Заев во Прилеп најави општински дебати и пријателска кампања

септември 30, 2017

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, денеска во Прилеп најави новост во кампањата на неговата партија – општински дебати. Првата ја отвори денеска напладне, во градот под Марковите кули, и порача дека со тоа кампањата на СДСМ и на коалицијата добива „нов модерен стил и формат“. – Драго ми е што, еве, денеска почнуваме […]

Жерновски: Се повлекувам и давам целосна поддршка на СДСМ во битката за Центар

септември 13, 2017

„Како одговорен човек и политичар, секогаш ќе ги ставам единството и напредокот пред личните интереси. Затоа ја повлекувам независната кандидатура и давам целосна поддршка на партијата во новата битка што ни претстои“, напиша на „Фејсбук“ актуелниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, откако премиерот Заев објави дека СДСМ ќе има свој кандидат на локалните избори. „Во […]

Жерновски влегува во централната власт, СДСМ ќе има свој кандидат за Центар

септември 13, 2017

Сегашниот кандидат за градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, ќе ја повлече кандидатурата за втор мандат на претстојните локални изброи, соопшти премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ на „Телевизија 24“. – Со Андреј Жерновски долги години имавме одлична соработка. Договоривме да биде активен чинител во централната власт и со неговата стручност и искуство ќе учествува […]

Бочварски: Имаме обврска да го чуваме Штип за идните генерации

септември 10, 2017

Благој Бочварски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, со неколку сопартијци денеска се вклучи во еколошка акција, чистејќи го локалитетот Мирјанина Црква. – Имаме одговорност пред самите нас и пред идините генерации, да направиме добри дела за овој град, да работиме во интерес на граѓаните, да ја заштитиме животната средина и здравјето на нашите […]

Шилегов: Град Скопје има потреба од нова власт која системски ќе ги реши проблемите

септември 6, 2017

Скопје по локалните избори ќе добие нова услужна локална власт, еднакво посветена и отворена за сите граѓани, и ќе покажеме што значи нова политика на локално ниво, изјави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов. – Новата политика за граѓаните ќе донесе подобра патна инфраструктура, побезбедена чиста вода и чист воздух […]

Петре Шилегов и официјално кандидат за градоначалник на Град Скопје

септември 5, 2017

Кандидат за градоначалник на Град Скопје од СДСМ е Петре Шилегов, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата велат дека СДСМ на претстојните локални избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во […]

Страна 2 од 4