fbpx
Таг: Канада

таг: Канада

Канада го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Канада го ратификуваше Протоколот за членство на државата во НАТО. - Канада со задоволство го ратификуваше пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. Додека славиме 70 години НАТО, со нетрпение очекуваме да ве поздравиме како 30. членка на Алијансата во блиска иднина - објави канадското МНР. Канада е 18. земја-членка на НАТО која го ратификуваше протоколот.

Димитров на средби со Ди Карло и со колешките од Канада и Норвешка

На вториот ден на самитот на НАТО во Брисел, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на состанокот на земјите-членки на Глобалната коалиција, предводена од САД, за борба против тероризмот и Исламска држава. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, Димитров ги презентирал пред колегите активностите што Македонија ги презела за справување со заканите од тероризмот и насилниот...

Канада целосно ја легализираше марихуаната

Канадскиот парламент го усвои законот со кој се легализира рекреативната употреба на марихуана во земјата. Законот ја помина и последната пречка, откако вчера беше изгласан во Сенатот со 52 гласа „за“ и 29 гласови против и тој контролира и регулира како канабисот ќе се одгледува, дистрибуира и продава. Канаѓаните слободно ќе можат да купуваат и консумираат марихуана најрано од септември. По Уругвај,...

Најмалку 10 жртви откако комби во Торонто покоси пешаци

Десет луѓе се мртви, а 15 се повредени во инцидент што вчера се случи во најголемиот канадски град Торонто. Сè уште не е утврдено дали станува збор за терористички акт или напад поради други причини. Инцидентот се случил вчера во 13.30 часот по локално време, на раскрсницата на улицата Јонг и авенијата Финч. Возачот на комбито, 25-годишниот Алек Минасиан, бил уапсен...

Канадската химна стана родово неутрална

Канадскиот Сенат го усвои законот со кој националната химна на земјата станува родово неутрална, пренесуваат светските медиуми. Со измените, во вториот стих од хумната „О, Канада“ зборот „синови“ се заменува со изразот „сите нас“. Против донесувањето на законот беа опозициските конзервативци, но решението сепак го помина конечното гласање. Борбата за промена на стиховите во текстот на химната предизвика, како што...

Патнички авион се урна во Канада

Авион на компанијата „Вест винд“ со 22 патника и тричлен екипаж се урна во Канада, јави „Си-би-ес“. Несреќата се случила синоќа, набрзо по полетувањето на аеродромот „Фонд ду Лак“. „Си-би-ес“ јавува дека сите патници пронајдени и „тргани од местото на несреќата“. Според првичните информации, неколку лица се повредени. Како што се наведува, после падот немало ниту експлозија, ниту пожар. https://www.youtube.com/watch?v=qmnkrk1rU3M&feature=youtu.be&a

Терорист со камион повреди петмина во Канада

Пет луѓе се повредени од 30-годишник кој вчеравечер во канадскиот град Едмонтон првин со нож избодел полицаец, а потоа со изнајмен камион од фирмата „У хаул“ удрил пешаци додека бегал од полицијата. Откако ги повредил луѓето, камионот се превртел и напаѓачот е уапсен. Според канадските медиуми, во кабината било пронајдено знаме на терористичката мрежа Исламска држава. Полицијата го испрашува уапсениот,...

Трудо до Заев: Го очекуваме денот кога ќе ви посакаме добредојде во НАТО

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, упатил писмо со честитки за изборот за премиер на Зоран Заев во кое изразува надеж за плодна соработка во иднина, соопшти владината прес-служба. „Сигурен сум дека ќе продолжите да ја водите Вашата земја со чест и одговорност достојни на поддршката на народот на Вашата земја, кон светла иднина заснована на најавените реформи, на европските аспирации и...

Пинингтон: Канада ја поддржува Македонија во НАТО-аспирациите

Владата на Република Македонија презема сè што е потребно да го отвори патот кон евроатлантските интеграции и со тоа да го обезбеди и да го осигури квалитетот на живот на граѓаните, изјави премиерот Зоран Заев на средбата со амбасадорот на Канада за Република Македонија, Филип Пинингтон. Како што соопшти владината прес-служба, Заев истакнал дека новата влада сака да го спречи...

Канада го поддржува американскиот напад во Сирија

Канада целосно ги поддржува нападите на САД врз сириската воена база во провинцијата Холмс, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо. – Користењето хемиско оружје од сирискиот претседател Башар ал Асад и злосторствата извршени од сирискиот режим врз народот во земјата не можат да бидат занемарени - нагласи канадскиот премиер. Сепак, тој истакна дека Канада ќе продолжи да ги поддржува дипломатските напори за...

Турција тврди дека Ѓулен планира да избега во Канада

Заменикот на турскиот министер за надворешни работи, Нуман Куртулмуш, вели дека Турција има проверени информации дека Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, планира да избега во Канада. Турција го бара Ѓулен поради наводно организирање на неуспешен државен удар во јули минатата година. Според разузнавачките служби, следбениците на Фетулах Ѓулен купиле земја и фарма во Канада, а турската влада таа информација ја...

Шест лица убиени и осуммина ранети во терористички напад на џамија во Квебек

Шест лица се убиени, а осуммина се ранети во вооружен напад на џамија за време на вечерна молитва, што синоќа се случил во канадскиот град Квебек Сити, сооошти канадската полиција, пренесува „Би-би-си“. Во нападот учестувале две лица, кои отвориле оган во исламскиот културен центар во Квебек, додека во него имало околу 50 верници кои биле на молитва. Еден од напаѓачите, како...

Канада ќе прими 300.000 мигранти во 2017 година

Канада ќе прими 300.000 мигранти во 2017 година, соопшти министерот за имиграција на таа земја, Џон Мек-Келум. Планот за бројот на мигранти беше да достигне 260.000 до 2015 година, но границата беше поместена нагоре поради, како што изјави министерот, посебните околности кои се случија поради мигрантската криза во Сирија. Поради тоа што Канада се соочува со стареење на нацијата, државата...

Бугарија бара укинување на визите од Канада за да го поддржи трговскиот договор со ЕУ

Бугарија нема да го поддржи трговскиот договор меѓу Европската Унија и Канада (ЦЕТА) без да има гаранции од канадската влада дека ќе ги укине визите за бугарските државјани. Одлуката била донесена на седница на бугарската влада. Со тоа бугарската влада ќе ги брани своите интереси на Самитот во Брисел, кој се одржува денеска и утре. Ова барање на бугарската влада е и...

Европратениците бараат воведување визи за државјаните на САД и на Канада

Членови на Одборот за граѓански слободи на Европскиот парламент ја повикаа Европската комисија да ги почитува правилата и да донесува привремени мерки за суспензија на безвизниот режим за граѓани во САД и во Канада, кои не го почитуваат начелото на визен реципроцитет. Одредени светски агенции пренесуваат дека некои од европратениците изјавиле дека Европарламентот би можел да ја тужи комисијата поради...

Убиениот Канаѓанец бил член на ИД и подготвувал голем напад

Џихадистичката организација Исламска држава потврди дека Канаѓанецот Арон Драјвер, кој канадската полиција вчера го уби при обид за терористички напад бил нејзин член, јавува агенцијата Амак, блиска до терористичката организација. Американската разузнавачка група СИТЕ, која ги следи интернет активности на екстремистичките групи соопшти дека нападот требало да биде одговор на повиците да се извршат напади во земјите кои се дел...

Канадската полиција уби осомничен терорист

Канадската полиција уби едно лице откако по „доверлива дојава бил идентификуван како потенцијална терористичка закана, јави канадската државна телевизија. Осомничениот е убиен за време на полициските рации во градот Онтарио, наведува телевизијата „Си-би-ес“. Во соопштението на канадската полиција се наведува дека „осомничениот е идентификуван како закана по национална безбедност“, по што ќе се „преземат мерки за осигурување на безбедноста на јавноста“. Во...

Заложничка криза во Канада: Затвореници заробиле чуварка во подрум

Затвореници од Квебек, на северот на Канада, зеле чуварка од судница како заложник и ја држат во подрум на зграда, соопшти министерството за јавна безбедност. Покраинската полиција соопшти дека заложничката криза се одвива во градот Сет Ил, 650 километри североисточно од Квебек Сити. Полицијата не може да потврди колку затвореници ја држат чуварката како заложник. Судницата во Сет Ил има притворска...

Канадските парламентарци гласаа за родово неутрална химна

Канадските парламентарци денеска гласаа за измена на химната за нејзините стихови да бидат во согласност со политиката на новата либерална влада, која сака да биде инклузивна кон жените. Со законот ќе се измени англиската верзија на химната „О, Канада“, така што стихот „О, Канада, ти си толку голема земја што сите твои синови вистински те сакаат“ ќе гласи „... што сите ние те...

Канада: Пожарот во Алберта се прошири и во соседната провинција Саскачеван

Шумскиот пожар кој 20 дена беснее во канадската провинција Алберта се прошири и на соседната провинција Саскачеван, што е на околу 40 километри од населените места Клирвотер Ривер и Ла Рош, јавуваат канадските медиуми. Локалните власти се надеваат дека ниските температури и прогнозите за дожд следните денови ќе помогнат во совладување на огнената стихија. Пожарот избувна во шумскиот дел крај Форт...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...