четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: кампања | 213 резултати

Пад на берзите по победата на Трамп, поскапува само златото

9 ноември 2016

Светските финансиски пазари веднаш и тоа негативно реагираа на веста за победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори. Берзите покажуваат драматичен пад, а се зголемува само цената на златото, што е вообичаена ракција на инвеститорите во време на неизвесност и на криза. Американскиот долар исто така изгуби од својата вредност, како и европските валути, меѓу […]

Изборен ден во САД, неизвесна изборна трка помеѓу Клинтон и Трамп

8 ноември 2016

Околу 225 милиони Американци денеска на претседателски избори ќе избираат помеѓу републиканецот Доналд Трамп и демократската кандидатка Хилари Клинтон. Медиумите пишуваат, повикувајќи се на анкетите, дека изборите се неизвесни како никогаш досега, а најновата анкета на „Блумберг“ покажува дека Клинтон е во водство за три проценти во однос на Трамп. Предизборната кампања ја одбележа беспоштедната […]

Русија не се меша во изборите во САД, тврди Путин

27 октомври 2016

Рускиот претседател Владимир Путин ги оцени како „хистерични“ обвинувањата упатени кон Москва дека се обидува да влијае на изборите во САД, во корист на кандидатот на републиканците, милијардерот Доналд Трамп, јавуваат светските агенции. Ова Путин го истакнал пред поранешни светски лидери и експерти, за време на собирот во Сочи, организиран од клубот „Валдај“. Тој ги […]

ДИК за кусите рокови: Нема „дали можеме“, мораме да ја завршиме работата со изборите

12 октомври 2016

Доколку политичките партии опстојат на датумот за избори на 11 декември, последниот датум кога Собранието треба да се распушти е 27 октомври за да може предвремените избори за пратеници, според Уставот, да се одржат во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Откако ќе му престане мандатот на овој пратенички состав, почнуваат да течат […]

Клинтон е добро, тврди нејзината лекарка

15 септември 2016

Лекарката на Хилари Клинтон, изјави дека таа закрепнала од воспалението на белите дробови и дека е здрава и подготвена да служи како претседателка на САД. Оваа изјава е дел од соопштенијата за медицинските податоци на Хилари Клинтон, кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, кои беа објавени од нејзиниот изборен тим откако минатата недела е […]

Турција смени 25 градоначалници во областите населени со Курди

11 септември 2016

Турските власти смениле 25 градоначалници во општините на југоистокот на земјата, населени претежно со Курди. Ваквата мерка, како што јавуваат медиумите повикувајќи се на соопштение на канцеларијата на гувернерот на Дијарбекир, уследила поради процените дека тие ги поддржуваат курдските милитанти и на нивно место се назначени други лица. Во речиси сите општини каде се сменети […]

Кори Левандовски го напушти тимот на Доналд Трамп

20 јуни 2016

Доналд Трамп одлучи да ја прекине соработката со менаџерот на неговата кампања, Кори Левандовски, и во самиот финиш од претседателската трка ќе влезе без човекот заслужен за неговотo политичкo издигнување. Левандовски беше еден од најблиските соработници на Трамп од моментот кога контроверзниот бизнисмен ја изрази својата политичка амбиција. Левандовски, според пишувањата на американските медиуми, бил во […]

ВМРО-ДПМНЕ ја почна кампањата, нема да прави митинзи, туку средби со граѓани

16 мај 2016

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја почна изборната кампања, но не со митинзи, туку со директна комуникација со граѓаните, информираат за „Мета“ од владејачката партија. Оттаму велат дека ваков начин на кампања ќе практикуваат поради тоа што не е вообичаена ниту состојбата во која се наоѓа државата. Засега не сакаат да откријат дали ќе прават и митинзи. Државната изборна […]

Црвениот крст на Македонија се приклучува кон глобалната кампања „Насекаде за секого“

8 мај 2016

Црвениот крст на Македонија, по повод Светскиот ден на Црвениот крст и на Црвената полумесечина – 8 Мај, се приклучи кон глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и на Црвена полумесечина, што се одвива под мотото „Насекаде за секого“. – Насекаде во светот меѓународното движење на Црвениот крст и на Црвената […]

Јанева: Од 2008 до 2015 година огромни суми од буџетот се одлеале во приватни џебови

14 април 2016

„Има сериозни индиции дека од 2008 до 2015 година, на незаконски начин од буџетот во приватни џебови се одлеале огромни суми пари. Во овој момент нема да кажам за колкави суми станува збор, но станува збор за вртоглави износи“, рече на денешната прес-конференција специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Таа истакна дека никој не може да го […]

Груевски: СДСМ својата кампања ја темели врз работењето на СЈО

29 март 2016

Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ вработува и реализира проекти, додека СДСМ својата кампања ја темели на работењето на Специјалното јавно обвинителство. – Во однос на случајот што вчера беше отворен од страна на Специјалното јавно обвинителство, мислам дека се им е јасно на граѓаните што се случува, зошто се случува и […]

Љубе Бошкоски пет часа сведочеше во СЈО за „Кампања“

15 февруари 2016

Пет часа траеше распитот во Специјалното јавно обвинителство на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, осуден во случајот „Кампања“. Зградата во која се просториите на СЈО, Бошкоски ја напушти со полициска придружба 15 минути по 18 часот, накратко поздравувајќи се со неколкумина свои симпатизери, кои го чекаа пред зградата. Адвокатот на Бошкоски, Константин Кратовалиев, во изјава […]

Камерон ќе им дозволи на министрите да водат кампања за излез од ЕУ

5 јануари 2016

Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе им одобри на своите министри да водат кампања за излегување од Европска унија на претстојниот референдум, објави „Би-Би-Си“, не наведувајќи ги изворите. Камерон бара нови преговори за нови услови за членството на Велика Британија во ЕУ, тврдејќи дека сака да останат во реформиран европски блок. Сепак, како што вели, не […]

Бил Клинтон: Хилари е најквалификуван кандидат за Белата куќа

4 јануари 2016

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, денеска изјави дека неговата сопруга Хилари е најквалификуван кандидат за американски претседател во последниот полoвина век. Клинтон денеска првпат се вклучи во преизборната кампања на својата сопруга, која е кандидат за демократска номинација на претседателските избори што ќе се одржат оваа година. – Не сум видел некој кој се кандидира за […]

Столтенберг утре во посета на Албанија

9 декември 2015

Од кабинетот на премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска соопштија дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, утре ќе престојува во Албанија на работна посета. Како што пишува во соопштението, Столтенберг ќе се сретне и со претседателот Бујар Нишани, министерката за одбрана, Мими Кодели, и со шефот на дипломатијата, Дитмир Бушати. Сè уште нема официјална […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ја дефокусира јавноста од важните прашања

14 октомври 2015

ВМРО-ДПМНЕ ги демантира изнесените информации дека во разговорите околу изборниот законик, главен фокус на партијата била темата за распределбата на парите од изборите. „Се работи за уште една фабрикувана лага, која е дел од стратегијата на СДСM за дефокусирање на вниманието од вистинските теми и од прашањата важни за граѓаните, како и од позициите што СДСМ […]

Полицијата ќе дели ваучери за бесплатен такси-превоз

25 септември 2015

Секторот за внатрешни работи од Охрид вечерва ќе ја реализира превентивната кампања „Вози трезен, стигни жив“. Кампањата, по претходна согласност од сопствениците, ќе биде спроведена во угостителските објекти „Аквариус“ и „Ликвид“, каде полициски службеници ќе поделат сообраќајно-едукативен материјал и ќе извршат доброволно алкотестирање на дел од гостите. Целта на кампањата „Вози трезвен, стигни жив“ е […]

Потребна е деполитизација на МВР и ефикасен надзор врз разузнавачките служби

10 септември 2015

Повеќе од 800 разгледани случаи за пречекорување на полициските овластувања, 104 поведени постапки против полицајци поради кршење на работниот ред и дисциплина и седум кривични пријави против 14 службеници е билансот од работата на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во првите шест месеци од годинава, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, во […]

Кампањата може да почне: Сега!

12 август 2015

Лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија, Никола Груевски и Зоран Заев, не оставаат ништо на случајноста и веднаш по враќањето од годишните одмори се зафатија со, по сè изгледа, активна политичка кампања, во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за април следната година. Пред-предизборната кампања, ако може така да се каже, ја почна […]

„Спаси го интернетот“ – кампања за зачувување на неутралноста на интернет

23 јуни 2015

Европската комисија и Советот сакаат да усвојат пропис што ќе им овозможи на интернет-провајдерите (ISP) да прават дискриминација меѓу клиентите и да наплаќаат додатни суми за различни видови интернет-услуги. Повеќе невладини организации од Европа ја спроведуваат кампањата „Спаси го интернетот“ за зачувување на неутралноста на интернет-просторот. Само оние кои плаќаат повеќе ќе имаат полесен пристап […]

Страна 10 од 11