сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: камп | 78 резултати

Заев на камперите: Покажавте како диктатор може да падне без капка крв

јули 15, 2015

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, вечерва се обрати на граѓаните во „Кампот на слободата“ пред Владата. Тој на камперите им изрази „благодарност за истрајноста и за решителноста во битката за враќање на слободата и на демократијата“ во земјата. Вечерва кампот се затвора. – Го даваме овој простор како симбол и како потсетник на секоја идна […]

Невладините и СДСМ денеска ќе решат дали ќе го тргнат кампот

јули 10, 2015

Дали ќе се тргне кампот пред Владата, ќе биде одлучено на денешната средба што раководството на СДСМ ќе ја има со невладините организации. По синоќешната средба со партиите кои се во опозицискиот блок, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, добил „целосна поддршка во чекорите за враќање на слободата и на демократијата во Македонија“. На средбата едногласно било потврдено дека […]

Јазично-театарски камп по германски јазик во Охрид

јуни 11, 2015

Во рамките на проектот „Училишта-партнери на иднината“, на Гете-институт од Скопје во соработка со Гете-институт од Анкара, во Охрид ќе учествуваат по 15 ученици од Македонија и од Турција на летен јазично- театарски камп, во периодот од 20 до 30 јуни. Кампот се спроведува по седми пат во неколку основни училишта во Македонија, меѓу кои […]

Дебата во кампот пред Владата: Каква Македонија сакаме по излезот од политичката криза?

мај 25, 2015

Во „Кампот на слободата“ пред Владата, денеска во 18 часот ќе се одржи дебата на тема „Каква Македонија сакаме по излезот од политичката криза? Визии, позици и политики“. На оваа тема ќе дебатираат претставници на граѓанските организации и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Говорници од граѓанскиот сектор ќе бидат Наталија Поповска од „Транспарентност Македонија“, Мухамед Зекири – новинар, […]

Образованието и јазикот, теми на кои ќе се говори во кампот пред Владата

мај 24, 2015

Во „Кампот на слободата“ пред Владата, денеска ќе има повеќе активности кои ќе бидат во знакот на одбележувањето на празникот Св.Кирил и Методиј. По овој повод, во 18.30 часот предвидени се обраќања на в.д на Институтот на македонски јазик, Елена Јовановска-Грујовска, студентката Ивана Туфегиќ и професорката Вангелина Мојановска. Темите на кои ќе говорат ќе бидат […]

Одбележување на Денот на Власите, колонија и дебата во кампот пред Владата

мај 23, 2015

Во „Кампот на слободата“ пред Владата, за денеска се предвидени повеќе активности. По повод Денот на Власите, ќе се пушта влашка музика, а свое обраќање ќе имаат Никола Бабовски и Ратко Стефановски од Демократскиот сојуз на Власите, Маринела Маричиќ-Тушева од СДСМ, како и Димо Димчев од Унијата за култура на Власите. Невладината организација „Цивил“ ќе […]

„Твитер“ откачи: Контра добро утро, контраграѓани

мај 19, 2015

Најновиот бисер во македонската политичко-забавна сцена – појавата на кампови и контракампови – предизвика експлозија сатирични реакции на „Твитер“. Уште малце ќе почнат да возат у контра правец. — Твитагора (@Tvitagora) May 19, 2015 Дали премиерот е во контра-кампот или чека да му дигнат барокен шатор? — Ајви (@LeelooDallasMul) May 19, 2015 Можеби и кога ќе […]

И Собранието се разбуди со камп-населба

мај 19, 2015

По завршувањето на синоќешниот голем народен собир, кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ, поголема група граѓани поставија шатори пред Собранието. Тие велат дека се чувари на демократијата и на изборната волја. Утринава во кампот пред Собраниеto беше раздвижено, а камперите играа фудбал.

Граѓаните од „Протестирам“ денеска ќе кампуваат пред Влада

мај 18, 2015

Околу 50 граѓани и денеска се собраа пред Владата да побараат оставка од премиерот Никола Груевски. Тие денеска нема да имаат маршрута на движење, туку ќе останат заедно со граѓаните што кампуваат пред Влада за да го искажат својот револт. Од „Протестирам“ велат дека за денеска го промениле начинот на протестирање затоа што не сакаат да […]

Ние имаме време да бидеме тука, Груевски нема, велат камперите пред Владата

мај 18, 2015

Шатори, ќебиња, маси, столчиња – атмосферата пред Владата потсетува на летен камп. Камперите утринава се весели и расположени, пиеја кафе и појадуваа. „Кампот“ е исчистен од вчерашната забава, на асфалтот не може да се види ниту едно пластично шише или, пак, хартија. – Нема да си заминеме сè додека премиерот не даде оставка и си […]

Охридските средношколци кампуваат заедно со скопските

април 30, 2015

Заедно со врсниците од Скопје, во кампот пред МОН, две деноноќија поминаа и поголема група средношколци од Охрид. Со ваквиот потег, велат тие, им даваат поддршка на своите врсници во напорите да се слушне нивниот глас околу државната матура и екстерното тестирање и подобрувањето на образовниот процес во земјава. – Ќе кампуваме сè додека не дојде […]

Од 9 мај СДСМ ќе кампува пред Владата

април 27, 2015

Со кампување пред Владата на Република Македонија, почнувајќи од 9 мај, СДСМ ќе го продолжи притисокот за оставка на Владата на Никола Груевски и за формирање преодна влада до нови парламентарни избори. Раководството на партијата деновиве интензивно прави списоци со луѓе што би кампувале пред Владата. Се прават и списоци на потребни материјали и храна за деновите што ќе треба да […]

Средношколците најавија протестен камп пред МОН

април 26, 2015

„Средношколски пленум“ денеска соопшти дека продолжуваат со протестот поради лошите реформи во образованието, а од утре почнуваат да кампуваат пред Министерството за образование и наука. „На денешниот генерален пленум, едногласно се одлучи најавениот фронт на бојкотот пред МОН (во паркот на новинари) да се постави в понеделник, каде ние 24 часа дневно ќе го чекаме […]

Првиот климатски камп во Македонија ги награди најдобрите

април 19, 2015

Од 17 до 19 април се оддржа Првиот климатски камп во Македонија, „Од тебе зависи“, кој имаше цел да ги поттикне граѓаните да ги промовираат своите идеи за тоа како може да се намалат штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини. Најдобрите два тима, кои ги промовираа своите идејни решенија за темата, добија по […]

Страна 4 од 4