среда, 22 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: камп | 79 резултати

Грција подготвува акција за празнење на Идомени

мај 23, 2016

Грчката влада подготвува план за итно празнење на Идомени и пренесување на бегалците од импровизираниот камп на македонско-грчката граница во бегалските центри. Акцијата се очекува да започне во вторник или среда. Грчките медиуми јавуваат дека повеќе од десет екипи на специјалните полициски сили добиле наредба од изутринава да заминат од Атина кон Идомени и да […]

Тужби и пратенички прашања за владата поради ситуацијата на Идомени

мај 12, 2016

Најголемата грчка опозициска партија, Нова Демократија, бара одговори од владата на Алексис Ципрас за затворената железничка линија Солун – Скопје поради бегалскиот камп кај Идомени. Пругата повеќе од 50 дена не функционира, со што целосно е блокиран патничкиот и товарниот превоз од Солун кон Западна Европа, што им носи големи финансиски загуби на грчките транспортери и […]

Бегалци од островот Хиос се обиделе со пливање да избегаат кон Турција

мај 11, 2016

Ситуацијата со бегалците во Грција од ден на ден станува сè потешка. Бегалците и мигрантите во очај од беизлезната ситуација во која се заглавени, се обидуваат дури и со пливање да стигнат од грчките острови до турскиот брег. Крајбрежната полиција на островот Хиос изминатите два дена забележала шест лица како пливаат во насока кон брегот на […]

Грчката влада планира да го затвори Идомени до 30 мај

мај 5, 2016

Грција планира релокација на бегалците, расчистување и целосно затворање на кампот во Идомени до крајот на мај. Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, овој план го пренел во разговори со грчката полиција и со членови на различни невладини организации во Солун, со кои имал средби изминатите неколку дена. Според весникот „Етнос“, Музалас објаснил дека се […]

Попоски: Тензиите кај Идомени да не влијаат на дијалогот за градење доверба со Грција

април 21, 2016

Шефовите на дипломатиите на Македонија, Грција, Албанија и на Бугарија денеска во Солун разговараат за зајакнување на меѓуграничната соработка за бегалската криза. На средбата учествува македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, и делегација од македонското Министерство за внатрешни работи, кои ќе дискутираат за надминување на предизвиците од бегалското прашање, спречување на нелегалниот шверц на […]

Пожар во бегалскиот центар кај Солун, нема потешко повредени

април 20, 2016

Пожар изби попладнево во прифатниот бегалски центар во Дијавата, во близина на Солун. Огнените јазици пеплосаа повеќе од 20 шатори, но, за среќа, нема жртви, ниту повредени бегалци во центарот. Пет противпожарни возила подолго време го гаснеа огнот, поради што бегалскиот центар беше обвиен во црн чад, предизвикувајќи голема вознемиреност кај бегалците. Бегалците и пожарникарите стравуваа пожарот […]

Бегалците го искршија бифето кај Идомени

април 14, 2016

Бегалците во кампот кај Идомени поминаа уште една тензична ноќ. Околу 1 часот по полноќ, неколкумина бегалци предизвикале инцидент кога не успеале да ја убедат вработената во продавничката и во бифето на железничката станица продавницата да остане отворена цела ноќ за да може да купуваат храна. Според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА, околу 30 бегалци го […]

Аманатидис: Потребна е поголема соработка меѓу Грција и Македонија

април 11, 2016

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис, истакна дека инцидентите кај Идомени покажале дека има потреба да се засили соработката меѓу Македонија и Грција. Во интервју за телевизијата „Скај“, Аманатидис повторно ги осуди инцидентите и употребата на насилство од македонска страна кон мигрантите. Заменик-министерот посочи дека употребата на гумени куршуми и на солзавец кон бегалците на […]

Бегалци поставија камп среде Атина

април 7, 2016

Група од околу 40 бегалци и активисти од пристаништето Пиреја вчера околу полноќ се обидоа да постават камп на плоштадот Синтагма во центарот на Атина. Бегалците и активистите во полициска придружба стигнаа во центарот за да почнат протест пред парламентот, меѓутоа беа спречени од полицијата да постават шатори и да кампуваат пред парламентот. Без инциденти и […]

Бегалците од Идомени повторно го блокираа автопатот Солун – Евзони

април 2, 2016

Бегалците од Идомени започнаа нов протест и блокада на автопатот Солун – Евзони кон македонско-грчката граница, јавува грчката телевизија „Мега“. Според телевизијата неколку стотици бегалци се распоредени на двете страни на автопатот и покрај сите мали патчиња кои водат кон автопатот со цел да не дозволат пристап на возилата. Утринава на автопатот немало проблеми и […]

Турција ќе гради камп за реадмисија на мигрантите

март 30, 2016

Турција ќе гради камп за сместување на мигранти, кој ќе има капацитет за прием на 5.000 лица, објавуваат турските медиуми. Кампот ќе биде изграден надвор од пограничните региони со Сирија и ќе биде наменет за сместување на мигрантите кои ќе бидат вратени на територијата на Турција согласно договорот меѓу Анкара и Брисел за реадмисија на илегалните имигранти […]

Париската полиција расели мигранти од камп

март 30, 2016

Француската полиција денеска преселила неколку стотина мигранти од привремениот камп во близина на метро-станицата „Сталинград“ на северот на Париз. Нема информации на која локација се преселени. Регионалната администрација на Париз соопшти дека операцијата минала мирно и оти  власите ги преселиле мигрантите кои живееле во овој камп во последните недели. За време на операцијата на преселување, […]

Три деца загинаа во пожар во бегалски камп во Турција

март 29, 2016

Турската државна агенција денеска соопшти дека во пожар во бегалски камп во близина на границата со Сирија загинале три деца, а повредени се шест возрасни. Како што пренесуваат турските медиуми, во кампот се наоѓаат околу 20 илјади бегалци од Сирија. Приватната агенција „Доган“ соопшти дека децата биле на старост меѓу три и осум години. Едно […]

Музалас: Идомени ќе се расчисти за еден месец

март 22, 2016

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, уверува дека кампот кај Идомени ќе се испразни за еден месец. Одговарајќи на пратенички прашања во грчкото собрание, во клима на неизвесност за неговото останување во владата, Музалас истакна дека бегалците ќе си заминат од кампот до крајот на следниот месец, без никакви проблеми и без да мора да се […]

Џоли се сретна со Ципрас, во Идомени – вечерва или утре

март 16, 2016

Холивудската ѕвезда и амбасадор на добрата волја на Обединетите нации, Анџелина Џоли, ги посети бегалските кампови во Атина и се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Џоли се очекува подоцна попладнево да замине за Солун, а оттаму и за Идомени на границата со Македонија. Опкружена од илјадници бегалци, но и од грчките медиуми, Џоли, која денеска […]

Кумуцакос: На Грција ѝ се заканува и дипломатска криза

март 15, 2016

Покрај финансиската и бегалската криза, на Грција ѝ се заканува и дипломатска криза, предупредува портпаролот на опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос. Тој во интервју за телевизијата „Скај“ оцени дека целата ситуација со бегалците е екстремно загрижувачка. – Ни се заканува трета, дипломатска криза. Идомени е ничија земја, без каква било контрола. Грција од транзитна држава се развива во […]

Бегалците тонат во кал и вода на Идомени

март 14, 2016

Кампот во Идомени е целосно поплавен, а нивите каде бегалците спијат во шатори се претворени во огромно калливо мочуриште, по вчерашниот поројни врнежи во северна Грција. За над 12.000 луѓе кои се во кампот во Идомени, на границата со Македонија, обидот да се избега од војната во Сирија и лошите услови за живот во Ирак […]

Митерленер: Бегалците свесно седат во кал, така вршат притисок

март 13, 2016

Австрискиот вицепремиер, Рајнхолд Митерленер, изјави дека бегалците на грчко-македонската граница свесно седат на дожд и во кал, за да извршат притисок за отварање на балканската рута. Митерленер во изјава за виенскиот весник „Кронен цајтунг“, рече дека фотографиите со деца и бебиња во кал свесно се политизираат. -Во Грција има на располагање сместувања кои одговараат особено за семејства […]

Во Грција чекаат 41.973 бегалци

март 10, 2016

Во Грција во моментов има регистрирано 41.973 бегалци. Грчката влада и специјалната комисија за справување со бегалската криза објавија нови податоци за тоа колкава е бројката на бегалци во секој од прифатните центри, островите и во кампот кај Идомени. Според официјалните информации, во кампот на Идомени има 12.000 луѓе кои чекаат во неизвесност да заминат […]

Твитер-војна меѓу Ципрас и Туск за бегалската криза

март 10, 2016

Грчката влада остро реагираше на твитот на првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, со кој тој ја поздрави одлуката на државите од Западен Балкан да се пломбира преминот за бегалци кај Идомени. Туск на „Твитер“ напиша дека одлуката за непропуштање бегалци кон Европа не е еднострана одлука на државите од Западен Балкан, туку е во […]

Страна 2 од 4