fbpx
Таг: јубилеј

таг: јубилеј

Филолошкиот факултет одбележува 75 години постоење и 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Филолошки факултет
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ со програми предвидени за 13, 14 и 15 декември го одбележува патрониот празник за јубилејните 75 години постење и 100 годишнината од раѓањето на најзначајниот деец за македонската книжевност и јазик - Блаже Конески. Вчера, 13 декември беше отворен Меѓународниот научен собир „100 години Блаже Конески и 75 години Филолошки факултет“ со поздравни обраќања и три...

Илустративен хор преку дигитални дела инспирирани од уметноста на Блаже Конески

На Факултетот за ликовни уметности во Скопје е отворена изложба на илустрации за јубилејната книга: „Блаже Конески - поезија и кратка проза“. На оваа ликовна изложба учествуваат седум автори: Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Марија Конеска, Филип Велковски, Елена Ѓорѓиевска, Иван Коминовски кои се претставуваат со 3 дигитални илустрации инспирирани од поезијата на македонскиот великан и тука е наградената авторка...

Денеска и утре се чествува 80 годишниот јубилеј, Денот на народното востание-11 Октомври

Република Северна Македонија денеска и утре го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. Програмските содржини од централната манифестација, во организација на Владата и Општина Прилеп започнуваат денеска со свечен почеток на...

„Фолтин“ со концерт во Хераклеа ќе ја прослави 25-годишнината

Со целовечерен самостоен концерт в сабота со почеток во 21 часот, славната битолска група „Фолтин“ ќе го одбележи својот 25 роденден. Првиот настап на Фолтин исто така бил во Хераклеа, во 1996 година. Oсвен колажот од предходните девет албуми, „Фолтин“ премиерно ќе го отсвират и нивното најново издание „Симултан бакнеж“. Концертот во Хераклеа се случува после низата промотивни концерти низ Македонија...

Охридскиот договор „наполни“ 20 години – одбележувањето помина без преживеаните потписници

Со конференцијата „…По Охрид“, која во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во соработка со Програмата за изградба на мирот и човековите права на Универзитетот на Колумбија, се одржа денеска во Скопје, се одбележа 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. На конференцијата говореа претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев како и лидерот...

Дводеценискиот јубилеј на Охридскиот договор ќе се одбележи со конференција „…По Охрид“

Централниот настан од серијалот одбележувања на 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи денеска, низ конференцијата „...По Охрид“, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток во 10 часот. Настанот го организираат Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, на чие чело е Артан Груби, во соработка со Програмата за изградба на мирот и човековите...

ЦЈЗ ќе ги спроведува протоколите на утрешната прослава на 20-годишнината од Охридскиот договор

Центарот за јавно здравство (ЦЈЗ) ќе ги спроведува здравствените протоколи на утрешното одбележување на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, рече денеска вицепремиерот и министер за полтички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. „Испратено е барање до Министерството за здравство и тоа пред три недели најмалку. Сум контактирал и со министерот за здравство по однос на сите протоколи...

Илинден – Денот на Републиката се одбележа со церемонии во Скопје, Пелинце, Смилево и Крушево

Почнувајќи од Скопје, преку Пелинце и Смилево, до Крушево - центарот на Илинденското востание, денеска во земјава се одбележуваа двата јубилеја - 118 години од Крушевската република (1903 година ) и 77 години од Првото заседание на АСНОМ (1944 година) - како двата клучни настани за воспоставувањето на македонската државност.   Џафери говореше пред Собранието Програмата во Скопје, во организација на Собранието...

Онлајн-одбележување на јубилејот 30 години Фондации Отворено општество во Северна Македонија

Со онлајн-емитување на краткиот документарен филм „30 години ПОСВЕТЕНИ“, посветен на минатиот труд на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), а потоа и со онлајн-дебатата „Пост-КОВИД-19 реалност: Кој е патот до поправедно општество?“, ФООМ на 18 мај, вторник, со почеток во 16 часот, ќе го одржи главниот настан за одбележување на тридеценискиот јубилеј на Фондациите Отворено Општество (ФОО) на...

Пендаровски на промоцијата на поштенска марка со ликот на Блаже Конески: Обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промоцијата на поштенска марка по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, а во рамки на програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија. „За жал, и после децении од кодифицирањето на македонскиот јазик...

Одбележана 75. годишнината на библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп

Со поклон и свежи цвеќиња, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ од Прилеп, денеска скромно го одбележа својот 75 годишен јубилеј. Вработените од библиотеката се поклонија пред спомен бистата на својот патрон и пред куќата каде што е роден и дејствувал народниот херој Борка Талески, како и пред спомениците на истакнатите македонски културни дејци, кои потекнуваат од Прилеп: Марко Цепенков,...

Економскиот факултет од Прилеп го одбележа својот шестдецениски јубилеј

Шестдецениското успешно функционирање на Економскиот Факултет од Прилеп, претставува потврда за неговиот институционален капацитет да едуцира и профилира кадровски потенцијал согласно со развојните потреби на земјата и конкурентските предизвици на глобалното окружување. Затоа, со потполно право заслужуваме да бидеме горди на нашите постигнувања и на бројките што во оваа прилика заслужуваат да ги споменеме. На Економскиот факултет во Прилеп во изминатиот...

Пендаровски го одликува Бигорскиот манастир со Орден за заслуги за државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска го одликува Бигорскиoт манастир „Свети Јован Крстител“ со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, за зачувувањето и за продолжувањето на илјадагодишната традиција и за придонес во негувањето на духовното и на културно-историското наследство, соопштија од претседателскиот кабинет. Ова високо државно одликување Пендаровски му го додели на епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, Партениј, во...

Промовирана монографијата „Фестивалска приказна“ по повод 60-годишниот јубилеј на „Охридско лето”

Во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид вчеравечер беше промовирана монографијата „Фестивалска приказна - Охридско лето 1961 – 2020“ од авторките Снежана Анастасова-Чадиковска и Роза Нолчева-Ангеловска. Шестата по ред фестивалска монографија се промовира по повод јубилејот, 60 години од постоењето на фестивалот „Охридско лето“. Снежана Анастасова-Чадиковска е истакнат академски музичар, пијанист, педагог и музички публицист. Зад себе има богата...

Фестивалот „Охридско лето“ годинава ќе се адаптира на препораките за борба против ковид-19

Подготовките за реализација на годинешново 60-то јубилејно фестивалско издание на „Охридско лето“ започнаа веднаш по завршувањето на минатото издание. Повеќето работи до овој период од годината се завршени, но дирекцијата на фестивалот периодов работи на прилагодување на некои фестивалски активности на новонастанатата состојба со ковид-19 во нашата земја. Од фестивалот велат дека постојано се во преговори со уметниците кои годинава...

Пет децении македонската дипломатија гради мостови за соработка со странство

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Дипломатскиот клуб – Скопје, денес во Министерството за надворешни работи се одржа Конференција „50 години македонска дипломатија”. На конференцијата свое обраќање имаа министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на Дипломатскиот клуб, амбасадорот Виктор Габер и амбасадорот на Република Словенија во нашата земја, Милан Јазбец. Никола Димитров се...

Заев: Компаниите кои се на берза, се поатрактивни за домашните и странски инвеститори

Македонската берза и пазарот на капитал се важен дел од економското функционирање на нашата земја и улогата и функцијата што ги имаат за раст и развој на економијата и компаниите се исклучително важни, рече денеска во обраќањето премиерот Зоран Заев на јубилејната 20-годишна конференција во организација на АД Македонска берза во Охрид. Тој додаде дека државата е тука да гарантира...

Прилепскиот театар одбележа јубилеј во исчекување на нов објект

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп синоќа со изведба на претставата „Пиреј“ по текст од Петре М. Андреевски, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, ја одбележа 69-годишнината од постоењето на прилепскиот храм на Талија. На истата сцена на која што досега се одиграни 370 премиери и преку 7.000 претстави, за приближно два милиона публика, по речиси седум децении креативниот и...

Заев: Искрено се надеваме дека МПЦ-ОА ќе стане дел од православната заедница

Премиерот Зоран Заев, кој со претседателот Ѓорге Иванов, претставници на државниот врв, на Синодот и свештенството на МПЦ предводени од архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, присуствуваше на свечената академија по повод 1.000 години од Охридската архиепископија, рече дека и тогаш и денеска, Охридската архиепископија беше една важна одредница во историјата на црквата, во историјата на христијанството на овие простори. - Охридската архиепископија претставувала...

Почна одбележувањето на јубилејот 25 години на Фондацијата Отворено општество – Македонија

Во Музејот на современата уметност во Скопје вчеравечер беше свечено отворена прославата на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ). Пред бројни гости, одбележувањето на големиот јубилеј почна со промоција на документарен филм и изложба „25 години посветени на градењето отворено општество во Македонија“, преку кои присутните се запознаа со работата на Фондацијата во изминатите години, како...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...