fbpx
Таг: ЈСП Скопје

таг: ЈСП Скопје

ЈСП воведува нова линија „29“, од Жданец преку Трнодол до „Скопје Сити Мол“

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ соопшти дека од понеделник, 25 октомври, ќе почне да функционира линија „29“ која ќе сообраќа од Жданец преку Трнодол до Карпош 3 („Скопје Сити мол“) и обратно. „Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог...

ЈСП: Бруцошите можат да извадат бесплатен годишен билет, другите студенти да си ги продолжат билетите

ЈСП-Скопје ги информира редовните студенти запишани за прв пат во учебната 2021/2022 година на некој од државните факултети во Скопје дека имаат право на користење на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз. Издавањето на овој билет се врши во центрите за персонализација на ЈСП, при што неопходно е лично присуство на студентот, кој треба да приложи потврда...

Европската недела на мобилност ја “пречекавме” со милион патници помалку во јавниот превоз

Активности за одбележување на Европската недела на мобилност деновиве се редат во Скопје, но заедно со нив и поразителните податоци за тоа колку навистина граѓаните ја практикуваат одржливата урбана мобилност во своите секојдневни патувања. Според последните податоци на ЈСП-Скопје, јавниот превоз во главниот град во првото полугодие од годинава успеал да превезе речиси милион патници помалку во споредба со периодот...

Од утре повеќе градски автобуси во Скопје, пензионерите и понатаму не може да се возат бесплатно

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје соопшти дека од утре, 1 септември, поради почетокот на учебната година и очекуваната поголема фрекфенција на корисници на јавниот превоз, во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број автобуси на градските и приградските линии. Автобусите ќе сообраќаат по делничен возен ред, односно јавниот превоз ќе го опслужуваат зголемен број на возила во споредба со изминатите...

ЈСП: Бесплатниот превоз за ученици и средношколци во Скопје не важи за време на летниот распуст

ЈСП-Скопје ги информира основците и средношколците дека ученичките билети за бесплатен превоз не важат за време на летниот распуст. Наместо бесплатен превоз, во претстојните летни месеци на основците и на средношколците им се нуди можност да купат месечен билет по повластена цена. Месечен билет за јули или август чини 600 денари, информираат од ЈСП. Месечниот билет за основците и средношколците...

Од утре јавниот превоз во Скопје ќе функционира без ограничувања, по вообичаениот возен ред

ЈСП-Скопје информира дека скопскиот јавен превоз од утре (12 мај) ќе сообраќа без временски ограничувања, по вообичаениот возен ред на градско-приградските линии што е достапен на веб-страницата на ЈСП. Воедно, од Јавното сообраќајно претпријатие соопштуваат дека сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено. „Посочениот режим е согласно денешната одлука на Влада на РСМ, од 12 мај забраната за движење...

Со градска железница, би се патувало барем двојно побрзо во споредба со автобус во Скопскиот регион [инфографик]

Доколку во Скопје би постоела градско-приградска железница како средство за масовен превоз на патници, тогаш времето за патување до приградските населби околу главниот град би се скратило барем за половина во споредба со постојното времетраење на патувањата со градско-приградските линии на ЈСП-Скопје и приватните автобуски превозници. Споредбата на возните редови на ЈСП-Скопје и на Железници на РСМ-Транспорт покажува дека на...

Јавниот превоз од денеска ќе сообраќа до 20 часот, билетарниците на ЈСП ќе работат до 18:30 часот

ЈСП-Скопје информира дека од денеска, вторник, 6.04.2021 година, до вторник, 20.04.2021 година, јавниот автобуски превоз во Скопје ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП ќе работат до 18.30 часот. „Режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот,...

Студентите уште денеска може да ги продолжат билетите за 2021 година, од утре ќе има казни

Сите студенти кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз од утре, четврток, треба да поседуваат уредно заверен/продолжен билет за 2021 година бидејќи денеска истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет, информираат од ЈСП Скопје. Оттаму посочија дека во спротивно, во случај на линиска контрола, на студентите ќе им биде...

За брз и квалитетен јавен превоз, на Скопје му се потребни итни инвестиции [видео+фото]

Македонскиот главен град веќе три и пол децении чека и не може никако да ја дочека изградбата на трамвајот. Годините минуваат, новите технологии забрзано се воведуваат во системите за масовен превоз низ градовите во светот, а идејата за изградба на класичен трамвај во Скопје замина неславно во историјата. Додека експертите, невладините организации, политичарите и граѓаните се расправаат за тоа дали...

„Скопска“ да носи поволности и да се плаќаат други услуги во градот, јавниот превоз со тоа ќе привлече патници

Електронскиот систем за наплата на билети и картичката „Скопска“ во скопскиот јавен превоз беше воспоставен во 2015 година и од тогаш до денес нема никакви измени во неговото функционирање, со исклучок на променетиот дизајн на картичките. За разлика од Скопје, околните главни градови од регионов воведоа многу поволности и нови услуги со ваквите картички за граѓаните, кои допринесуваат за...

Поради полицискиот час, ЈСП ги објави последните термини на поаѓања на линиите од јавниот превоз

ЈСП-Скопје информира дека од денеска, среда (10.03.2021 година) јавниот превоз ќе сообраќа до 22 часот. Режимот на јавниот превоз е согласно одлуката на Владата на РСМ за забрана на движење на населението во период од 22 до 5 часот, почнувајќи од денеска до 22 март. Од Јавното сообраќајно претпријатие ги потсетуваат корисниците на јавниот превоз, дека и натаму не важи...

Ефикасноста на скопскиот јавен превоз опаѓа низ годините, има помалку патници на изминат километар [инфографик]

Фото: Небојша Гелевски
ЈСП-Скопје во 2019 година успеало да превезе 2,47 патници на поминат километар, што претставува најниска вредност на овој индикатор во претходните седум години. Бројот на превезени патници на поминат километар на автобусите се добива при делење на вкупниот број на патници со поминатите километри на автобусите, со што се добива ефикасноста на јавниот превоз. Во скопскиот јавен превоз низ...

Во сообраќајниот хаос, јавниот превоз во Скопје секоја година ја намалува брзината на движење [инфографик]

Со околу 150.000 автомобили и десетици илјади други возила што секојдневно се движат по скопските улици, јавниот превоз во главниот град од година во година станува сè побавен за патниците. Набавката на нови возила од граѓаните низ годините и непрописното паркирање на автомобили на улиците го зголемува сообраќајниот метеж, кој пак предизвикува намалување на комерцијалната брзина на движење на...

ЈСП: До 31 март ќе може да се продолжи годишниот студентски билет за јавен превоз

ЈСП-Скопје ги информира корисниците на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз дека рокот за продолжување на важноста на билетот повторно е продолжен, односно ќе трае до 31 март годинава година. „До тој термин, сите студенти кои ги исполнуваат условите за стекнување на право на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз, а не го продолжиле...

Поради ковид-19, со јавниот превоз во Скопје лани превезени за 30 милиони патници помалку [инфографик]

Ковид-19 пандемијата предизвика намалување на бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз на историски најниско ниво. Автобусите на ЈСП-Скопје и на приватните превозници лани превезле 27.709.556 патници, што е за речиси 30 милиони патници помалку во споредба со 2019 година. Во годината пред ковид кризата, јавниот превоз во Скопје го користеле над 57,2 милиони патници. Статистичките податоци покажуваат дека...

Автобусите на ЈСП за Водици ќе сообраќаат по неделен возен ред

Утре, вторник (19.01.2021 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), автобусите на ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Како што информираат од претпријатието, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои...

Студентските билети за бесплатен јавен превоз ќе важат и ќе можат да се продолжуваат до февруари

Фото: Борче Поповски
На барање на Универзитетското студентско собрание (УСС) при УКИМ, ЈСП соопшти дека го продолжува рокот на студентските билети за бесплатно користење на јавниот превоз. Наместо до крајот на годинава, заклучно со 31 декември, како што беше досега, студентите ќе можат своите годишни картички да ги користат и да ја продолжат нивната важност до крајот на февруари 2021 година. Од ЈСП...

Јавниот превоз во Скопје од 1 до 3 јануари ќе сообраќа по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје (ЈСП Скопје) информира дека в петок (1.01.2021 година), возилата од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, по 6:30 часот наутро на градските линии, односно по 7 часот на приградските линии. Распоредот на првите вклучувања на сите градски и приградски линии,...

Скопскиот јавен превоз со преполовен број патници, да се мисли како да се врати довербата по ковид-19 [инфографик]

Ковид-19 пандемијата го преполови бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз. Во периодот јануари-септември 2020 година, со автобусите на ЈСП-Скопје и на приватните превозници се превезени 16,1 милиони патници, што е за 15.434.000 патници помалку во однос на идентичниот период лани, се вели во Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП-Скопје во периодот јануари-септември 2020 година. Опаѓањето...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...