fbpx
Таг: ЈСП Скопје

таг: ЈСП Скопје

Електрични автобуси: Ќе чинат повеќе, ќе бараат изведба на полначи, а ЈСП да вработи дополнителен кадар

Во изминатиот период остваривме комуникација со многу производители, во завршна фаза сме и во подготовка на тендерска процедура за набавка на најмалку 100 електрични автобуси, но и за отворање на фабрика во Скопје за производство на електрични автобуси. Овие зборови вчера ги изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како негова визија за тоа како треба да се развива организираниот...

Истекува рокот за бесплатен превоз на студентите со непродолжени билети

Студентите кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз имаат право на бесплатен превоз со непродолжен билет уште неколку дена, односно до понеделник, 28 февруари, потсетува ЈСП Скопје. Од 1 март, оние студенти што не ги продолжиле своите билети, во случај на линиска контрола ќе бидат казнети. „Од 01.03.2022 година секој студент од посочената категорија,...

Јавниот превоз во Скопје лани со само 30 милиони патници, ќе почекаме на 250-те нови автобуси [инфографик]

ЈСП-Скопје и приватните автобуски превозници во 2021 година превезле вкупно 29.797.130 патници. Бројот на патници е зголемен за повеќе од 2 милиони во однос на 2020 година, но сепак бројката лани е речиси двојно помала во споредба со користењето на јавниот превоз од граѓаните пред појавата на ковид-19 пандемијата. Колку за потсетување, во 2019 година градско-приградските линии во Скопје...

ЈСП уште чека одговор на барањето за владина помош поради зголемените цени на метанот

Помина еден месец од барањето на ЈСП-Скопје за Владата на РСМ да донесе одлука за субвенционирање на работењето на Јавното сообраќајно претпријатие, коешто од почетокот на годинава се соочи со повеќе од двојно зголемување на цената на метанот. „И покрај официјалното доставено барање до Владата преку Град Скопје, сѐ уште немаме добиено никаков одговор“, велат за Мета.мк од ЈСП-Скопје. Зголемувањето на...

Обезбеден е организиран превоз за учениците и студентите со попреченост

За ученици и студенти со попреченост е обезбеден организиран превоз од нивното место на живеење до средните училишта и факултетите во Скопје каде што учат и студираат и назад со адаптирани возила, информираат од Град Скопје. Организираниот превоз на учениците и студентите со попреченост кои следат настава во средните училишта или факултетите во Град Скопје ќе се реализира со адаптиран автобус и минибус комбе. Од...

Студентите можат да ги користат непродолжените билети за јавен превоз до крајот на февруари

Студентите-корисници на годишен студентски билет ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз во Скопје и со непродолжен, односно незаверен билет за тековната година, до крајот на февруари, соопштија од ЈСП Скопје. Од таму додаваат дека при користење на превозот, а во случај на линиска контрола, студентите имаат обврска да приложат картичка „Скопска“ со која ќе докажат дека ги исполнуваат...

И граѓаните од околните градови го чекаат бесплатниот јавен превоз во Скопје

Патувањето со воз или автобус од околните градови им предизвикува големи трошоци на граѓаните од Куманово, Велес и Тетово, коишто секојдневно патуваат на работа, школо или по други обврски во главниот град. Од градовите коишто гравитираат околу Скопје има дневен прилив на илјадници граѓани, коишто имаат избор да патуваат со автомобили, коишто го зголемуваат сообраќајниот метеж и проблемот со...

Град Скопје сè уште нема систем за изнајмување велосипеди како алтернативен превоз

Во услови на рекорден број на регистрирани автомобили на скопските улици и константно намалување на бројот на превезени патници во јавниот превоз, во Скопје веќе четврта година по ред не функционира системот за изнајмување на велосипеди, со којшто раководеше ЈП „Градски паркинг“. Со некогашниот проект „Скопје изнајми велосипед“, на дел од паркинзите во главниот град се изнајмуваа јавните велосипеди со...

Вистиномер: Не е точно дека ЈСП го поскапе превозот – воведен е само нов тип дневен билет од 120 денари

Билетот на ЈСП не е поскапен, туку е воведенa дополнителнa опциja преку билет од 120 денари, кој ќе важи за еднодневно повеќекратно возење (граѓаните ќе можат да се возат со овој билет неограничен број пати во еден ден). Овој билет од 120 денари, како што најави ЈСП, ќе им биде од полза на туристите, на тие што сакаат да...

Непродолжените студентски билети не важат во 2022 година, контролорите на ЈСП казнуваат

Студентите кои не ја продолжиле важноста на годишните студентски билети за бесплатно користење на јавен превоз во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје), од први јануари годинава немаат право да ги користат непродолжените билети. Оваа го соопштија од ЈСП Скопје на упатеното прашање од „Мета.мк“ откако до нас стигнаа реакции од студенти кои добиле казни од страна на...

За празниците јавниот превоз во Скопје ќе работи по неделен возен ред

Од Јавното Сообраќајно Претрпиајтие Скопје информираат дека за време на предстојните празници, односно утре четврток (6.01.2022 год - Бадник), задутре, петок (7.01.2022 год - Божиќ) и во сабота (8.01.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии, а дежурни ќе бидат три билетарници. Жичарницата ќе работи вообичаено.

Новата година ќе почне со помалку автобуси во јавниот превоз во Скопје

Поради новогодишното празнување и поради зимскиот распуст за учениците, јавниот автобуски превоз во Скопје ќе биде редуциран од полноќ до 20 јануари, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ - ЈСП. Измените ќе ги опфатат и автобусите на градското превозно претпријатие и на приватните превозници. Поради Нова Година, утре, првиот ден на 2022 година, автобусите ќе почнат да сообраќаат најрано во 7.05 часот...

Дождот и ветерот го намалија аерозагадувањето, од утре јавниот превоз во Скопје не е бесплатен

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекинат прагот на алармирање поради загадувањето на воздухот со ПМ-10 честички во Скопје и Струмица. „На ден 28.12.2021, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје - Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат и Струмица“, информираат од...

Од денеска повторно ќе сообраќаат ноќните линии на ЈСП-Скопје

Ноќните линии во скопскиот јавен превоз се воведуваат од денеска, информираат од Град Скопје. Во ноќните часови ќе сообраќаат 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Притоа, автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б ќе сообраќаат секојдневно, додека преостанатите линии ќе бидат во функција во деновите од викендот или...

ЕБОР за БРТ-то во Скопје: Проектите се предмет на многу детална проверка пред да ги одобриме

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) презема многу сериозна одговорност во однос на транспарентноста на проектите кои ги поддржува, како и за информирање на јавноста, се вели во одговорот од ЕБОР до Мета.мк на прашања за реализацијата на првата линија од брзиот автобуски превоз - БРТ во Скопје на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Новата градоначалничка на...

ЈСП планира да ја пушти во функција жичарата на Водно до Нова година

По речиси две години нефункционирање поради ковид-19 пандемијата, новото градско раководство денеска информираше оти планираат жичарата на Водно да ја пуштат во употреба до Нова година. На денешниот брифинг со новинарите, новиот директор на ЈСП-Скопје Иван Илиевски рече дека се дезинфицираат кабините, се проверуваат техничките можности на жичарата и хортикултурно се уредува зеленилото по трасата, за да може да профункционира...

Град Скопје: Тендерот за изградба на првата БРТ-линија е стопиран, нема понуди од компании

Вчера заврши првата фаза од тендерската постапка за изградба на првата линија од брзиот автобуски превоз - БРТ од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Тендерската постапка што е објавена на веб-страницата на ЕБОР предвидуваше заинтересирани компании за учество на тендерот до Градот Скопје да ги достават своите претквалификациски понуди. Од Градот Скопје за Мета.мк информираат дека тендерската постапка е стопирана...

Се запали автобус на ЈСП во Аеродром вчеравечер, нема повредени лица

Двокатен кинески автобус на ЈСП-Скопје што сообраќал на линијата број 7 од Лисиче кон Карпош вчера вечер околу 18:30 часот се запали на булеварот Трета македонска бригада во Аеродром. Возачот го приметил чадот кај моторот од автобусот, застанал, ги евакуирал патниците и повикал пожарникари. Нема повредени лица, а од ЈСП Скопје излегоа со информација дека предизвикана е единствено материјална...

Експертите ѝ порачуваат на Арсовска во однос БРТ системот: Не брзајте со стратешки одлуки!

За 1% пропадна референдумот за воведување на трамвај во Скопје кон крајот на 1980-тите години, по што беа потребни 30 години за да почне повторно да се спроведува постапка за воведување на алтернативен јавен превоз во главниот град. Не брзајте со одлуките, е ставот на експертите по вчерашната изјава на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека нема да го реализира...

Сојузот на средношколци од кандидатите за градоначалници бара праведен јавен превоз за сите средношколци

Сојузот на средношколци ги контактираше кандидатите за градоначалници на Скопје кои се натпреваруваат во вториот круг од Локалните избори 2021 година, со цел решавање на проблемите со кои се соочуваат средношколците околу јавниот превоз, информираат од таму. Имено, Сојузот на средношколци бара бесплатен превоз за сите средношколци без разлика од типот на училиштето во кое учат, како и во текот...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...