сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ЈСП Скопје | 199 резултати

Град Скопје бара нови приватни превозници што ќе возат на линиите „20“ и „22“

декември 9, 2022

Градот Скопје денеска го објави огласот за доделување пакет линии и за давање на дозволи за линиски превоз на патници на територијата на главниот град. Градските власти бараат приватни превозници за линиите „20“ и „22“, при што пакетот на линии ќе им се додели на оние превозници што ќе обезбедат минимум 20 автобуси и 44 […]

Трет ден граѓаните го обиколуваат пола Скопје за да стасаат на работа

декември 7, 2022

Трет ден автобуси на приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ се паркирани на крстосниците кај трговскиот центар „Мавровка“, кај Црвен крст како и на улицата „Илинденска“ кај бараките кај Град Скопје. Сообраќајот се одвива отежнато, а возачите се принудени да менуваат траси на движење за да можат да стасаат на работните места и во училиште. […]

Продолжуваат блокадите во Скопје, сообраќајот и денеска се одвива отежнато

декември 6, 2022

Приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ втор ден по ред протестираат со блокади на повеќе важни сообраќајни точки во Скопје. Нивните автобуси останаа на улица и во текот на ноќта. Како што најавија, таму ќе останат сè додека не почне подмирувањето на долгот што Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) го имаат кон […]

Приватните превозници на протест, сообраќајот во главниот град речиси оневозможен

декември 2, 2022

Работната недела во главниот град започна и завршува со сообраќаен хаос. Превозниците од приватните „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје, овој пат на булеварот „Илинден“, што создаде колони од возила на повеќе улици. Приватните превозници од 6 часот наутро ги блокираа двете крајни десни сообраќајни ленти во двете насоки на […]

Приватниците до петок ќе чекаат исплата на долгот од ЈСП, во спротивно цело Скопје под блокада

ноември 29, 2022

Посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на Скопје доведе до тоа приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ да им остават дополнителен рок од два дена на ЈСП-Скопје и градските власти за да го исплатат наводниот долг што го имаат кон нив. Доколку од денеска до четврток не се постигне договор за исплата со Град […]

Приватните превозници утре со 30 автобуси ќе блокираат дел од Скопје

ноември 27, 2022

Приватните автобуски превозници најавија дека утре ќе го блокираат сообраќајот со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица на крстосницата кај „Мавровка“, на булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“. Протестот и блокадата, како што најавуваат од автобускиот превозник „Слобода превоз“, ќе траат до исполнување на барањата кои превозниците ги имаат до Градот […]

Приватниците не возат, денеска беа на протест пред Град Скопје, најавуваат и блокади

ноември 23, 2022

Возачите на приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ денеска ги паркираа автобусите пред седиштето на Град Скопје на булеварот „Илинден“, барајќи средба со скопската градоначалничка Данела Арсовска. Од денеска ниту еден приватен превозник не сообраќа на градските и приградските линии од јавниот превоз. Поради ова, на постојките и во автобусите на ЈСП се создава […]

Приватните автобуски превозници најавија блокада на скопските улици и тужби

ноември 22, 2022

Приватните автобуски превозници, кои вчера повторно беа критикувани од скопската градоначалничка Данела Арсовска, денеска повторно побараа средба со неа за да ѝ ги презентираат нивните аргументи. Порачаа дека ако не дојде до разбирање, ќе преземат поригорозни чекори, како блокирање на скопските улици. Директорот на „Слобода превоз“ – Ленин Јовановски порача дека околу милион евра, колку […]

Нема договор меѓу „Слобода превоз“ и Град Скопје, приватните превозници се закануваат со протести

ноември 21, 2022

По денешната средба меѓу „Слобода превоз“ и Градот Скопје, не е постигнат договор за исплата на долгот на градските власти кон приватните превозници. Околу 1 милион евра должи ЈСП-Скопје кон приватните превозници, што доведе до тоа „Слобода превоз“ утрово да прекине со сообраќај на линиите 9, 12, 22, 23 и 45. ЈСП Скопје денеска остана […]

„Слобода превоз“ денеска не вози низ Скопје, ЈСП со автобуси ги заменува на пет линии

ноември 21, 2022

Скопјани утрово повторно имаа проблеми со јавниот превоз поради тоа што на линиите што ги одржува „Слобода превоз“ не возат нивните автобуси. Приватните превозници од „Слобода превоз“ не возат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, кои целосно или во голем дел ги опслужуваат токму приватните автобуси. Претставници на „Слобода превоз“ денеска се на […]

Од утре ќе нема приватни автобуси на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 ако денеска не се најде решение за долгот?

ноември 20, 2022

Од утре „Слобода Превоз“, претпријатието на приватните автобуски превозници во Скопје нема да вози на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, кои целосно или во голем дел ги опслужуваат токму приватните автобуси, ако денеска до крајот на денот не се најде решение за долгот од отприлика милион евра. Ленин Јовановски го обвини ЈСП Скопје […]

Во гаража 77 автобуси на „Макекспрес“, линијата 19 четири месеци не го исполнила обемот на услуги од 80%

ноември 9, 2022

77 автобуси на приватниот превозник „Макекспрес“ остануваат во гаражи. Град Скопје вчера го поништи договорот кој важеше до крај на 2023 година, затоа што според нив, автобусите на линиите број 19, 20, 22, 52 и 54 не ги испочитувале предвидените услови за квалитетни услуги. Од ЈСП велат дека овие линии ќе бидат заменети со нивни […]

Јавниот превоз во Скопје и понатаму во хаос, градот не им исплаќа на приватните превозници

ноември 2, 2022

Приватниот превозник на автобуски јавен превоз „Макекспрес“ и денеска не ги пушти во сообраќај линиите 19, 20, 22, 52 и 54, бидејќи, како што велат, не добиле пари од Град Скопје. Од канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска, пак, обвинуваат дека кај „одредена група на приватни превозници“ регистрирале низа неправилности и поради оваа причина може да […]

Спор меѓу ЈСП и МОН: Нетактичност и политички препукувања на штета на студентите и учениците

октомври 22, 2022

Кој е виновен за (не)субвенционирањето на бесплатниот превоз за студентите и учениците во Скопје? Ова прашање се поставува среде недоразбирањата меѓу Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП – Скопје) и Владата на Република Северна Македонија, со кои ненадејно се доведе во прашање и бесплатниот јавен превоз во главниот град за студентите на државните универзитети што досега непрекинато […]

АНАЛИЗА: ЈСП вози сè помалку патници, а има енормно зголемени расходи [инфографик]

октомври 21, 2022

Протестот на вработените од ЈСП-Скопје и вчерашниот сообраќаен хаос во главниот град е уште еден индикатор за алармантната состојба во која се наоѓа скопскиот јавен превоз. Енергетската криза со енормното зголемување на цените на нафтата и метанот, заедно со силното намалување на бројот на превезени патници со ковид-19 пандемијата, доведува до уште поитна потреба од […]

Автобусите на ЈСП се враќаат на улиците, вработените утре ќе добијат плата

октомври 20, 2022

Советот на Град Скопје денеска на втората вонредна седница, едногласно со 39 гласа „ЗА“, го изгласа ребалансот на градскиот буџет со што ќе се одвојат 133 милиони денари за субвенционирање на ЈСП. Претседателот на Синдикатот при ЈСП, Миќо Стојановски потврди дека трансферот на пари е направен, а вработените утре ќе ја добијат платата. „Работниците на […]

Синдикатите пред ЈСП, Град Скопје пред Влада, плати за вработените нема

октомври 19, 2022

Откако утрово беше прекинат јавниот автобуски превоз во Скопје поради лажна дојава за бомба, денеска беа организирани два протести. На првиот, кој се одржа од 11 часот во автобазата на ЈСП во населбата Автокоманда, претседателите на синдикалните организации заедно со вработените, јавно побараа да им се исплати платата за месец септември. Во спротивно, како што […]

Лажна дојава за бомба од вработен во ЈСП го прекина автобускиот превоз во Скопје

октомври 19, 2022

Поради лажна дојава за рачна бомба поставена во еден од автобусите, испратена од вработен во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП), сите автобуси од градскиот превоз утрово беа повлечени и не сообраќаа. Како што информираа од претпријатието, екипите за антитероризам биле на терен и постепено возилата се вклучувале на линија по претходна соодветна безбедносна проверка. […]

Владата тврди дека нема долг кон ЈСП, Арсовска вели дека бесплатен јавен превоз ќе имало догодина

октомври 18, 2022

Владата попладнево демантира дека имаат долг кон ЈСП – Скопје. Ваквата реакција уследи откако секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров за утре во 12 часот најави протест пред Владата ако не се исплатат 2 милиони евра за бесплатниот превоз на учениците и студентите, а протест за еден час порано најави и синдикатот на ЈСП Скопје […]

Град Скопје: МОН му должи на ЈСП 2 милиони евра за бесплатниот превоз на учениците и на студентите

октомври 18, 2022

Секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров најави протест пред Владата утре точно на пладне ако не се исплатат 2 милиони евра за бесплатниот превоз на учениците и студентите. Ваквата најава дојде откако ЈСП Скопје вчера се закани дека ќе го прекине автобускиот јавен превоз во главниот град ако до утре не им се исплати заостанатата […]

Страна 4 од 10