fbpx
Таг: ЈП за државни патишта

таг: ЈП за државни патишта

Догодина реконструкција на автопатот кај Хиподром, Миладиновци и Петровец

Јавното претпријатие за државни патишта догодина планира да ги реконструира автопатските делници Хиподром - Миладиновци, Миладиновци - Петровец и Петровец - Хиподром. Автопатските влезови во Скопје од исток се со вкупна должина од 28 километри, а за нивната реконструкција се обезбедени средства со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). - Очекуваме во септември/октомври распишување на тендер за...

Автопатот Кичево – Гостивар ќе почне да се гради во 2020 година

Македонската влада планира кон средината на следната година да ја започне изградбата на автопатот Кичево - Гостивар на Коридорот 8. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека во моментов се комплетира проектната документација за првата делница - од Кичево до селото Букојчани, со должина од 12,7 километри. - Тендерот за избор на изведувач очекуваме да биде распишан кон крајот...

За еден месец продадени 5.870 електронски уреди за наплата на патарина

Расте интересот на македонските возачи за новиот систем за електронска наплата на патарина. За само еден месец се продадени 5.870 електронски картички и тагови (Мтаг и Мкард), со кои може на едноставен и брз начин да се плати надоместокот на наплатните рампи долж Коридорот 10. - Патниците кои веќе имаат купено електронски уреди се повеќе од задоволни, со образложение дека...

Патарината „Глумово“ ограбена откако илјадници возила се вратија во Скопје од продолжен викенд

Наплатната рампа „Глумово“ на автопатот Скопје - Тетово рано утрово била ограбена од засега непознати разбојници. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), во 4:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патарината „Глумово“ две лица со закана со оружје извршиле разбојништво, при што го одзеле дневниот промет. Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на...

Објавен тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

Јавното претпријатие за државни патишта денеска го објави тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Станува збор за првата подделница, од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце, во должина од 2 километри. Краен рок за доставување на понудите од градежните компании е 4 септември, по што ќе се бира најповолен изведувач. Доколку успешно се спроведе...

Ќе има ли промена на трасата на идниот автопат Требеништа – Струга?

УНЕСКО бара една работа, а надлежните државни власти засега преземаат минорни мерки околу проектот за изградба на автопатот Требеништа - Струга. Во точката 7 од Конечната одлука на Комитетот за светско наследство на 43. Седница на УНЕСКО што се одржа во Баку се вели дека државата не направила соодветна проценка на севкупното влијание на овој автопат врз исклучителната универзална...

Од 2022 година на сите автопати ќе има „интелегентен видео надзор“

И покрај тоа што контролниот центар на Јавното претпријатие за државни патишта во Петровец веќе е пуштен во употреба, контролата со камери засега е воспоставена единствено на патарините. На автопатот Демир Капија - Смоквица се врши видео мониторинг на сообраќајот, но со посебен контролен центар лоциран во Неготино. Од ЈП за државни патишта за „Мета“ велат дека имплементацијата на...

Охрид – Свети Наум: Проект за реконструкција, а не за проширување на стариот пат

Наместо да се гради нов експресен пат, државата се одлучи да се пренасочи кон реконструкција на постојниот пат Охрид - Свети Наум. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета“ велат дека до крајот на 2019 година ќе се избере најповолен понудувач за изработка на проектна документација за реконструкција на постојниот пат Охрид - Свети Наум. - По комплетирање на...

Aвтопатот Тетово – Гостивар годинава ќе добие проект за реконструкција и проширување (инфографик)

Дупки на коловозот, нерамен асфалт и немање можност за застанување со возилото на помошна лента. Ова е постојната слика на автопатот Тетово - Гостивар, кој е воедно и еден од најфрекветните патишта во земјава. За минување по оваа делница граѓаните за своите автомобили плаќаат по 60 денари во еден правец, а за возврат добиваат автопат што се наоѓа во...

За 2 недели продадени 3.600 смарт картички и тагови за плаќање патарина

Расте интересот на македонските возачи за новиот електронски систем за наплата на патарина. Во изминативе 2 недели се продадени речиси 3.600 бесконтактни смарт - картички и тагови, информира за „Мета“ директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Тој очекува да продолжи зголемувањето на бројката на продадени уреди за плаќање. Уште поголем раст се очекува по воведувањето на...

Автопатот Кичево – Охрид ќе се гради забрзано – Кинезите дадоа амин и 380 милиони евра

Изградбата на автопатот Кичево - Охрид забрзано ќе продолжи во наредниов период, а половина од делницата во делот меѓу селото Врбјани и Охрид ќе се направи напор да се заврши следната година. Ова денеска го потврди министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој посочи дека кинеската Ексим банка им ставила на располагање на македонските власти вкупно 380 милиони...

Продадени 1.400 тагови и картички за електронската наплата на патарините

Македонските возачи купиле околу 1.400 тагови и картички за електронска наплата на патарините во првата недела по официјалниот старт на овој проект. Околу 40 отсто од продадените уреди се микробрановите транспондери (тагови) што чинат 1.200 денари, додека останатите 60 отсто се бесконтактните смарт - картички што можат да се набават за 100 денари. На патарините долж Коридорот 10 веќе...

Преку патарините плаќаме за кредитите, каматите и провизиите за автопатите (видео + инфографик)

video
И покрај тоа што ги имаат едни од најниските плати во Европа, македонските граѓани сепак плаќаат многу скапи патарини. Надоместокот за извозен километар со автомобил изнесува 2,6 денари, а усвојувањето на новата цена на патарината во 2014 година беше оправдано од ВМРО - ДПМНЕ со тврдењето дека светската економска криза завршила и висината на надоместокот мора да се зголеми...

Новата наплатна рампа кај Гевгелија ги разгневи жителите на околните села

Локалното население од гевгелиските села Миравци, Смоквица и Прдејци бараат да бидат ослободени од плаќање патарина на новата наплатна рампа, која треба да се пушти во употреба наредниве денови. Жителите кои секојдневно патуваат по автопатот до Гевгелија и назад сметаат дека патарината во износ од 100 денари во еден правец ќе претставува голем финансиски товар за нив, а во...

Анѓушев: Спорно е финансирањето на доизградбата на автопатот Кичево – Охрид

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска од Охрид рече дека владата чека на одобрување нова транша од кредитот од кинеската Ексим банка за интензивирање на изградбата на автопатот Кичево - Охрид. - Тоа што се очекува сега да се случи е да продолжи кредитирањето од Ексим банка кое престана на 15 јануари. Финансирањето е спорно и тоа не зависи...

Две јавни претпријатија ќе ги бројат возилата што се движат на патиштата

Покрај тоа што ЈП „Македонија пат“ со години наназад ја утврдува фреквенцијата на возила на македонските патишта, Јавното претпријатие за државни патишта од годинава и самото ќе ја мери бројката на возила. Рачното броење на сообраќајот во наредните 12 месеци ќе се врши со мобилни бројачи, за што е склучен договор со Заводот за испитување на материјали и развој на...

Патарините се мал дел од инвестициите – патиштата ги градиме од кредити (инфографик)

Најголем дел од средствата што се инвестираат во патната инфраструктура во земјава се средства добиени од кредити. Дури 57,4% од средствата во годинешниов буџет на Јавното претпријатие за државни патишта се позајмувања од кинеската Ексим банка, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Светската банка (СБ) и Европската инвестициона банка (ЕИБ). Наспроти нив, само 15,4% од вкупните приходи планирани...

Првите 22 милиони евра од кинескиот кредит за автопатите треба да се платат во јули

Кинеската Ексим банка во јули ќе ја испорача за плаќање првата рата во висина од 22 милиони долари од кредитот за изградба на автопатите Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид. И двата автопати доцнеа со рокот за изведба како последица на нерешената експропријација на земјиштето и пропустите во проектната документација. Автопатот Миладиновци - Штип беше пуштен во употреба пред...

Над 41 милион возила лани платиле патарина на нашите автопати

Јавното претпријатие за државни патишта лани успеало на минимум да го сведе неплаќањето патарина на автопатите низ земјава. Во 2018 година на наплатните рампи патарина платиле 41.133.515 возачи, односно за речиси 10 милиони повеќе во споредба со 2014 година. Ланскиот процент на наплата на патарината достигнал 97 отсто. Неплаќачите се ловат на камери и врз основа на регистарската табличка на...

Приходите од патарините пораснале за 130% во последните осум години (инфографик)

Патарините се златната кокошка на Јавното претпријатие за државни патишта. Во последните 8 години приходите од патарини пораснале за 130%. Откако се зголеми цената за овој надоместок во јули 2014 година, ова претпријатие бележи забрзан раст на средствата што ги добиваат од граѓаните за користење на автопатите. За само 5 години, финансиите од наплата на патарина се зголемени за...

Матурантите договараат ресторани за прослава, но и учат за матурскиот испит

Откако наставата се нормализира во последниве недели после лажните дојави за бомби, матурантите се подготвуваат за претстојните прослави, но и за полагање на испитот на зрелоста. Годинава за прв...