fbpx
Таг: јавнообвинителство

таг: јавнообвинителство

Основен суд Скопје 1: „Бомбите“ не можат да бидат докази

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 на денешната седница донел решение да ја отфрли жалбата на Основното јавно обвинителство за „бомбите“ да можат да се користат како доказен материјал. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на денешната седница донесе решение со кое жалбите на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенијата на судија на претходна постапка...

Јавното обвинителство почна истрага за престрелката во Дреновац

По добиената кривична пријава за вооружениот инцидент во тетовската населба Дреновец, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. „Во кривично-правниот настан што се случил во саботата околу полноќ, учествувале шест лица поделени во две групи, кои со пиштоли и со ножеви се обиделе да ги расчистат меѓусебните недоразбирања. Осомничени се...

Локвенец: Во УБК има повеќе наредби за прислушување отколку што кажува Обвинителството

Бројот на издадените судски наредби, објавен од Јавното обвинителство во извештајот за примена на посебните истражни мерки во 2014 година, не соодветствува со бројот на судските наредби за 2014 година евидентирани во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), изјави на денешната прес-конференција пратеникот и претседател на собраниската комисија за надзор над работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање,...

Анестезиолозите од гевгелиската болница биле пијани

Двајцата лекари анестезиолози што биле дел од тимот, кој со оперативен зафат требало да ја породи жената што заедно со новодоренчето почина во гевгелиската болница, биле во алкохолизирана состојба, покажала анализата на крвта, извршена од Министерството за внатрешни работи (МВР), соопшти денеска Јавното обвинителство. Анализата на крвта на двајцата анестезиолози покажала присуство на 1,23, односно 1,75 промили алкохол во крвта. „Донесена е наредба...

Трајанов бара собраниска расправа за Извештајот за посебни истражни мерки

Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, доставил предлог Извештајот за посебни истражни мерки за 2014 година на Јавното обвинителство да биде разгледан на наредната седница на Собранието. „Трајанов смета дека се работи за извештај за кој има огромен интерес кај граѓаните, особено од аспект на примената на посебните истражни мерки, можно кршење...

Обвинителството бара да се одблокира сметката на „Макпетрол“

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на предходна постапка денеска доставило предлог да биде одблокирана сметката на „Макпетрол“ и на „Оилко“, бидејќи, како што соопштуваат, по доплнителните докази, прибавени вчера била утврдена „потребата од ослободување на сметките на друштвото со цел овозможување непречена работа“. „Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи по допрен глас (информации објавени во медиумите) во текот на вчерашниот...

Обвинителството го стави под лупа задолжувањето на Општина Битола

Задолжувањето на Oпштина Битола со кредит поголем од 2,5 милиони евра, од Светска банка, за инфраструктурно уредување на поранешната касарна, каде во тек е изградба на станбено-деловни објекти, ставено е под лупа на Основното јавно обвинителство во Битола. Оваа информација за „Мета“ ја откриваат извори од Обвинителството, со напомена дека, наводно, ова е само проширување на истрагата, односно на предметот што Обвинителството го...

Триесет дена притвор за деветмината уапсени во акцијата „Ќелија“

Судија на претходна постапка вчера, по сослушувањето, на деветмината приведени во полицискаката акција „Ќелија“ им одредил притвор од 30 дена, соопшти Основниот суд Скопје 1. За другите 27 осомничени, по кои сè уште се трага, судијата издал наредба за приведување, по што ќе се одлучува по предлогот на Јавното обвинителството за организиран криминал и за корупција да им се одреди...

Интернет-страницата на Обвинителството повторно во функција

Интернет-страницата на Јавното обвинителство повторно е во функција откако попладнево беше хакирана од групата „./UnIX“. На страницата јорм.орг.мк (jorm.org.mk) беше поставен аниме-цртеж, со испишан текст „Среќен ден на независноста Индонезија“ (Happy independce day Indonesia). Освен фотографијата и текстот, беше вметнат и говор на индонезиски јазик, а по него се слушаше и песна на локален индонезиски дијалект. Хакирањето за „Мета“ го потврдија и...

Хакирана интернет-страницата на Обвинителството

Интернет-страницата на Јавното обвинителство од попладнево е хакирана од групата „./UnIX“. На страницата јорм.орг.мк (jorm.org.mk) се појави аниме-цртеж, на кој е испишано „Среќен ден на независноста Индонезија“ (Happy independce day Indonesia). Освен фотографијата и текстот, вметнат е и говор на индонезиски јазик, а по него се слуша и песна на локален индонезиски дијалект. Хакирањето за „Мета“ го потврдија и од Јавното обвинителство.

Поднесено обвинение за сообраќајката кај трговскиот центар „Зебра“

Скопското јавно обвинителство ја звршило истрагата за сообраќајната несреќа што се случи минатиот месец, а во која животот го загуби Сузана Тодоровска-Павловска, новинарка во Македонското радио, и поднело обвинителен акт против, сега веќе, обвинетиот за несреќата, соопшти Јавното обвинителство. „По завршената истрага, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело...

Тројца српски државјани загинаа во сообраќајка кај Гевгелија

Тројца српски државјани ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа што утринава околу 7 часот се случила кај Гевгелија, соопшти Јавното обвинителство. „Во тешката сообраќајна несреќа учествувале две возила, при што едно од возилата удрило во метален столб за вертикална сигнализација. При тоа од настанатите повреди починаа три лица“, стои во соопштението на Јавното обвинителство. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно...

Обвинителството ги истражува убиството во Козле и смртта на детето во Гостивар

Мајката и синот, кои утрово беа пронајдени мртви во стан во скопската населба Козле, со прострелни рани во главите, биле жители на турскиот град Бурса и привремено престојувале во Скопје, соопшти Јавното обвинителство. „Надлежниот обвинител издаде наредби за подигнување траги од местото на настанот за потребни вештачења, како и за вршење обдукција на починатите. Обвинителството ќе продолжи со преземање на...

Обвинителството ја продолжува истрагата за Диво Насеље

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во досегашното расветлување на настанот од 9 мај годинава, кој се случи кај кумановско Диво Насеље, прибра дел од доказите, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство. „Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација на осомничените, која ја спроведуваше преку меѓународна правна помош. Преку меѓународна правна помош е почната...

Обвинителството се јави со детали од истрагата за „бомбите“

Јавното обвинителство денеска, како реакција на наводите дека постапува селективно или воопшто не постапува по предметите од „бомбите“ што изминатите неколу месеци ги објавуваше опозцијата, во поопширно соопштение информира за текот на истрагата, односно дека „ги преземат сите потребни дејства за да се утврди постоењето на елементи на сторено кривично дело и да се лоцира евентуалната кривична одговорност“. Оттаму велат...

Јавното обвинителство е нетранспарентно, а специјалниот обвинител во најава – нејасен

Граѓанските здруженија организирани во платформата за борба против корупцијата, реагираат на нетранспарентниот и игноратски однос на Јавното обвинителство околу прашањата за истрагата за наводните злоупотреби, незаконити постапувања и корупцијата и нарушувањето на човековите права што произлегуваат од прислушуваните разговори, кои опозицијата ги објави изминатиот период, и прашуваат дали воопшто се води истрага за овие наводи. Платформата денеска преку соопштение упати уште...

Обвинителството нема коментар на барањето на МКГ за меѓународна истрага за Куманово

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција секојдневно презема мерки и активности во врска со настаните што се случија во Куманово при спроведување на полициската акција. Со оглед на обемноста на доказниот материјал, истражна постапка е во тек. Обвинителството во интерес на истрагата не може да споделува детали. Во моментот кога ќе се создадат услови, јавноста ќе...

ЛГБТИ: Мораториум и за Јавното обвинителство

Денеска во 1.15 часот, пред објектот на Основното јавно обвинителство, ЛГБТИ-активистите ќе одржат протестен говор. Како што се вели во објавата за настанот на социјалната мрежа, активистите ќе прогласат мораториум поради неуспешно решавање на нападите врз ЛГБТИ-Центарот за поддршка. „Истрагата можеби сè уште е во тек, но ние веќе не ја признаваме оваа институција за легитимна“, пишува во соопштението на...

Утврден идентитетот на изгорената жена во Градски парк

Министерството за внатрешни работи (МВР) извршило идентификација и го утврдило идентитетот на жената, чие изгорено тело вчера попладне беше пронајдено во Градски парк во Скопје, соопшти Јавното обвинителство. Станува збор за 45-годишна скопјанка со иницијали Р.С. Како што информираат оттаму, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје вчера извршил увид на местото каде било пронајдено безживотното тело и бил подигнат доказен...

Поднесен обвинителен акт за случајот „Чекан“

Надлежен јавен обвинител денеска до Основниот суд Скопје 1 поднел обвинителен акт против десетмината уапсени во полициската акција „Чекан“, кои се товарат за злосторничко здружување, изнуда, перење пари и за лихварство. „Криминалната група во која биле обвинетите, почнала да дејствува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување противправна имотна корист со извршување...

Мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно...