fbpx
Таг: Јавно обвинителство

таг: Јавно обвинителство

Притвор за скопјанец кој ја претепал партнерката со клоци и со шамари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел oбвинителен предлог против 46-годишен скопјанец за кој постојат основани сомненија дека ја претепал својата вонбрачна партнерка, односно ја удирал со шлаканици по лицето и главата и со клоци во пределот на екстремитетите, на бедрата и кај градниот кош. Од ударите, жената се здобила со тешки телесни повреди набиеници, подливи и мултифрагментарна скршеница...

Притвор за жител на Ресен под сомнение дека силувал шестгодишно девојче

Основното јавно обвинителство Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Според соопштението на обвинителството, постои сомнение дека ресенчанецот на 2 јуни извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со...

Обвинение за две лица – со лажни исправи ќе регистрирале полициски синдикат

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднел обвинителен предлог против две лица. Според обвинителството, на 6 март, во простории на СВР Велес, првообвинетиот 42-годишен велешанец измамил две лица, наведувајќи ги да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш сè уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија. Ваквите...

Обвинителен предлог за двајцата што се обидоа да прават див паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставило предлог за продолжување на определената мерка притвор за првиот обвинет од двајцата, кои се обидоа да прават див паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“. За второто обвинето лице на сила се определените мерки на претпазливост.​​ Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека поднеле обвинителен предлог против двете лица за кривичното дело – узурпација...

Притвор за двајца македонски државјани за шверц на 105 килограми кокаин

Jавниот обвинител побарал притвор за четворицата македонски граѓани за кои постои сомневање дека биле дел од меѓународната мрежа за шверц на 150 килограми кокаин запленет во Солун. Од обвинителството известија дека судијата на претходна постапка делумно го прифатил предлогот на обвинителството и на двајца од осомничените им определил мерка притвор во траење од 30 дена, додека за двајца определил...

Јовески: Во земјава сè помала е возрасната граница на сторители на тешки кривични дела

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, изразува длабоко жалење и со загриженост ги следи настаните во соседна Република Србија, каде во оружени напади во претходните денови беа убиени повеќе лица, соопшти Јавното обвинителство. Истовремено, Јовески предупредува дека во земјава има тренд на намалување на возрасната граница на сторители на тешки кривични дела. Јовески побара поефикасна контрола на оружјето...

Јавното обвинителство лани решило три случаи за напади на новинари

Јавното обвинителство во 2022 година на територијата на целата држава се евидентирани четири случаи поврзани со напади врз новинари, од кои три се решени, соопштија од обвинителството, по повод 3 Мај, Денот на слободата на медиумите. ОЈО Гостивар постапувало против едно лице за физички напад врз новинар со секира, а по поднесеното обвинение изречена е пресуда за кривичното дело –...

Советот на јавни обвинители ќе ја достави до Етичкиот совет изјавата на Ленче Ристоска

Ленче Ристоска е обвинителка и таа треба како обвинителка да ги знае постапките, односно требало, исказите нејзини за наводно тргување со влијанија, да ги поткрепи со факти. Ова денеска го соопшти Антонио Јолевски, претседателот на Советот на јавни обвинители, по изјавата на Ристоска која кажа дека ова тело, од формирањето во 2008 досега, потфрлило во исполнувањето на примарната функција,...

Притвор за тетовец кој ја тепал и ја држел заклучена во соба невенчаната сопруга

Основното јавно обвинителство Тетово, поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои сомнение дека сторил продолжено кривично дело – телесна повреда од член 130 и кривично дело – противправно лишување од слобода согласно член 140 од Кривичниот законик. „Почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19 годишна жена со која живеел во...

Притвор за тетовец осомничен дека силувал 14-годишно девојче

Тетовското јавно обвинителство донело Наредба за спроведување истрага против 19-годишник за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, според член 188 од Кривичниот законик. Според обвинителството, осомничениот на 12 април годинава, во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово, со употреба на сила и закана силувал 14-годишно девојче. Тој, заедно со уште едно...

Погребано детето кое почина откако беше искасано од кучето на соседот, истрагата е во тек

Тече постапката пред надлежните институции за смртта на осумгодишното дете од скопската населба Пинтија, кое беше искасано од соседско куче од расата „булмастиф“. Денеска беше извршен погребот на момчето, а две од вкупно три кучиња вчера беа одземени од сопственикот. Станува збор за женка од 12 години од расата англиски булмастиф и мажјак, стар две години, од истата раса. Нападот, според...

Во бегство е осомничениот за убиството во казиното кај Млечен ресторан

Во бегство е осомничениот 44-годишен скопјанец за убиството на 31 март годинава во казино на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај Млечниот ресторан, соопшти Јавното обвинителство. Од обвинителството велат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. „Бидејќи тој во моментот е недостапен на органите на прогонот, доколку биде...

Предложен казнен налог за повреда на угледот на поранешната амбасадорка на САД

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднело Предлог за издавање на казнен налог против 40-годишен тетовец, кој се товари за кривично дело „Повреда на угледот на странска држава“ по член 181 од Кривичниот законик, соопштија од Јавното обвинителство. Обвинетиот, преку коментар со вулгарна и навредлива содржина на социјалната мрежа Фејсбук, на 12 април минатата година ја изложил на подбив...

Јовески: Приоритетни задачи за обвинителите се ефикасноста, отпорноста кон притисоци и транспарентноста

По повод 31 Март - Денот на правосудството, Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески упати порака до сите јавни обвинители во државава, во која ги наведе ефикасноста, отпорноста кон притисоците и влијанијата и транспарентноста како нивни приоритетни задачи. „Роковите за постапување мора да се почитуваат и да нема неоправдано одолговлекување на постапките. Граѓаните од нас очекуваат правда во разумен рок. Ја...

Кривични пријави против 10 лица за силување малолетничка и изготвување порнографски материјал

Десет лица од Скопје, Велес и Тетово се осомничени за трговија со дете, производство и дистрибуција на детска порнографија и полова злоупотреба на немоќно лице. Јавното обвинителство соопшти дека поради страв од опасност од бегство, влијание врз сведоци или уништување на докази, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осуммина, додека за...

Јовески: Обвинителството сослушува сведоци за смртта на Јана, се чека наодот од обдукцијата

Битолското обвинителство обезбедува докази за случајот со смртта на шестгодишната Јана Христова, која минатата среда почина во битолската болница, откако била однесена со симптоми кои, според родителите, наликувале на настинка. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека обвининителството сè уште не ги добило наодите од обдукцијата. „Јавниот обвинител од надлежното јавно обвинителство Битола ги презема неопходните мерки и обезбедува...

Јавното обвинителство и МВР потпишаа протокол за соработка

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со посредство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпишаа Протокол за соработка со кој се уредуваат клучни области на заедничкото постапување на двете институции. Протоколот е изготвен на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Според Јовески, потребно е дополнително...

Се прегледуваат околните камери и се разговара со очевидците, по синоќешното двојно убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска издал повеќе наредби за да се расчисти синоќешниот оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија, во кој две лица беа убиени, а едно рането, соопштуваат од Јавното обвинителство. „По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на починатите. Сите обезбедени и подигнати траги и материјални докази од лице...

Поднесено обвинение против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Јавното обвинителство, не наведувајќи ги нивните имиња, информираше дека двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност...

Порталб анализа: Kолкави плати ќе има во министерствата и во судството во 2023 година?

Просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и в година ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари, пак, се намалува просекот во Собранието и во 2023 година ќе изнесува 66.900 денари. Порталб.мк ги рангира платите во министерствата, судството и во агенциите. Поголема бруто плата во министерствата  Во Министерството за образование и наука, каде што просечните бруто...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...